(Вон)земјанинот Ли / (Extra)terrestrial Lee

  • Креатор на темата Креатор на темата FeliXxX
  • Време на започнување Време на започнување

FeliXxX

Нинџа
Член од
27 април 2010
Мислења
808
Поени од реакции
282
Локација
Штип
(Вон)земјанинот Ли / (Extra)terrestrial Lee

Најпрво Мики Трајчевски или како што го знаат низ улиците во Штип ,Мики Ли.Човек интелектуалец кој талка низ улиците во Штип,бездомник кој нема лошо со никого,збори на повеке светски јазици и има побогат речник од сите форумџии и шири пропаганда за постоење на вонземјаните.
По него се снимаше докумтентарен и мислам дека е завршен веке поодамна во продукција на Илија Циривири. Филмот се нарекува Вонземјанецот Ли.

562014_480062155360390_550557364_n.jpg




Документарен филм за еден мал човек што живее во свет голем неколку галаксии, Мики Ли Трајчевски.

Продуцент: Илија Циривири
Режија и монтажа: Сашко Мицевски
Директор на фотографија: Наум Доксевски
Музика: Ади Имери
https://www.facebook.com/VonzemjaninotLi/info

ме интерисираат ваши мислења за човекот и за филмот
 
Многу е тенка линијата помеѓу генијалноста, и лудилото.

Типичен пример...
 
Ја иам праено муабет сс њега пуно пут
Док беше на студие у Штип, Мики Ли беше главна фаца по Штипски улице, да по улице, за жал...
Вика дека и сс премиера е правија едн пут муабет, али и он не му га решија станбено прашање, СРАМОТА !
Он е мноо паметан човек, какф речник има еј !!!
Ја и цимер неколко пута наечер пиесмо пифце сс њега на Штипску ривиеру, на клупу на убаф кеј без реку : )
Tфрдеше ни дека не е од туја, дека има некакфо ван сериско потекло, дека има врску сс Елиенофци
Увек беше расположан за муабет, човек на нивоу
али јебига, живот е суроф..
 
Од сите тие шо креваат фама околу неговото космичко потекло, еден да се најдеше да му помогне бе, еден.

И да го згрижеше во институција...

Вонземјани има. Само има и луѓе кои треба да се згрижат, наместо да се прават документарци на нивната несреќа.
 
Само кај нас човек што знае 5-6 јазици како што велите, може да дреме на улица. За срамотење е ова, не за филмови снимање.
 
Мики е попаметен од сите со факултет. Кога правиш муабет со него мислиш како милион книги да прочитал. За се и сешто знае. :D
Некои не се погледнат самите себе, па за Мики ќе снимале филм. :tapp:
Ова што го зборува за вонземјаните и вселенските бродови му е за забава за да му помине време.
Некои мислат кога го зборува ова дека е глуп и отиден со паметот, а уствари он се зафркава со вас.
Срамота е некои кога го видат на улица да го прашуваат Мики кај ти е вселенскиот брод. Нека одат да направат муабет со него па да видат дека има побогат речник од нивниот и култура. :свиркам:
 
Само кај нас човек што знае 5-6 јазици како што велите, може да дреме на улица. За срамотење е ова, не за филмови снимање.

Он вика дека знае 5-6 јазици. Вие верувате во тоа и тоа е океј. Дали навистина знае, тоа е дискутабилно...
Јас сум видел и луѓе што знаат само македонски како не дремат на улица и зимаат плата повисока од сите нас на темава. Зошто е тоа така?
 
Он вика дека знае 5-6 јазици. Вие верувате, јас не.
Јас сум видел и луѓе што знаат само македонски како не дремат на улица и зимаат плата повисока од сите нас на темава.
па имам чуено штипјани како викаат дека зборувале со него на странски јазици и дека било точно тоа :) како и да е, еве и да речеме дека не е вистина тоа, си треба внимание да му се обрне, можеби е некој паметен и образован човек што претрпел трагедија па изгубил се, работа.. Посекако според муабетиве е попаметен од 80% од службениците во МВР на пример.
 
Пред неколку години му изгоре станот. По второто видео се гледа дека е попаметен дури и од Латас кој не знае да сврзи две реченици пред камера. :D Овој па што го снимил е комунален инспектор како не му е срам да го прашува за инвазија. :tapp:
 
Шо биде со внучето шо го теглеше со него и со точако?
 
И да го згрижеше во институција...

Вонземјани има. Само има и луѓе кои треба да се згрижат, наместо да се прават документарци на нивната несреќа.

Не мора да биде згрижен во некоја таква установа. Зошто? Зошто врти муабети за вонземјани или дека има потекло од нив?

Ако е така пола од овие на Власт што се треба да се институционализираат зошто мислат дека се директни потомци на Александар Македонски и дека ова е некоја Света Земја, посвета од Израел, Палестина, whatever.

Човекот очигледно не е рандом бездомник нити можеме да го рамниме со останатите. Зошто е бездомник и никој не сака да му помогне веројатно лежи во тоа што повеќето гледаат на него со потсмев. Ќе го вработи некој ако знаат дека е еден вид hobo jedi? Па говорел он и 10 јазика и знаел квантна механика. Такво посрано општество сме, не е премногу комплексно прашање зошто не зима плата и шета по Штипските улици.
 
Ако беше толку умен, зошто едноставно не засукаше ракави, па да се фатеше за работа, па да си го среди животот?
Или, премногу е интелегентен (нешто што постојано го потенцира) за да да го направи тоа? Ама не, барањето на помош и обвинувањето на институциите е секогаш полесно...

Или, други луѓе не паднале и станале после тоа?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom