Совети за патување од човекот кој посетил 198 земји

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Срање е, освен најпознативе градови ништо нема.

Само бумбари да се јаделе бе :facepalm:
Јас најдлабоко се извинувам што се осмелив да поставам линк до апликација која има база од 140 светски градови притоа вклучувајќи хотели, ресторани, јавен превоз, а сепак ги нема Дрслајца, Горно Дупени и Младо Нагоричане. Ќе гледам следната што ќе ја постирам да ги содржи сите овие места.
Дотогаш, кога ќе се враќаш дома-ти, пробај со следнава метода за ориентација: Застани сред село, викни „Митрооооооу, дека е ќенефо, фана ме (вербален) пролив“, и сигурно три желни комшики ќе излезат на прозор да ти ги дадат точните кординати на тоалетот.
 
Само бумбари да се јаделе бе :facepalm:
Јас најдлабоко се извинувам што се осмелив да поставам линк до апликација која има база од 140 светски градови притоа вклучувајќи хотели, ресторани, јавен превоз, а сепак ги нема Дрслајца, Горно Дупени и Младо Нагоричане. Ќе гледам следната што ќе ја постирам да ги содржи сите овие места.
Дотогаш, кога ќе се враќаш дома-ти, пробај со следнава метода за ориентација: Застани сред село, викни „Митрооооооу, дека е ќенефо, фана ме (вербален) пролив“, и сигурно три желни комшики ќе излезат на прозор да ти ги дадат точните кординати на тоалетот.
За вакви патувања баш не требаат вакви апликации кои што не вклучуваат помали гратчиња, села, места заборавени од господ итн. Мислам дека сфатливо е што сакав да кажам.
 
За вакви патувања баш не требаат вакви апликации кои што не вклучуваат помали гратчиња, села, места заборавени од господ итн. Мислам дека сфатливо е што сакав да кажам.
Јас не гледам никаде да е напишано дека се работи исклучиво за патување во зафрлени места. За тие потреби сигурна сум дека ќе си најдеш соодветна апликација, а секако нема причина да ја исплукаш оваа тврдејќи дека е
Факт е дека апликацијата е прилично корисна бидејќи ги има сите поголеми европски градови и е соодветна за потребите на голем број луѓе.
 
Ама ако имате осетлив стомак и не ги поднесувате добро промените на клима/храна, подобро е да си се држите кон „традиционалната“ и веќе испробана исхрана :)
Колку и да сакам да пробам, никогаш не би пробал морски плодови некаде на страна. Имам чувство дека ќе си го поминам одморот на шоља.

Да и тоа е добар совет. Додека се навикнеш на мирисите на храната најдобро е да јадеш нешто што ти е познато. На почеток тие зачини може да предизвикаат гадење и буквално некаде да гладувате. Јас сум таков случај ми треба адаптација, али храна која не ја јадам ни во Македонија не ја јадам никаде од типот на морска или азиска храна.
 
Немојте премногу да се оптеретувата со правила за патување, оти ќе ви помине патувањето во страв да не ви се случи нешто, барање на препорачан ресторан, сликање на знаменитости и трчање за да ја завршите агендата од лонли планет книги и совети од интернет.
Убаво е дома да се седне и испланира што да се посети и направи, но не бидете упорни по секоја цена дека мора да се сместите во тој хотел, мора да се проба тој специјалитет во ресторанот кој е во спротивната страна од градот, мора да се чека градкиот автобус два часа за да се осети духот на локалците и заштеди пет евра, мора да се здружите со локалец и покрај тоа што единствениот што ви прави муабет личи како на ефтин макро од 80ти, мора да го сликате каменот од 4 век п.н.е кој е на пет часа патување надвор од градот без разлика што антропологија ве интересира колку што го интересира Тајсон љубовна поезија, и се тоа од причина што некој пишал некаде дека тоа е многу добро.
Кога патувате направете листа на неколку работи да ги направите што ве интересираат вас лично и само релаксирано со насмевка и без нервоза да се бркаш со времето.
 
1. Информирајте се за местото/земјата што ја посетувате. Колку и да звучи клише, многумина не го следат овој совет. Во време на интернет и милион сајтови за патување и препораки срамота е да не се одвоии саат време за најосновно информирање. Ќе испуштите многу убави работи, а може да нагазите на многу гадни.

2. Носете го ранецот фронтално. На шетање сигурно ќе носите апарат, новчаник, а ако градот ви е и на проаѓање а не се сте сместени во близина, кај вас ќе бидат и пасошот, виза и други документи. Не сте ни свесни до кој стадиум се професионални џепарошите во странство, особено големите градови, нема ни да приметите дека сте обработени, дури и кога се џебови на пантолони или внатрешни џебови во прашање. Може изгледа смешно од страна гледано, ама од мое искуство нема посигурно.

backpack-front-197x4001.jpg


3. Ако е премногу добро за да биде вистинито значи дека не е. Излегувате во некој ноќен клуб и ви приоѓа згодна и атрактивна девојка која баш за вас се заинтересирала и баш со вас доаѓа да муабети. Вие сте на одмор и благо пијан, и мислите дека не може подобро да биде. После неколку скапи коктели девојката мистериозно исчезнува или веќе е на некое друго место со друг пациент. По кажувањата на мој другар кој долги години живееше во Прага, некои клубови вработуваат супер атрактивни девојки баш за тие финти. Поентата е ти да се напалиш како мајмун, она секако ќе бара нешто да пиете и тоа нешто нема да биде кисела вода туку ќе биде скап коктел кој секако ти ќе го платиш, а ќе мора и ти да ја дружиш со уште еден. 5-6 коктела, 50-60 евра, не е лош промет од еден човек за помалку од саат време работа. Во екстремни ситуации може да завршите и без бубрег, уште го памтам настанот со некој наш или од Балканот кој после ваква предобра приказна која кулминирала со секс, сабајлето се разбудил без бубрегот. Ќе ви се нудат дроги, проститутки, одлични курсеви за валути, супер евтини пијачки во некое сокаче на само 200 метра оддалечено. Ако не сте гледале ниедна епизода од Banged up abroad, редно време е.

4. Извадете си патничко осигурување. Не е многу скапо а може и те како да ви се најде, нарочито на подалечни дестинации.

5. Здравјето пред се. Ако примате некои лекарства, задолжително земете ги од тука каде што можете на плав картон отколку таму каде што коштаат ѓавол и пол. И да немате, не е лошо да си понесете барем основни лекарства за настинка по некој Парацетамол, оние што се за тегоби при патување, аспирин. За некои поегзотични земји треба вакцина поради некои нивни болести.


Друго што ми текнува е веќе спомнато на темата. Во главно најбитно е информирањето. Пример некој музеј можеби во вторник е бесплатен за посетителите а во други денови се плаќа колку еден солиден ручек. Ќе заштедите, ќе направите поубава организација на рутите наместо да губите време и пари на одење натаму-наваму па после пак во истиот правец за џабе.

Друго е се ситници, ама па некои ситници злато вредат. На пример оние перничињата што се како потковица, ги има памучни и на дување

3001106110000001302000.jpg


На едно мое подолго автобуско патување мака мачев со спиење во автобус и укочен врат и рамења. На враќање назад купив едно вакво на дување 2 евра. Цел пат после сум ги благословувал и перничето, и тој што ја произвел, и продавницата и продавачот каде што ја купив. Најдобро потрошените 2 евра во мојот живот.
 
1. Обавезно копија од пасошот на хартија и на е-маил.
2. Носете си апчиња зависно од што мислите дека може да ви биде проблем со здравјето.
3. Симнете ГПС апликација со мапи на вашиот смарт телефон (ова летово ми спаси време и нерви) .
4. Имајте секогаш "хартиена" мапа на градот, бидејки батеријата на смарт телефонот брзо се троши. :)
5. Букирајте за хотел или хостел и за авионска карта неколку месеци пред патувањето, цените се многу поефтини.
6. Секогаш купувајте пиво од големи маркети. Цените се и по 6 пати поефтини.
7. Оставете пари само на оние улични артисти што свират на инструменти и имаат талент. :)
8. Научете оновни зборови како фала, добар ден, и бројките од 0-10 на локалниот јазик.
9. Не се срамете да прашате било кого ако нешто ви е нејасно и секогаш завршете со благодарам!
10. Купете си сувенир од градот што го посетувате!
 
Лани у Бугарија имав прилика да се изнаслушам многу МаЌедонци кои ја грмеа гоцевата раса низ градските автобуси.

Излези момче право на тераса и поздрави ја гоцева тараса и соЉунско поле и све, е нешто шо не е препорачливо да се најде на вашиот репертоар на песни.

Патриотизмот ака национализмот фуран во друга држава со статус турист, нема да ви донесе ништо добро, а може да ви направи големи проблеми.
 
1. Секогаш купувајте храна од места каде што јадат локалците, поефтино е и со сигурност е локална :))
2. Никогаш ама баш никогаш немој да јадете локална храна ако по некој случај сте залутале во Индија
3. Никогаш немој да менувате пари во менувачница и секогаш носете документ за идентификација кога сакате да смените пари.
4. Секогаш проверете дали имате доволно локални пари пред да порачате храна или пиење :icon_lol:
5. Секогаш користете туристички автобуси, најдобар и најлесен начин да посетите се што треба да биде посетено без да плаќате водачи и секогаш информирајтесе за бесплатните тури за прошетка низ градот, букирајте на време.
 
еве уште два совети од моите патувања:
- носи мобилен со GPS и симнати мапи на Google Maps
-секогаш знај каде си и како да се вратиш во хотелот, дури и ако си со "стручен водич", и тој може да те остави на цедило
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom