Kсамил

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Ксамил е место со бели плажи и величенствено море кое на многубројните посетители им пружа вистински одмор. Се наоѓа во Јужна Албанија на само неколку километри јужно од Саранда. Сите плажи во Ксамил наликуваат една на друга, а се разликуваат само по различната боја на чадорите за лежалки.
Ksamil-beach-Albania-001.jpg


Ksamili.jpg

Ксамил е привлечен за туристите заради многубројните мали островчиња и рестораните, кои нудат свежа морска храна, а се наоѓаат токму на тие околни островчиња. Цените за храна во ресторан се пристапни за секого.
ksamil.png
558259_423714054338777_458496023_n.jpg
Постојат голем број на мали хотели, како и приватни сместувачки капацитети. Дел од нив се отворени преку цела година, а некои функционираат само летен период.
4355272361_ee3756b7ec_z.jpg
original_Sunset%20over%20Ksamil%20Beach-Sarande%20Albania-grigora.jpg
Она со кое не може да се пофали Ксамил е ноќниот живот. Па затоа на оние кои бараат вистински одмор, мир, релаксација покрај тиркизно море и бел песок тоа нема да им претставува никаков проблем.
Ksamil-little-island.jpg


Вашите впечатоци од Ксамил? Сте биле? Ќе одите?
 
Албанија е земја која тек допрва ќе привлекува туристи се повеќе и повеќе.
Цените до пред 2-3 години за одмор беа повеќе од смешни, и можеш да си дозволиш да имаш добар одмор за малку пари.
Многу убаво место. Вреди да се посети :)
 
И така луѓето ке сфатат дека наместо да отидат во Охрид на езеро 5 дена, со истите пари ќе отидат во Албанија на море 10 дена. ~
 
Сум бил, 2 години по ред на ова место. Изгледа интересно онака за одмор, од кај морето е се топ, ама населбата е крш малку, пола куќи се разрушени, затоа што биле диви градби, а и нема кај да прошеташ навечер, освен по шеталиштето, што се изодува за 15-20 минути напред назад, ако не и помалку.
 
Сум бил, 2 години по ред на ова место. Изгледа интересно онака за одмор, од кај морето е се топ, ама населбата е крш малку, пола куќи се разрушени, затоа што биле диви градби, а и нема кај да прошеташ навечер, освен по шеталиштето, што се изодува за 15-20 минути напред назад, ако не и помалку.

Иди у Саранда прошетај се, 13 км ти е од Ксамил
 
Олимпија
Се спремаш за на одмор па бараш мислење со темиве или? Евентуално ако нешто те интересира за Ксамил пиши лани бев.
 
Олимпија
Се спремаш за на одмор па бараш мислење со темиве или? Евентуално ако нешто те интересира за Ксамил пиши лани бев.
Сите се спремаат за одмор, па не би било лошо да се информираме и споделиме искуства околу актуелните понуди за одмор од нашите агенции. Бидејќи веќе си бил Ксамил пиши некое инфо, сигурно твоето мислење ќе им биде од корист на оние кои сакаат летниот одмор да го поминат таму.
 
Јас бев оломлани во Ксамил. Местото е преубаво, морето и плажите се неверојатни. Е точно, проблем е тоа што нема ноќен живот, ама кој оди во Албанија за ноќен живот жити се? До островчињата во морето се стигнува пливајќи. Цените се колку тука во Тетово на пример. Пиво на плажа е 50 денари, пченката беше дваесетина. Јас се прејадов пченки. Диска и такви ствари нема, значи одење во Ксамил стриктно ако сте дневни птици. За тинејџери не е - или евентуално ако ви се оди до Саранда секој ден.
 
Ми се оди на местово фамилијарно годинава, оние што биле дали се со сопствен превоз, по кој пат е најдобро да се патува, за мали деца да не има некои опасности кои треба да ги знаеме и слично би била благодарна ако ми кажете.
 
Ми се оди на местово фамилијарно годинава, оние што биле дали се со сопствен превоз, по кој пат е најдобро да се патува, за мали деца да не има некои опасности кои треба да ги знаеме и слично би била благодарна ако ми кажете.
преку грција и немаш мака скоро цел пат е автопат само во албанија малку треба да се пази пошто може за џабе да се возите 70 км а има еден сплав и се поминува со кола на него за 1-2 евра и дирекно во ксамил.
 
преку грција и немаш мака скоро цел пат е автопат само во албанија малку треба да се пази пошто може за џабе да се возите 70 км а има еден сплав и се поминува со кола на него за 1-2 евра и дирекно во ксамил.
Како мислиш сплав :)
 
Како мислиш сплав :)

Откако ке влезеш во албанија, неколку километри пред Ксамил, има како тврдина една, и езерце, преку кое што нема мост направено. Има сплав кој превезува коли и не е опасна работа, ја врзува колата добро. Малце е old school ама тоа е тоа. Иначе, Beck's , Кога одев во Ксамил, патот од Ксамил до Саранда беше во изработка, и беше со камења цел. Ќе ја искршеше татко ми колата замалку. Зборам за пред 2-3 години. Иначе, има неколку дискотеки на местото, и кафани. Баш бев во дискотеката, што беше нешто како измеѓу дискотека и кафич, и не беше нешто спецјално, ама ок беше средено. А како што приметив, во дискотеката се собирале само на прослави или така нешто, и баш гледав слики, по цели фамилии се собираат, мислам по младите, и играат оро, или така нешто. Јас кога бев, немаше жива душа, освен луѓето што си работеа таму. А иначе, луѓето во местото беа многу гостопримливи и фини.
 
Патот Ксамил-Саранда е целосно асфалтиран. Ја бев сместен у Саранда додека секој ден си идев во Ксамил пошто таму ми беше многу поубаво од Саранда(за плажата зборам и водата). Него помеѓу Ксамил и Саранда има една плажа се вика плажа "Pasqyra", обавезно да го посетите, прекрасна плажа
 
Нивниот менталитет е за нигде, само ме интересира како се забавувата во Албанија? Има некои добри дискотеки или летни кафичи, да не бидат со албанска музика?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom