Фото собиранки

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.640
Поени од реакции
29.622
Локација
Скопје
Момци и девојки,

Ајде кој е заинтересиран да се собереме на некоја пијачка или пак уште подобро на терен. Мислам дека многу добро би било кога би се организирале заедно да заминеме на некое место и да извадиме некои кул фотки и да размениме искуства. Мој предлог е да се почне со некои места од кај што ќе се прават фотки какви што немаме шанса секој ден, ете Acid со некои членови од форумов ако не се лажам скоро беше Козјак за да ги долови ѕвездите. Не би било лошо да се пријави тука кој е заинтересиран, а кога ќе дефинираме цифра ќе дефинираме и термин кој ќе ни одговара на сите, исто и за локацијата. Превозот секако ќе биде со кола кој има кој не ќе се снаоѓа ќе најде кај некого место.

Заинтересирани има ? :)
 
Јас радо би дошол но нажалост немам фотоапарат :(...

Инаку одлична идеја (y)
 
Рачунајте ме и мене, доколку неам испити у тој период. :)
--- надополнето: 11 август 2013 во 02:18 ---
Исто, ако саате може да соберете луѓе шо сакаат да ги фотка некој, па ќе ги фоткаме нив, немора да е природа секоаш. Нешо као on scene фотошут, само масивно хаотичен. :)
 
Јас прифаќам.За во природа не одбивам никогаш.Од мене кола а може и скара.
Дестинации:
Таорска клисура.
Солунска глава.
Демир капија.
Куклица - Прохор пчински
Горни Св.Илија и Св.Никита
Бабуна-Теово-Бистрица
 
Метеорскиот дожд го чекам цела година. Ако сум слободна, би сакала да дојдам. Ама не за фотографирање, туку само за уживање во глетката на отворено, оти у Скопјево од толку многу светла ништо нема да се види од дождов. Пишете детали како, што, од кога ќе се договорите, јас во вторник ќе ве известам дали идам со вас или не. :)
 
Ајде јас сум со кола има 2 места слободни за у вторник кој има друг кола нека се пријави. Acid смени го насловот во Фото собиранки (Вторник 19:30 - Козјак) како дополнително инфо за настанот.
 
Небото над Козјак е прекрасно. Во ѕвездите се ужива и со голи очи, не мора да имаш апарат :)
I'm in, speak teh numbers, шопари ќе ни требаат? Пошо т'нок сум :)

Aбе шопари... Ќе се организираме со коли (кој има и може да земе, нека земе - кој нема, ќе се придружи на останатите).
Бидејќи не е далеку (многу), нема да не кошта многу. Или пак може и да земете по едно сокче/пивце за да се занимаваме таму. А ако немате кеш, воопшто не зимајте ништо. Се е до вас.

Идам и јас, може ќе сликам со мобилен или ќе позајмам нечиј апарат, ама најбитна е дружбата нели? :)
Баш така :)
Ајде јас сум со кола има 2 места слободни за у вторник кој има друг кола нека се пријави. Acid смени го насловот во Фото собиранки (Вторник 19:30 - Козјак) како дополнително инфо за настанот.

Насловот е сменет :)

Може да се чекаме на паркингот кај МНТ Центар (има место, отворен е) и да појдеме заедно. Ајде да се преброиме:

1) Acid
2) Олимпија
3) Комита Ултрас
4) КвикСилвер
5) DonJas

Други? zoran2008 Gakowski hypertech?
 
И многу битно е колку коли сме за да не ни остане некој таму, пак ќе напоменам со мене доаѓа уште еден фотограф и има уште 2 места слободни или 3 за потесно. У секој случај ќе се дружиме и не поставувајте прашања со апарат или мобилен. Битна е дружбата кој сака да ужива у поглед, е добродојден :)
 
И секако, ако планирате да фотографирате земете си статив.
И не заборавајте да понесете и блузонче/џемперче, ладно е :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom