Ninja Warrior и Кечери со Коментаторите Томче & Co.

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiritFly
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 мај 2012
Мислења
27
Поени од реакции
19
Возраст
42
Значи незнам зошто вакви таленти не се промовираат кај нас ама мислам дека Томче и компанија беа едни од најкреативните коментатори што сум ги слушнал во последно време на риелити шоу! Коментирањето и емисијата од забавна ја правеа уште позабавна. Ninja Warrior би ги гледал ако немам што да правам, интересни се сами по себе ама кечерите никогаш. Но, со коментатори како овие сум гледал на саат да почнат. Знам дека има и негативци на кои не им се баш најомилени, но не сакам да започнам дебата во врска со тоа. Туку сакам да прашам дали некој може да ги најде сите снимени/коментирани епизоди на нинџа уориорс и кечери од нив за да можам неколку вечери да си ги изгледам сите дома со друштво и сите убаво да си се изгазиме од смеење? :))
 
Шансите да ги најдеш тие освен ако немаш некој во Сител или кај и да се даваа се мнооооооооогу мали. Може да има нешо кратко на youtube али тешко...
Иначе се согласувам со тебе, многу се смешни :)
 
Еххх времиња...Томче беше коментатор....не сеа викса -.-
 
Закон беше Томче со нинџиве :D

И јас долго време ги барав тие снимки по интернет, но не успеав да ги најдам :(
 
Нема да најдете ни 1-2 минутно видео од ова ,никој не се ни потрудил да снима нити па некој од Сител а нити Томче не ставил на јутјуб
Така да здравје боже некогаш ако Сител им текне да пуштат реприза на Сител 3 ќе гледате
до тогаш гледајте со српски коментатор
 
Томче и Џака, прекрасно дуо, само да ги слушаш да ти е мерак :D
 
Штета што немаме таква торент култура или некоја онлајн заедница каде што ќе си ги собираме и споделуваме македонцките работи, како што им е на бугарите на пример замунда или аренабг и др. Тие на пример си ги качуваат сите поголеми шоуа што им се вртат по телевизиите и тоа така фино си ги каталогизираат тоа е чудо. Да ти е мерак да си најдеш нешто и да си изгледаш. Имаше еден македонски тракер tracker-mk.com, но беше со многу слаба активснот. Таму колку толку се наоѓаа уникатни македонски работи ама и тој отиде по ѓаволите..
 
има и еден форум не толку познат кај што има македонски филмови,серии ,ама за жал нема вакви шоуа да се симнат
Код:
rapidmacedonia.forummk.com
 
Сител преку ноќ репризираат стари емисии, па да се надеваме дека ќе им текне да ги пуштат и нинџиве :D
 
После точно 10 години правам некромансинг на оваа тема. :D

Дали некој има нешто ново на оваа тема? Мислам дека ако сега ги ископаме, сеуште би се газел од смеење по земја. Кечериите и Ninja Warrior.

Или некој ако има повеќе инфо за коментаторите некаков контакт за да ги пронајдам на фејсбук или некако, било како. Решен сум да ги најдам емисииве!
 
Томче од поодамна во Сител утринската има свој дел каде оди по селава и прави репортажа, интервју со жители таму.

Како и што пишуваме предходно шансите да ги најдеш емисииве и тоа со аудио коментари на македонски од Томче се премногу мали а скоро и нема шанси да се најдат.

Кечерите мислам беа на А1 и целата архива од А1 бог знае каде е и дали воопшто некој има нешто зачувано или скапало во објектот во Перо Наков каде што и беше А1 телевизија.

Ninja Warrior не се сеќавам точно на која телевизија беше. Дали Сител или А1.

Исто така ние немаме екипи како бугарите, србите, хрватите што снимаат од телевизии доста работи па да може да се најде на интернет нелегално. Еден TrackerMk што го имаме таму никој нема што снимал нешто. Еден период пред неколку години имаше луѓе што по нешто ќе снимеа ама сега веќе тоа го нема. Денес е трка за сопствен подобар живот, многу се иселија да работат во други држави и се нема време за ова.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom