Берат Јакупи

  • Креатор на темата Креатор на темата Tоni
  • Време на започнување Време на започнување
Секоја чест на дечкото.

Ги гледам клиповите и размислувам колку спортското каарате нема врска со каратето кое го практикувале најголемите мајстори како Исао Обата, Гичин Фунакоши, Масутаци Ојама. Ова потскокнувањето во Фудо дачи на ништо не личи. :)

Каратето дефинитивно не е замислено како спорт.

Ме интересира, дали сеуште пости натпреварување по кати, или само спортските борби останаа?
 
Секоја чест на дечкото.

Ги гледам клиповите и размислувам колку спортското каарате нема врска со каратето кое го практикувале најголемите мајстори како Исао Обата, Гичин Фунакоши, Масутаци Ојама. Ова потскокнувањето во Фудо дачи на ништо не личи. :)

Каратето дефинитивно не е замислено како спорт.

Ме интересира, дали сеуште пости натпреварување по кати, или само спортските борби останаа?

Има и кати. Побарај на јутуб имаш добри мајстори.
 
Минатиот викенд се одржа Државното Првенство за Кадети, Јуниори и Постари Јуниори (до-21 г.).

Берат Јакупи по рекорден 13-ти пат станa државен првак.
 
Дечкото испишува историја!

Прв на ранг листата на WKF (Светската Карате Федерација), за неговата категорија. У-21 год. +78 кг.
http://setopen.sportdata.org/wkfranking/ranking_main.php

154856_237821626397363_488500553_n.jpg
 
Најуспешната година во својата кариера македонскиот карате репрезентативец Берат Јакупи ја заокружи со бронза од јуниорското СП. До овој трофеј во категоријата борби над 78 килограми, 21 годишниот Јакупи дојде минатиот месец на Мундијалот во Гвадалахара (Шпанија), каде што конечно се закити и со планетарен медал. Со тоа, членот на карате клубот Фати од Гостивар на свое големо задоволство повторно докажа дека е дел од светскиот крем, иако не пропушта да истакне дека му е жал за несреќниот пораз во полуфиналето и пропуштената шанса за поголем успех.
 
Денеска во Лисабон, Португалија, Берат Јакупи ја одбрани титулата Европски Шампион во категоријата јуниори У-21.

1796604_243899679122891_537685719_n.jpg


Јакупи по четврти пат се закитува со злато во Европските Првенства.
По едно злато има во категориите Кадети и Јуниори и две злата има во постари јуниори (У-21). Исто така е носител на бронзениот медал од Светското Првенство.

Берат Јакупи по последен пат настапи во оваа категорија, отсега тој ќе настапи во сениорка конкуренција.
 
https://www.sportdata.org/wkf/set-o...p?popup_action=mitschriftcat&catid=29&verid=2

Ете го патот до титулата. Убедлив до крај!
--- надополнето: 10 февруари 2014 во 18:02 ---
На вчерашното доделување на медалите на Европското првенство за кадети и јуниори во карате кое се одржа во Лисабон, Португалија, домаќините не ја интонираа македонската химна за време на доделувањето на одличјата во категоријата над 78 килограми, во која златниот медал го освои македонскиот каратист, Берат Јакупи.
Киксот на организаторите го исправија останатите македонски каратисти кои од трибините гордо ја пееја нашата химна и собраа аплаузи од сите присутни во салата.

 
Последно уредено од модератор:
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom