Дали се нормални овие од ФЗО?

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Болните од рак не се ослободени од партиципација за лекувањето. Буџетите со кои располагаат од година на година чудесно се крадат по разни основи, па така имате намалување на бројот на покриени операции на срце итн итн. Ама она што најмногу ме револтира е се поголемиот број на апели за помош на мали дечиња. Спијат ли овие од фондов? Дечињава мака мачат да останат живи преку донаторски акции. Нели е време да си ја чукнат главата дека на децава им треба помош за да си го спасат животот? За ништо они немаат пари, а за сè наплаќаат партиципации. СРАМОТА! Мали деца одат на душа на тој скапан фонд.

И кога сме кај хуманитарни акции и мобилни оператори. Нели е страшна глупост да наплаќаш ДДВ на донација? И плус што глумат лудило од ОНЕ, со нивната полиса нивен број да може да се користи за донација само ако лекувањето се одвива во странство? Демек овде кај нас операцииве живо џабе, па само за во странство ќе донираме:facepalm:
 
Се е тоа да се срамни со земја. За греота децата, увек кога ќе прочитам таква тема дека има бес ме фаќа :mad:
 
Ваквите кои профититаат на маката на луѓето кои им виси животот на конец треба од НАТО да бидат бомбардирани. Тоа со ддв-то кое го земаат при донација се коси со сите морални и етички норми племе им нивно индијанско. Под итно да си сменат закон и да се откажат од тоа. Фондот при ребаланс треба да добива највеќе буџет поради вакви работи. Срамота е ова што го прават.
 
Дури целосно не се вратиме во Барок ова ќе се дешава....keep going....после сме оделе нагоре, одиме нагоре ама мн нагоре на кај Горниот :/ Тешко на дечињата
 
Па нели Никола Груевски ветуваше пред избори дека повеќе нема да има донации и дека државата ќе ги плаќа сите операции во странство а пациентите ќе учествуваат симболично со по 200 евра!
 
Па нели Никола Груевски ветуваше пред избори дека повеќе нема да има донации и дека државата ќе ги плаќа сите операции во странство а пациентите ќе учествуваат симболично со по 200 евра!
Има некаков запис од ова? Ова е премногу добро дури и за да биде изјавено во предизборна еуфорија :)
 
Па нели Никола Груевски ветуваше пред избори дека повеќе нема да има донации и дека државата ќе ги плаќа сите операции во странство а пациентите ќе учествуваат симболично со по 200 евра!
Филм.
Туку фондот има пари, но тие пари по чудни канали се излеваат во нечиј џеб и за финансирање на политички кампањи. Да треба да молиш за лек или да ти го стават лекот на листа која ќе ја финансираат. Немаат интерес се е тоа мафија. Без интерес слободно нека умрат децата кој се борат за живот, да е за нивното да видиш како за две минути ќе одобрат пари.
ДДВ-то под итно треба да се скрати! Државата од една страна зема пари од донации од друга страна не им дава на децата на кој им треба помош. Тоа е таков зачаран круг за крадење од народот.
Или нека се сменат или нека го избришат од Уставот делот социјална држава, ние сме далеку од социјална со социјална помош од 15 евра. Ништо вредно не сменија, само шминка, мора нешто бугарско да има во нив.
 
Има некаков запис од ова? Ова е премногу добро дури и за да биде изјавено во предизборна еуфорија :)

Повели:)
--- надополнето: 30 мај 2012 во 21:55 ---
Датум: 19.08.2009, 19:16
Децата бесплатно ќе се лекуваат во странство
На новата листа ќе има и цитостатици и лекови за кардиоваскуларни болести, реши вчера Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување
384E2361C63E10419CB43A1ADA94ACBF.jpg

Државата целосно ќе ги плаќа трошоците за лекување деца во странство, а на новата позитивна листа ќе се најдат и цитостатици и лекови за кардиоваскуларни болести, реши вчера Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување. Проширената листа со лекови ќе се усвои за околу еден месец. Тоа значи дека овие лекови за околу еден месец ќе може да се земат од аптеките со претходно добиениот лекарски рецепт од матичен лекар.

Заради ова Одборот донесе одлука да ја повлече последната верзија на позитивната листа која кон крајот на јули беше проширена со 39 лека и пет препарати. Кога во септември ќе стапи во сила оваа листа на лекови тоа ќе претставува значително олеснување за пациентите бидејќи за овие лекови досега морале да издвојуваат многу пари, кои подоцна делумно и' беа враќани од Фондот.

- Решивме да ги плаќаме во целосен износ сите трошоци за лекување на деца заедно со транспортот, а не како досега да покриваме само 80 отсто од тие трошоци. Разликата од 20 проценти најчесто беше преголема за финансиските можности на семејствата. Повлекувањето на позитивната листа, која веќе беше објавена, го направивме и затоа што треба да се направи и посебен правилник со кој ќе се предвиди начинот на кој во иднина лековите ќе се ставаат на позитивната листа - изјавија во Фондот.

Кога во јули стапи во сила новата позитивна листа на лекови на неа беа ставени лекови за простата, за чир на желудник, сепса, Паркинсоновата болест, остеопороза, инхалатори за астматичарите, антитромбостатици... Меѓутоа, и покрај ова имаше поплаки дека проширувањето не е доволно бидејќи потребно е да се додадат уште и цитостатици и лекови за кардиоваскуларни болести. Фондот тогаш најави дека е можно наесен во позитивната листа, која во јули содржеле 961 лек, да се вклучат и нови лекови.

(Б.Ѓ.)
--- надополнето: 30 мај 2012 во 21:59 ---

Секој ден заминуваат млади од државава и не се враќаат! Наталитетот во речиси сите општини е опаднат - се намалува популацијата. Баш ме интересира кога ќе пукне тиквата за да видиме кој е за на бесилка!

На деца што се борат за живот не сакаат/нема да дадат пари а да порачуваат 30 Пасати за министрите, пратениците по 20 000 евра земаат годишно само за бензин, се прават ангели и каакви не споменици.

Па народе ова и у турско не било!
 
Има некаков запис од ова? Ова е премногу добро дури и за да биде изјавено во предизборна еуфорија :)
Еве ти инфо друже, до сега за жал ништо од ова ветеново

Ќе ја измениме Одредбата за висината на партиципацијата при лекување во странство, односно ќе овозможиме максималниот износ на висина на учество на осигуреникот да биде 12.000 денари. Преку потпишување на договори со странски болници и соодветни законски и подзаконски измени, ќе ги растовариме македонските осигуреници од партиципацијата која сега изнесува 20% од вредноста на операцијата во странство. Ефектот ќе биде крај на апелите за помош преку медиуми, поради маката на родителите или пациентите да ги обезбедат тие 20%. Носител: Министерството за здравство и ФЗОМ.

Извор
13-та страна доле, 14-та на почетокот
 
Кога ќе пишам во други теми дека живееме како да сме под окупација и дека за државава не би потрошил ни плунка одма сите ми викаат дека сум анти-Македонец и дека не ја сакам државата.

Во право се не ја сакам државата ја презирам али си ја сакам земјата.А ова начин на живот не е.
 
Не се нормални и ова е срамота невидена.
Треба за ова глави да летаат.
 
Повели:)
--- надополнето: 30 мај 2012 во 21:55 ---
Датум: 19.08.2009, 19:16
Децата бесплатно ќе се лекуваат во странство
На новата листа ќе има и цитостатици и лекови за кардиоваскуларни болести, реши вчера Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување
384E2361C63E10419CB43A1ADA94ACBF.jpg

Државата целосно ќе ги плаќа трошоците за лекување деца во странство, а на новата позитивна листа ќе се најдат и цитостатици и лекови за кардиоваскуларни болести, реши вчера Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување. Проширената листа со лекови ќе се усвои за околу еден месец. Тоа значи дека овие лекови за околу еден месец ќе може да се земат од аптеките со претходно добиениот лекарски рецепт од матичен лекар.

Заради ова Одборот донесе одлука да ја повлече последната верзија на позитивната листа која кон крајот на јули беше проширена со 39 лека и пет препарати. Кога во септември ќе стапи во сила оваа листа на лекови тоа ќе претставува значително олеснување за пациентите бидејќи за овие лекови досега морале да издвојуваат многу пари, кои подоцна делумно и' беа враќани од Фондот.

- Решивме да ги плаќаме во целосен износ сите трошоци за лекување на деца заедно со транспортот, а не како досега да покриваме само 80 отсто од тие трошоци. Разликата од 20 проценти најчесто беше преголема за финансиските можности на семејствата. Повлекувањето на позитивната листа, која веќе беше објавена, го направивме и затоа што треба да се направи и посебен правилник со кој ќе се предвиди начинот на кој во иднина лековите ќе се ставаат на позитивната листа - изјавија во Фондот.

Кога во јули стапи во сила новата позитивна листа на лекови на неа беа ставени лекови за простата, за чир на желудник, сепса, Паркинсоновата болест, остеопороза, инхалатори за астматичарите, антитромбостатици... Меѓутоа, и покрај ова имаше поплаки дека проширувањето не е доволно бидејќи потребно е да се додадат уште и цитостатици и лекови за кардиоваскуларни болести. Фондот тогаш најави дека е можно наесен во позитивната листа, која во јули содржеле 961 лек, да се вклучат и нови лекови.

(Б.Ѓ.)
--- надополнето: 30 мај 2012 во 21:59 ---

Секој ден заминуваат млади од државава и не се враќаат! Наталитетот во речиси сите општини е опаднат - се намалува популацијата. Баш ме интересира кога ќе пукне тиквата за да видиме кој е за на бесилка!

На деца што се борат за живот не сакаат/нема да дадат пари а да порачуваат 30 Пасати за министрите, пратениците по 20 000 евра земаат годишно само за бензин, се прават ангели и каакви не споменици.

Па народе ова и у турско не било!
Смрди од кај главата ама се чисти од кај опашката, е сега кога ке пукне тиквата . Прво на бесилка одат тие што ги подржуваат и упорно рикаат како магариња дека од оваа влада подобра немало. Еве кога ке се почне со бесилки и такви работи меѓу првите треба да биде овој Господин или оној што ко божем модерира на религија.
Оние на врвот не би можеле да опстојат таму без овие ваквите,жалосно и греота ама тоа му е судбата на македонецот. А и големите секогаш први ги снемува,оставајки ги лигушите да одговараат за нивните не дела,а народ ко народ тогаш не гледа врз кого едноставно гледа да го истури бесот врз некого.
Тоа ти е батка,такво време дојде што да правиш дунав иде мил живот колко моеш ке се спасиш па и да погинеш.
На форумов кога ке пишеш дека наместо да даваат пари на ојдбокари ракометари кошаркари,да ги дадат на деца кој имаат потреба од тоа копиљана ти реплицира дека ете требало да им дадат пари на спортистите,а тие требало да организираат хуманитарни настани за донации, аман за аман толку испран е мозокот на народов, нормално им е дека кога ке треба да се оперира дете или возрасен родитетите на тоа дете треба да просат за нивнотро дете да остане живо.
 
Еден споменик од 15 милијони евра = 150 лечења во странство од по 100.000 евра = долг период без очајнички апели за помош, донации, концерти, агонија....
На многумина не им се дава ниту таа шанса со 80% оти и а тие решава комисија, решава дали ке ти дадат последна шанса за живот или ке умреш без таа шанса оти пресметале дека ти се мали шансите да преживееш и со тоа лечење... Тешко на тој што ке се најде во таква агонија и тешко на неговите... Тешко на сите нам кои живееме во држава во која здравството се става на опашката, дури и пониско од опашката, под јајцата на букефал...
 
Се додека гледам дечиња како Филип кои немаат пари да си го спасат животот зашто Фондот "нема пари", слободно нека ме прашаат за кого ќе гласам на телефон или нека ми дојдат на врата. Ова не е нормално. Јас не паметам досега да сум видела волкав наплив од апели за помош за донации на болни дечиња. Лопови и бездушници еден куп, они ми расправаат малоумни муабети за предавници и патриоти, купуваат коли за министри и градоначалници. Кој ги врти маливе, нека умираат. Пу!

filip-apel.jpg-240.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom