Село Цер, совети за шетање и планинарење

  • Креатор на темата Креатор на темата Vanlok
  • Време на започнување Време на започнување

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.327
Поени од реакции
36.491
http://makedonija.name/municipalities/drugovo/cer

Некој да даде совет кои се убави стази за шетање во околина на село Цер (општина Другово). Одам утре таму а домаќиниве (викендаши трета генерација) појма немаат каде и што има за шетање, па си велам голем е форумов (а мала земјава) може ќе се најде некој да предложи нешто за шетање било каде во општината, и генерално места што вреди да се видат.

Не мора исклучиво природни убавини, добредојдени се и предлози за кафана со добро јадење. ;)
 
http://makedonija.name/municipalities/drugovo/cer

Некој да даде совет кои се убави стази за шетање во околина на село Цер (општина Другово). Одам утре таму а домаќиниве (викендаши трета генерација) појма немаат каде и што има за шетање, па си велам голем е форумов (а мала земјава) може ќе се најде некој да предложи нешто за шетање било каде во општината, и генерално места што вреди да се видат.

Не мора исклучиво природни убавини, добредојдени се и предлози за кафана со добро јадење. ;)

Татко ми влечеше корени од таму... прекрасно село, сум бил неколкупати, ама нажалост во последно време неам појдено од финансиски причини.
Инаку незнам зошто одиш во оваа годишно време, кога сигурно сега има снег на Љубен и Бабасач. Прво појдување, гледај да те однесат на Бориш, таму и преку лето водата е грч ладна, а да не збориме сега :icon_mrgr:. Иако е зима гледај да те однесат и кај базенот, а и горе кај црквичето ќе им кажеш кое се наоѓа позади ридот. Ќе ти требаат одприлика 30 минути да стигнеш до таму, ама кога ќе се искачиш ќе видеш што ти е панорама... :cuc: Не заборавај да го посетиш и гробот на Христо Узунов и неговите војводи. За кафани последен пат кога бев, имаше само три, и сите беа на средсело, ама не се секирај, во сите точат ракија, и кафенце.
Еве придружи се на фб групата на селото
Одамна не сум бил таму, а срце ми плаче и душа ме боли да го посетам местото. Се надевам дека има и други Церани на форумов :)
Гледај да ставиш слики, да го видам моментално како е во селото, чим веќе неможам да појдам :place:

Еве го Лубен, а доле двете куќарки се наоѓаат на средсело, кооперациите :icon_mrgr:

549326_388836957800854_361944572_n.jpg
 
кога би имало вакви теми повеќе на форумов,нема да станам од тука.
Слики и прикаски од нашите преубави села.
Јас многу сакам да одам по било кои села,асфалт ми е доста во животта. Еве летово прв пат бев во село Галичник иако никого не познавам таму,а ни патот не го знаев.
Во Здуње (крај на светот) Порече сум одел,многу одамна,кога требаше цел ден за да се стигне до таму.А и во сите други поречки села сум шетал,кои сега се наоѓаат овде во околинава,а таму само по некои старци,ако воопшто и ги има,не сум бил 30 години.
Сум ги доста прошетал и Осоговските,Малешевските и Плачковичките села.
Е само Мариово не ми е познато,незнам како тоа и да не сум натака отишол,кога пак скоро сите пелагониски села ги познавам.
Е зашто има малку јавувања и членови од селава не ми е јасно,дали нема интернет.
А овој правец - Демир Хисар,сум бил неколку пати,преубава природа.
 
во Цер бараш кафана со добро јадење?:pos::pos::pos:
во Цер 10тина души ако живеат...каква кафана....не знам кај замислуваш дека одиш, ама ај не се разочарувај
 
Tатко ми е од Цер, ова не е Лубен туку Крачунец :)
--- надополнето: 14 февруари 2014 во 19:46 ---
Горе имаш прекрасна чешма наречена Бориш
 
Последно уредено од модератор:
Убаво од каде е фотографирано? Приватна куќа или ресторанче, мотелче... ???
 
Убаво од каде е фотографирано? Приватна куќа или ресторанче, мотелче... ???

Црквиче е ова, ако не си го посетил селово, тогаш незнам како да ти објаснам каде се наоѓа. Ај еве преку Google Earth направив слика, таму кај што е црвената стрелкичка, од таму е сликано :))))))

2r7x6wo.jpg



Еве повеќе слики од Цер
10170886_287341721428842_6540711826067433351_n.jpg


10271517_287341511428863_7605726012483926224_n.jpg


10429437_10202455727540053_5353844226703553856_n.jpg


10390400_1447207592204102_6981813590498483492_n.jpg


10177866_10202087764060054_5507707023372367043_n.jpg


1538830_4221029421325_7927714756035130668_n.jpg


1526308_10151983168235826_7514028416723534589_n.jpg


1240627_711932528822492_989241834_n.jpg


165447_10200118223346510_1013161926_n.jpg


644605_10200118216146330_725379588_n.jpg


539227_426093537426772_163521501_n.jpg


484973_10150589747665826_781229091_n.jpg
 
Случајно налетав на видеото

[DOUBLEPOST=1406396834][/DOUBLEPOST]А ова е видеото од истражи ја Македонија

 
Цер и Црско биче српско-така зборуваат србоманите во Кичево:vozbud:


Едно време во комунистичкото,све што беше директор во Кичево беше од Цер,и тоа е некоја варијанта на влашкото и мијачкото лоби.

Цер има огромно поле кое за жал е суво поле(така и се вика) бидејќи онаа реката што ја гледате на погорните слики е понорница т.е. на неколку стотини метри под селото ја снемува и излегува кој знае каде.

На времето имало проект за градење на брана и хидро систем,но е стопиран од властите во Скопје,од причини- несфатливи и се во доменто на шпекулации и затоа нема да ги пренесам.

Ова место е последната зона на влијание на егејското море,и климата во ова село е многу различна од било кое друго кичевско село(еден од `симптомите` е присутноста на црниот јасен).

Пред неколку години Гранит го затвори и рудникот за мермер кој како така го одржуваше во живот ова село.Иначе сите околни планини како и Лубен се составени од мермер.

Засега единствено нешто што го има е бачилото на фирмата `Бистра` -Нов дом кои чуваат поголем број на стока и ги работат околните ниви за снабдување со сточна храна.Да не се тие,слободно можи да се кажи дека селото ќе се испусти
 
На денешен ден, пред 110 години во село Цер заедно со сите свои соборци загина големиот македонски револуционер Христо Узунов. Заедно со него загина и кичевскиот војвода Ванчо Србакот од село Вранештица. Гледајќи дека се во безизлезна ситуација и сакајќи да го спасат Цер од палење и убивање, комитите се самоубиле. Командантот на турската војска ги донел сите свои војници за да видат како изгледаат правите јунаци. Потоа наредил во нивна чест да се испука почесен плотун.
Нека ви е вечна славата!


Уште неколку слики од селото :)

10410769_10152701439650826_1006550367857360914_n.jpg


599348_4391554756725_1532321157_n.jpg


11022561_871746939548990_7209900344852289345_n.jpg


10485358_4423708448174_5694558837984400442_n.jpg
 
Ееееее Цер, легендарно село. Сигурно едно од најкомитските села во кичевско и демирхисарско. Страшна убавина во околината и преубави планини, и безброј легенди. Штета што имав премалку време и не можев да се задржам во селото повеќе време, да позборувам поопширно со постарите жители за историјата на селото. Али здравје на лето во план ми е една прошетка низ Железник, Дебарца и Копачка, правење фотки на селата и собирање многу информации за постанокот на селата, историјата, родовите и многу други информации, а има огромни информации што може да се добијат во овие три региони. Се надевам ќе успеам да ја остварам оваа идеја. А сега некои фотки од мене :cool:



Поглед на селото
48395182_315484615843896_8724386442962272256_n.jpg

Гробовите на паднатите комити во селото
48407006_347999886017570_6865617772273991680_n.jpg
48411718_305199663535300_6759602998562783232_n.jpg 48384691_732940707086171_4986117453361709056_n.jpg 48364168_263789867625786_7800170804406124544_n.jpg
48413023_307143733254598_1778505846574022656_n.jpg


Црквата во селото и гробиштата
48423356_1800429063420066_5507708881767235584_n.jpg 49914776_340072139924765_1582850956456886272_n.jpg
 
Ееееее Цер, легендарно село. Сигурно едно од најкомитските села во кичевско и демирхисарско.

Еве уште еден споменик на Церани (и останатите комити од околните села) кои го дале животот за кичевско-демирхисарскиот регион. Загинале на 4 Август 1903 година на местото наречено Ѓурѓејца во битка против башибозукот...

Ова е постара слика, денес убаво се читаат сите имиња на загинатите.

48888967-jpg.181318
[DOUBLEPOST=1547679337][/DOUBLEPOST]395362_3376418093987_983838587_n.jpg

338355_3376328491747_589603935_o.jpg

5790_10209141579596976_1339624509845813714_n.jpg

10485358_4423708448174_5694558837984400442_n.jpg
 
Последно уредено:
Лично го имам сликано споменикот во Кладник, сега е многу појасен, преуреден е. Само ми беше глупо да го постирам, зошто не е од Цер.
48393019_2868414866518115_8414418343972306944_n.jpg


Сликите се многу убави, за жал, како што спомнав и погоре немав време да се задржам подолго во селото, иначе сигурно ќе прошетав на повеќе места во околината на селото, дури не го сликнам ни споменикот на Анѓеле војводата, водачот на Брсјачката буна.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom