Итни барања за донирање крв

  • Креатор на темата Креатор на темата AlternativeF
  • Време на започнување Време на започнување

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
За жал сѐ почесто гледам барања за донирање на крв, оваа тема ја отварам за овде да се постираат сите барања кои се актуелни.
Постирајте ги сите барања за донирање на крв на темава и пишете ми приватна порака, ќе го менувам насловот соодветно со барањата.
 
Од аспект на привлекување внимание (а тоа е целта, нели), можеби е подобро за секое барање да се отвара нова тема. Така барањето ќе го има листано во... Нови Теми, место кое е многу поучливо и повеќе се прегледува од тема во под-под-форумот Хуманитарни Акции.
 
Се замолуваат сите хумани луѓе кои ја имаат наведената крвна група а се од Прилеп и се спремни да даруваат крв да го направат тоа во транфузионото оделение на болницата во Прилеп во текот на утрешниот ден. Се работи за човек на кој треба да му се изврши сложена хирушка интервенција при која се очекува истиот да загуби поголема количина на крв. Хирушката интервенција веќе е одложена еднаш поради немање на доволни количини на крв од наведената крвна група и веќем е опасно да се одложува уште еднаш.

Телефон на роднина од лицето:

075 259 280

ако се потребни некои информации.
 
Нулта позитив не можи ?
Не може, тоа е различна група на антигени и антитела, ќе настане слепување и речиси сигурна смрт.

Општо познато е дека 0- е универзален донор а АБ+ е универзален примач но тоа денес ретко се прави, единствено ако се случила сообраќајка, нема никаде информации за крвната група а нема време за чекање. Обично се гледа од истата крвна група да се прими крв. Б+ е прилично честа група, не би требало да имаат проблем со донација.

types-of-blood-blood-donors-blood-acceptor.jpg
 
Не сфатив зошто не можи да прими кога нулта позитив дава на Б+ ама во ред.
Се надевам шо побрзо ќе најдат.
 
Не сфатив зошто не можи да прими кога нулта позитив дава на Б+ ама во ред.
Се надевам шо побрзо ќе најдат.
Лоол грешка го срочив постот, каков феил. Застарена "технологија" е тоа друже, во осумдесетите се правеше така, сега се гледа истата да е.
 
Јас сум Б негатив, ако треба пишете!
 
Јас сум Б негатив, ако треба пишете!
Јави се и прашај дали е итно и како би се транспортирала, пошто јас имаше случај за во Струмица од Штип нејкеа да ја транспортират крвта.
 
Јас сум Б+, и едно другарче исто. Се јавив на мобилниот, рече да се консултира прво со трансфузиологија Прилеп, ако има начин од Скопје да се пренесе крвта до Прилеп, ќе средиме работа. :) Ако бива, ќе пишам, па ако може некој нека даде крв на трансфузиологија во Скопје.

п.с. А зашто едноставно не пратат од Скопје крвни единици ?
 
Последно уредено:

Оти здравствово ни е гомненици :)
 
И јас сум Б+, ако има начин да се транспортира од други градови, известете ме.
 
п.с. А зашто едноставно не пратат од Скопје крвни единици ?
Ако бевме нормална држава ќе си повлечеа крв од било која и да е болница каде има залиха без да има вакви акции. Мислам нема теорија да во цела држава нема неколку единици од некоја крвна група па за сите случаи мора да се реагира на ваков начин... :(
 
И јас сум Б+, ако има начин да се транспортира од други градови, известете ме.

Нема ништо, не ме побара дечкото повторно.. не бива изглеа.[DOUBLEPOST=1438729296][/DOUBLEPOST]
Ако бевме нормална држава ќе си повлечеа крв од било која и да е болница каде има залиха без да има вакви акции. Мислам нема теорија да во цела држава нема неколку единици од некоја крвна група па за сите случаи мора да се реагира на ваков начин... :(

И ако недајбоже почине човекот, чекајќи 2-3 кесички Б+ крвна група... на која институција ќе треба неговите блиски да фрлат бомби ? :)
 
https://porta.mk/za-nasiot-andrej-potrebna-e-krv/

Ги известуваме сите добронамерни луѓе кои припаѓаат на крвната група (нулта позитив) 0+ да даруваат крв за нашиот Андреј Трипуноски од Кичево кој е на возраст од 5 годинки.
Место: Државна Болница на Трансфузиологија во Скопје најдоцна до утре 22.02.2018 – 09:00 часот на утро.

Телефон за контакт: 071/224-036

Ви благодариме од срце за вашата хуманост, ние искрено се надеваме дека Андреј ќе ги надмине своите тешкотии за непречен развој!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom