Душеци

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.720
Поени од реакции
14.788
Какви користите и колку сте задоволни?

Со федери, оние со сунѓер или мемориски...?
 
Од дормео, само не е мемори, тој пред него, со покрута основа, зошто имам проблеми со грбот (пливање, јбг).
Супер си е, поготово па во споредба со балонот од душек што го имав пред тоа.
 
Од Симпо имам и не е лош...Ми препорачаа од Бернарда ама кога ми кажаа цена за димензија 180 x 200 см. ми се сврте во умот.
Овој што го имам беше од некоја полуксузна програма полнет со пичкини влакна или што ти ја знам и го платив околу 14.000 на попуст.
 
Од Симпо со федери у џебови и малце мемори пена, само мемори пенава ептен да памти па не мења форма откако ќе станам од спиење (не се израмнува свињата него останува удубена). Ќе им го враќам изглеа!
 
federbaum тетовски се, перформанс повеќе од задоволителен. грб НЕ боли, а цена да не зборам колку е џабе. колку за пример, 200х120 не би бил повеќе од 4200 ден, а 200х160 вероватно не би бил повеќе од 6000
топло ги препорачувам :cool:
 
federbaum тетовски се, перформанс повеќе од задоволителен. грб НЕ боли, а цена да не зборам колку е џабе. колку за пример, 200х120 не би бил повеќе од 4200 ден, а 200х160 вероватно не би бил повеќе од 6000
топло ги препорачувам :cool:
или точно 200х160 е 4000 ден :)
 
или точно 200х160 е 4000 ден :)
вака, јас купив пред неколку месеци 200х120 и беше 4200ден
по таа логика, за тоа што ти го бараш БИ требало да биде околу 6000. за најдобра информација, а и најмала маржа имаат иди во СРМА кај железничка станица, карши макпетрол бензиската и таму прашај си што те интересира
колку за споредба, истиот тој душек кој го купив за 4200, на друго место (технокооп) беше 5200+ значи заштедив цела илјадарка :vozbud:
сајтот им е КРШ, 5 мин додека се отвори http://www.srma.com.mk/
 
На сунѓер спијам да ти ебам животот.
 
Пред извесно време си купив Карбон Дормео душек со двојно јадро, мека и цврста страна.
Презадоволна сум од душекот, се приспособува на телото, па зависно од тоа дали сакате да спиете на помека или поцрвста подлога. Душекот го комплетирав и со анатомска карбон перница,
Цената е малку ‘‘посоленка‘‘, ама вреди секој денар :pipi:
 
дормео мемори и тоа како сум задоволен.
мек, се приспособува на телото.
исто и перницата закон. чувство како на облаци да спиеш.
инаку го земав заради алергии и воопшто не погрешив.

п.с. уште го немам пробано експериментот, од една страна чаши со вино, а од друга страна да скокам, па да видиме дали ќе се истурат чашите :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom