Стрелец
El Mariachi
Јегуновчанецот Софче Јовановски неодамна подари пет илјади долари за доизградба на Лешочкиот манастир, кој беше разурнат во војната во 2001 година. Донацијата на Јовановски, кој триесетина години работи и живее во САД, се првиот одговор на повикот на владиката Кирил за донирање пари за манастирот, чија доизградба е планирана за годинава.
Ова е втора обнова на Лешочкиот манастир, по првата, пред 100 години, кога светилиштето исто како и пред четири години било уништено.
- Реконструкцијата ќе биде дополнета и со обнова на конаците, а ќе се изградат и придружна инфраструктура, голем паркинг-простор и се друго што е потребно манастирот да стане одредиште не само за верниците, туку и за други гости - велат црковни извори.
Тука годинава ќе се одржат традиционалните иселенички средби.
Јовановски е првиот и засега единствен Македонец од дијаспората што минативе неколку години инвестирал во Тетовскиот регион, конкретно, во Општината Јегуновце.
- Сакам да инвестирам и да се вратам во Македонија, но Владата се уште не ми дава гаранции за моите инвестиции - изјави Јовановски.