Патување низ светот?

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Досадно ви е? Го трошите времето залудно? Можеби сте невработени? Немате идеи? Имате ограничен поглед кон животот? Сакате авантура? Незаборавни случки? Приказни да се фалите пред пријателите и семејството? Убав помин? Се би дале да излезете од ѓаволскиот круг на монотонијата?

Ако одговорот на сите овие прашања е ДА, тогаш време е за ПРОМЕНА, време е за АВАНТУРА време е за ПАТУВАЊЕ ОКОЛУ СВЕТОТ.

Брат на што ДРОГА си ти бе? Знаеш дека со нашава плата едвај месецот се протуркува, а ти ми солиш памет да сум патувал низ светот, знаеш какви трошоци се тоа и да сакам џабе е кога нема пари, знаеш дека парите го вртат светот нели?

Можеби е така, можеби и не.
На пример прашајте го што мисли овој човек...

Добро бе, ама он е еден во милион што е со нас останатите 99%?

Ок можеби е така, но да сега да бидеме реални можеби ова е екстремен пример ама застанете вдишете длабоко и размислете добро што можете да изгубите, а што можете да добиете со ваков подвиг.
(Јас нема да кажам во воведниов пост ја препуштам оваа задача на вашата имагинација)

Во ред ме убеди, но од имам неколку прашања.

Од каде да започнам?
Дали навистина треба да излезам без ниту еден денар во џеб?
Нели патување околу светот е премногу за просечниот авантурист?
Што е со мојата фамилија и обврски?
- ...

Од каде да започнам?

-Интернетот е едно големо, големо, големо... големо место преполно со информации за кои до пред 50 години се плаќале огромни суми(благо кажано), а денес ни се јавно достапни за беспари.

Можеби сте ја слушнале поговорката, дури и најлошиот план е подобар од никаков план.(И да се надополнам и најдобриот план е за џабе ако не се реализира)

Значи прво започнете да се информирате што е можно подобро и секако со помош на тие информации направете план кој ќе соодветствува со вашата замисла за патувањето.

Неколку примери:

-Локации кои сакате да ги посетите
-Знаменитости
-Луѓе
-Опрема
-Временски прилики и неприлики
-Настани
-Физичка и психичка подготвеност
-итн...

-Колку пари треба да носам со себе? Нели патувањето е без пари?

Ќе кажам повторно примерот погоре е прилично екстремен и можеби не е соодветен за сите карактери на луѓе.
Вистината е дека мора да бидеме флексибилни и секако највеќе зависи од карактерот на човекот, не секој може да го повтори горе споменатиот подвиг.

Така да одговорот е дека не постои еден одговор, во зависност од личниот карактер, целите на поединецот или групата, одговорот на ова прашање варира и може да се каже зависи од планот пред да се замине на патувањето.

Нели патување околу светот е премногу?

Кај нас често се слуша поговорката „колку е мал светот?“
Јас не се согласувам.
Планетата земја е едно големо и опасно место.Не сум сигурен дека имам волја и храброст да успеам да ја истражам цела, а претпоставувам ниту вие?

Но, не гледам каде пишува дека мора да се прошета целиот свет(освен во насловот кој гласи патување низ светот :oops: )

Што сега?
Кога не сме сигурни во нешто логично е да почнеме со мали, но сигурни чекори како на пример патување низ Македонија.

Еве јас на пример се срамам од тоа што Македонија иако мала не ја познавам доволно, а често знам да ја наречам мајка.

Еве и прашање до вас,
Запрашајте се колку вие се имате прошетано подалеку од вашето маало?

Може да се каже ова патување би било релативно лесно во споредба со големото финале, но важно е да се почне од некаде.
Еве и една античка безвременска мудрост.

A Journey of a Thousand Miles Starts With One Step

Зошто е важно да започнете со мали чекори?

Еве неколку од бариерите со кои нема да се сретнете во Македонија.
Го познавате:

-јазикот
-обичаите
-народот
-местата
-имате роднини кај кои би можеле да престојувате
-итн..

Освен овие најверојатно ќе се сретнете и со други бариери кои можеби лесно или тешко ќе ги пребродите во зависност од тоа колку добро сте се подготвиле и дали воопшто се ги имале во предвид со оглед на тоа дека ниту еден план не е совршен.

Сега да се вратиме на темата...

Кога е најдоброто време за вакво патување?

Повторно ќе кажам и за ова прашање нема точен или погрешен одговор се зависи од поединецот и неговите желби, обврски и можности.

Ако се даде груба проценка можеби најсоодветно време е после завршување на факултет или пак во другата крајност кога вашите деца ќе пораснат.

Тоа што ги поврзува овие две групи е дека имаат занемарливи одговорности, доколку сте женет/мажена, водите голема компанија, имате кредити за плаќање... или во превод вашите обврски не е можно да ги запоставите,можеби не е најсоответно време за вас, но сепак нема правило кое кажува сега е вистинскиот момент, тоа е одлука која секој мора сам да ја донесе и да живее со последиците.

Уште неколку прашања за крај:
Сте патувале вие или можеби знаете приказни за некој кој се решил на ваков чекор?
Не се срамете и споделете импресии.

Знаете локација на ресурси кои би помогнале и/или олесниле ваквото патување?
Споделете линк.(Sharing is caring:love: )

Барате истомисленици?
Договорете се тука.

П.С Имав уште неколку идеи што сакав да ги напишам, но ми пролетаа и можеби ако се сетам ќе се надополнам подоцна.:D

Disclaimer : Ја искористив search функцијата на форумов и не пронајдов ваква тема иако постојат неколку со делумно слична тематика.
 
Познат тип е http://www.nomadicmatt.com/, го има прошетано светот со многу малку пари и целата поента на сајтот му била да докаже дека возможно е да го прошеташ целиот свет со многу малку пари, само ти треба голема желба за тоа. Сега е баеѓи познат, заработува солидно од неговиот блог и го имаат препорачана безброј познати весници, телевизии и тн.
А и сега во ова време, скоро се е екстремно лесно, од компјутер преку интернет можеш што сакаш да дознаеш, нарачаш, прашаш.'
Незнам за премногу вакви лица но знам за едни од најинспиративните за мене, дефинитивно, Австралијанците Циска и Мајкл, тие од 2008 патуваат со нивните деца на велосипеди. Имаат продадено се што имаат и сега живеат од каматите од тие пари.
Имаат буџет од 30 долари на ден.
Децата се школуваат сами, односно преку некоја интернет апликација, плус користејќи го нели интернетот како најголема библиотека, плус сето тоа искуство што го собираат од сите нивни патувања, знаат 5 јазици и уште толку прилично добро за да можат да се разберат.
Како што читам по блогот нивни, децата тврдат дека се пресреќни што имаат вакви родители.
Aко некој се зантересира, линк до нивниот блог.
http://www.crazyguyonabike.com/doc/?o=1&doc_id=4438&v=7Qn
 
Прво Македонија да ја поминам цела(цела е невозможно али побитните локации од типот на Кокино и сл.) па тек после би размислувал за некоја подалечна авантура.
 
Прво Македонија да ја поминам цела(цела е невозможно али побитните локации од типот на Кокино и сл.) па тек после би размислувал за некоја подалечна авантура.
И мене така ми е планот.Во светов има градови со поголема површина од Македонија, а повеќето од нас(вклучувајќи ме и мене) не сме ја изминале цела барем еднаш.(нормално не буквално секој квадратен километар туку сите знаменитости барем еднаш да се видат)
 
Лесно им е нив, ние ке скапаме барајќи виза, + недабоже да заглавиш некаде низ европава повеќе од 3 месеца ќе добиеш забрана...
 
Многу е важен менталниот пристап кога се одлучуваш за вакво нешто. Треба да заборавиш на времето што би го заштедил кога би се возел со авион, автомобил и би ги видел истите работи пеш, автостоп и велосипед.
Пред некое време читав за некоја програма од некој факс мислам во Шпанија кога на група студенти поделени во групи му дале задача до каде би стасале најдалеку без пари или пак со некој смешен буџет само колку за храна во рок од месец или слично
Групата која победила ја нашле некаде во Латинска Америка, имаше и објаснување како успеале да го направат тоа и дека се пријавиле да работат волонтерски на товарен брод само за да заминат преку океанот.
Ако се има волја мислам дека човек без разлика на годините, физичката и финансиската состојба со добар ментален склоп може да го обиколи светот.
Имам читано за многу луѓе кои го прават тоа со велосипед, моментално има една девојка од Хрватска која патува со својот самојед и го влечи во количка, има една девојка исто така од Србија која го направи тоа и го искачи малтене Еверест.

Марк Бауман го направи тоа за помалку од година со велосипед, ама тоа за мене се граничи со лудост.
 
Jaс би сакал да патувам пешки, како Марко Поло
http://mk.wikipedia.org/wiki/Марко_Поло
Уште од времето на предисторијата луѓето пешки патувале на секаде. Мислам дека во денешно време е полесно да се направи тоа
 
Лесно им е нив, ние ке скапаме барајќи виза, + недабоже да заглавиш некаде низ европава повеќе од 3 месеца ќе добиеш забрана...
За Македонија не ти треба виза.
Колку што знам и за европа не треба.

Лесно не е за никој кој се нафаќа на ваков подвиг.
 
За Македонија не ти треба виза.
Колку што знам и за европа не треба.

Лесно не е за никој кој се нафаќа на ваков подвиг.
И за европа не ти треба али имаш 3 месеци право на престој, па ако заглавиш некаде, ќе добиеш забрана за престој во ЕУ.

Било тоа во времето на СФРЈ, кога таткоми со југословенски пасош од Валандово до Амстердам отишол аутоштоп со еден ранец и една вреќа за спиење...
 
Цела европа или поединечно од земја во земја?
Како и да е 3 месеци не се малку време(не се ниту многу)
.
 
Ај сега чичко ви да ви каже од искуство (btw, имам 29 години)

За патување не требаат многу пари, побитно е да си спремен на такво нешто, и да си снаодлив во однос на планирање и справување со некои непредвидливи ситуации.

Работам како freelance програмер, и не сум ограничен од годишни одмори и обврски со работа, што е предност.

На потешки и поголеми патувања досега сум бил 2 пати на по еден месец, првиот пат сам, вториот пат со девојка ми. За два месеци одиме пак. Досега имам поминато 7500км автостоп, следново патување ќе додаде уште 2500км. Желба ми е да стигнам до 42000км (должина на екваторот), но има време за тоа.
Просечен дневен буџет ни е околу 6-8 евра, зависи од државата (сме биле во Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија и Турција). За нас овој буџет е сосема доволен, бидејќи се храниме со готвење и готови јадења од супермаркет, и не сме многу по ноќно излегување

Како пример можам да го наведам и брат ми, кој ја има поминато Македонија со велосипед, а исто така со велосипед беше и до Измир, Турција и назад.

Сега дури е и полесно и попристапно барем мало патување, бидејќи има доволно ефтини летови барем за почеток.

За повеќе информации, слободно прашајте (опрема, начин на патување, сместување, и било каква друга информација...)

Само да додадам дека вакво патување, барем за мене, е прекрасно искуство.
 
Тоа се бараше некој со искуство, а не овие се хејтери :D

Ако не те мрзи наведи некои препреки со кои се соочи при првото патување иако да речеме си планирал, но сепак испаднало нешто неочекувано.

П.С Претпоставувам најтешко е да се почне кога ќе се совлада стравот се останато ќе си дојде на место. :)
 
Како прво, браво за темава.

Јас одамна имам желба да ја шетам Македонијава. За подалечни дестинации не ни помислувам додека не си ја прошетам татковината. Ако излезе прилика, нормално нема да одбијам :)

Како најстварлива и најдофатлива цел ми изгледа моментално. Собираш уште 2-ца или 3-ца со тебе, си правиш план и маршута по која ќе се движиш, палиш кола и тргнуваш. Едно 10 дена ја возиш Македонијава, место у грчка да се излежаваш на плажа. Само некако тешко ми е да ги соберам тие двајца или тројца кои што би тргнале со мене. Некако сите се само на муабет, никој на дела.
За сама да тргнам било каде, малку ми е ризично. Сама девојка на вакво некое патување и не така безбедно. Па и во Македонијава, а да не ни зборувам за надвор од неа.

Така да ако има кандидати за ваков некој филм, пишете па да одиме да ја запознаеме оваа наша чудесна земја :)
Маршутата веќе ја имам испланирано.
 
Маршутава може да е менува ако сака да додаде нешто плус онај кој планира да иди или мора таму да се оди :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom