Одбојка на песок (жени и мажи) - играме на 05.07 - Сезона 2014!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Падна договор меѓу Величествената и мене да организираме женска одбојка по можност наредниот викенд на теренчето во ЈБТ. За тие што не знаат, теренот е чиста 10ка, со песок, квалитетна мрежа и соблекувални. Само што игравме ние две и супер забава имаше. Се плаќа 400 денари од саат, што нема да е проблем бидејќи се исплати.

Да не ставаме дати ајде, да видиме прво кои би биле заинтересирани да играат, за термин лесно е, ќе договориме :)

Заинтересирани? :)

leandra Princess Of Evil Ligeia ви се игра?
 
Може да дојдеме да пукаме сеир? :D
 
Може бе , слободно :)
 
Женски не само шо ќе се размрдаме, туку и ќе се изнасмееме. Не е битно дали знаете да играте одбојка или не, битно да се дружиме ;)
На кој му се игра нека се пише на список, дата ќе договориме, теренот и условите се ТОП. Ваљда ќе имаме и навивачи :icon_lol:
 
782115.jpg
:D
 
Играте? Не играте? Зошто? :)

Пред малку завршивме со играње со StandingStill, Ilumious, Никел, -Hanibal-, Kaiser и Величествената и морам да кажам дека топ сме се истрчале и издувале. Некако успеав да го измијам песокот од мене, па викам да склопам тема која ќе служи за организирање во иднина. Има ли заинтересирани повторно да се собереме во вторник околу 20 часот? Иако има бесплатни игралишта покрај кеј, сепак мислам дека новото игралиште во ЈБТ е далеку подобро од нив... Играме 3 на 3, ама игралиштето комотно трпи и 4 на 4 (мажи и жени мешано). Замени се добредојдени, зошто има доста трчање и мавање :)

Olympics+Day+1+Beach+Volleyball+1EZIQSSHV89l.jpg

Па, слободно пријавувајте се :)
 
Вторник, 20ч. it is...
 
Види ги ова жениве себични, играме во мешан состав. Само вие нема никад да се соберете :)

Вторник 20 ч. :)
 
E да бе нема да се собереме :icon_lol:
Oд толку женски на форумов, гарант 6 или 8 ќе пројават желба за одбојка на песок ;)
 
И јас се пријавувам само да се чекаме негде, зашто не сум го видела теренот и не знам точно каде е ;)
 
1. Ilumious
2. Величествената
3. Acid
4. Никел
5. Топче
6. StandingStill
7. la-loca

Гимназија Јосип Броз знаеш каде е? Епа, ова е игралиштето позади, не се промашува, осветлено е...


Има место до 12 души (3 екипи по 4 души), така да, слободно пријавувајте се :)
 
И јас се пријавувам само да се чекаме негде, зашто не сум го видела теренот и не знам точно каде е ;)

Знаеш каде е средното ЈБТ? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom