Градини

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Не видов ваква тема во пребарување па си реков да отворам бидејќи ептен љубител на градини на цвеќиња и сл. иако сум машко :P ќе постирам неколку слики се надевам дека вие ќе продолжите со поголема дискусија постирање и тн. :)

2012-05-01-14NewHannahCarterJapaneseGardenMarch2012.jpgbuffal-garden-1.jpgButchart-Gardens-Sunken-Garden-01 (1).jpggarden-8.jpggarden-wallpaper-16-photos-9.jpggarden-wallpaper-16-photos-15.jpgItalian_Garden_at_Duke_Gardens.jpgWater-Garden-in-Late-Spring.jpg
 
Attachments

  • Nelson-Park-Fisher-Rock-Garden.jpg
    Nelson-Park-Fisher-Rock-Garden.jpg
    821 KB · Прегледи: 8
само,воздишките ќе ни останат,
кој не сака да има ваков двор и живот покрај него,
ама повеќето сме во кафез50-70кв-наречен стан,
останатите во 300-500кв,кое за куќа,кое за кочина,гаража,..
и малкумина и го имаат ова,само што и не се овдека со нас па да го споделат тоа а мож и некој ќе се јави,во живо мислам, а не преземено од списанија и интернет.
Добро има вакви градини,сум видел на Водно,и Бардовци,Матка,Ќерамидница,Сопиште,Хиподром и др.
Но за ова да се направи ни пружила и наша Македонија,да не биде извештачено туку природно:некаде покрај Црна река во Мариово, во Поречието во сите места, па по текот на Бабуна или Крива река,или Осогово и Плачковица,Кожув и Малеш.
Но може и ова,еден „граѓанин“ со кој мерак направил вакво нешто буквално на асфалт,утре и ќе сликнам да видите,во новата населба во Ново Лисиче,каде нема во околината ни тревка па ни земја,само асфалт и плочки,околу сите згради.
 
Уф, можда многу слики ќе се... ама не знам дал има соодветна тема за моево.
Секогаш сум сакала малечка, топла куќичка. Не огромно пространство во кое ќе се изгубиш. Не ходник во кој има ехо. Еве овакво нешто.
flat,550x550,075,f.jpg

Не многу мало дворче, средно, убаво оградено, со поглед од дневната - да не ги мислам многу дечињата и кучињата, под контрола да ми бидат :P

backyard-artificial-grass.jpg

Вака, само многу повеќе трева и дрва, ова оградава цела со ползавци (така ли се викаше паразитското растение ептен убаво), и башка едно базенче, не длабоко, онакво малечко, за да се буричкаат цел ден кучињата и дечињата.

Уф.
--- надополнето: 13 март 2013 во 07:21 ---
само,воздишките ќе ни останат,
кој не сака да има ваков двор и живот покрај него,
ама повеќето сме во кафез50-70кв-наречен стан,
останатите во 300-500кв,кое за куќа,кое за кочина,гаража,..
и малкумина и го имаат ова,само што и не се овдека со нас па да го споделат тоа а мож и некој ќе се јави,во живо мислам, а не преземено од списанија и интернет.
Добро има вакви градини,сум видел на Водно,и Бардовци,Матка,Ќерамидница,Сопиште,Хиподром и др.
Но за ова да се направи ни пружила и наша Македонија,да не биде извештачено туку природно:некаде покрај Црна река во Мариово, во Поречието во сите места, па по текот на Бабуна или Крива река,или Осогово и Плачковица,Кожув и Малеш.
Но може и ова,еден „граѓанин“ со кој мерак направил вакво нешто буквално на асфалт,утре и ќе сликнам да видите,во новата населба во Ново Лисиче,каде нема во околината ни тревка па ни земја,само асфалт и плочки,околу сите згради.

Мојот двор не изгледа баш вака, ама е далеку од асфалтирано како што велиш.
Во живо одма би се јавила, проблемот е што е ова јавен форум со илјадници членови и не би сакала слики од сопствениот двор да ставам.
Башка - ни еден ,,архитект,, ,,уредувач на градини,, не го проектирал. Мајка ми го смислува, татко ми го изведува :) :) :)
Сам со свои раце изѕида летниковец, фурна, чешма, фонтана, леи за цвеќенца, мало делче од дворот за марулка и младо кромидче :) Ѕид од убави камења за кучето (да не биде ептен во контакт со комшиите), куќарката негова да одговара со летниковецот итн, итн, итн...
И не го направи преку една ноќ. Лето за лето.
Се со свои раце.

Не секогаш парите се ти купуваат. Меракот и посветеноста не се купуваат. Џабе ти е двор како од сликиве, ако немаш мерак да го одржуваш :)
Цвеќенцата ќе овенат ако нема кој да ги пресади, да ги прекопа, да ги навади, да ја искорне тревата, да ги тргне полжавите итн, итн, итн.....
 
ratanovi-masi-i-stolove-za-zavedeniq-i-gradini.jpg

Некој да каже кај се продаваат вакви слични градинарски столови во Скопје?
 
Незнам зошто, но мене ич не ми се свиѓаат градини/дворови кои ептен се наџинџурени со триста видови цвеќиња, дрва, украсни предмети...... Мене од секогаш ми се свиѓале едноставни дворови..............., двор/градина оградена со ограда цврста градба (бетон - цигла или камен - цигла, а одозгора керамида), да има порта за влез во дворот, дел од дворот да биде поплочен со бекатонски плочки, другиот поголем дел да биде со некоја убава трева, да има борчиња (посебно до оградата), може по некое цвеќе, настрешница, летна кујна, базен и одлично осветлување кое во лето навечер ќе дава преубаво чувство:)

dvor.jpg
 
ratanovi-masi-i-stolove-za-zavedeniq-i-gradini.jpg

Некој да каже кај се продаваат вакви слични градинарски столови во Скопје?
Такви столови со маси имаш на пластичарска - бит пазар плус и на реклама5 инаку цените се од 1600 по стол барем јас така видов.
 
Нобелова награда за мир треба да делат тој што ги измислил слушалките за телефон и тој што ја направил нишалкава.
beautiful-wooden-swings-2.jpg
Да го имам ова и да има зеленило и вода наоколу.
Саатот е 1 - не ми се спие ама ми се сонува :)
 
Здраво дечки, сакам да посадам борчиња во дворот но бидејќи немам искуство со тие работи сакам да ги прашам поискусните дали може да се посади овој период од годината, дали ќе ми се "фатат" борчињата?
Секој совет околу посадувањето и понатамошно одгледување е добредојден. :)
 
Последно уредено:

Pustaat jaki koreni borcinjata, kaj nas vo dvor pred mnogu godini go imaa raspukano dvorot tamu kaj sto bese cementirano. Jas ne bi sadela borcinja poradi taa pricina.
 
Дали некој знае како и од каде да се земат да се садат од оние цвеќиња што се лозат?
Од каде се купуват и кога се садат. Ми треба за викендицата....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom