Џинглови за Кајгана радио [ваши дела]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.272
Поени од реакции
34.635
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Мислам дека насловот е самообјаснувачки, но, бидејќи првиот пост го налага тоа - да бидеме малку поопширни :)

Тука може да ги споделувате џингловите кои сами ќе ги креирате за да можат останатите диџеи да ги користат во програмата. Џингловите може да бидат без или со музичка позадина. Тие што се без музика ќе одат врз песната која тече во моментот. Тие што се со музика, ќе одат помеѓу песните.

Не се ограничувајте, се поминува. Но, останува на диџеите дали и колку ќе го користат вашиот џингл. Што подобар и поинтересн, толку повеќе ќе се користи - па затоа потрудете се да звучи добро! :)

Машки и женски гласови, не е битно...

До сега ги имаме:
„Слушате Радио Кајгана“
„Радио Кајгана“
„Матени јајца на радио - Кајгана онлајн“
„Мх, мх, мх... Кајгана радио“
... кои веќе ги слушаме во програмата, благодарение на OPINOK и Олимпија :)

Ако имате прашања, слободно.
 
Да бидам искрен, овој џингл кој во моментов оди во етер (женски глас - „Слушате Радио Кајгана“) некако лошо звучи. Дај ставете некој со порадиофоничен глас, нешто поенергично. :)
 
Да бидам искрен, овој џингл кој во моментов оди во етер (женски глас - „Слушате Радио Кајгана“) некако лошо звучи. Дај ставете некој со порадиофоничен глас, нешто поенергично. :)
Бујрум, за тоа е темава. Членовите го креираат радиото, но некогаш предлозите не се доволно - туку треба да видиме и дела* :)

*дела - не го поврзувајте со слоганот на политичките партии.
 
Можда ќе биде смешно, но не сум во зијан ако пробам:

"Поздравете го вашиот комшија со Радио Кајгана"
"Кајгана Радио 2013"
"Одморете се со Радио Кајгана"
"Ненаситни по добра музика - Радио Кајгана"
"Разбудете ги комшиите со Радио Кајгана" (Ова валда за трета смена)
"Рај за уши - Радио Кајгана"
"Мати јајца и слушај Радио Кајгана"
"Радио Кајгана - До бесконечност и назад"
"Спремни за кофеин со Радио Кајгана?" (Ова насабајле рано)
"Се осеќам ко посран, но затоа тука е Радио Кајгана"
"Ми се слуша ми се плаче - Радио Кајгана"


Ок, ќе се соочам, лејм се. :icon_lol:


И за крај ако не ме испоштувате со "Јухи Јухи Јеј - Радио Кајгана" на Веселинова, не ви правам муабет:pipi:
 
Слобода или „Кајгана - радио“
(што може да се и друго очекува од некој на кој се уште му бучат ушите од гранати-поточно
стар револуционер до смрт)
 
Радио кајгана внимавајте на јајцата.
Уживанција до јајца.
Ние ИМАМЕ ЈАЈЦА.
Ежот се оежи јајца , ги направивне кајгана..
 
Талк шоу би било полн погодок.

Читање најголемите бисери од постоењето на форумот, или спортските прогнози од лш, музика.. зависно што е актуелно. Ама дефинитивно талк шоу.

Да не бидам офтопик, од врвот на главата... „музика за сечиј вкус, матено. Кајгана“. Пошо слушнав еднаш грд рап идеше.
 
Добри предлози има, само не знам дали се разбравме - може и да ги снимите! :)
 
Абе снимете нешто, доста само текст пишувате. Радио се слуша, не чита! :)))
 
Ја збогативме листата со 3 нови џинглови благодарение на peter. Сите џинглови со кои располагаме до сега може да ги преземете од тука! :)

(последните 3 се навистина профи. првите неколку се аматерски обиди)
 
Ја збогативме листата со 3 нови џинглови благодарение на peter. Сите џинглови со кои располагаме до сега може да ги преземете од тука! :)

(последните 3 се навистина профи. првите неколку се аматерски обиди)
Kajgana.mp3 Викса? >.>
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom