Никој не живее со 8 000 денари, ако има таков нека ни ја каже таа волшебна математика, секој подработува нешто повеке, дали земјоделие дали нешто друго... нема математика со која може да се истера цел месец со 8 000. Еве јас имам 9 месечно бебе и мојата математика е некаде околу 6.500 денари месечно за памперс, млеко нан 2, разни сокчиња, кашички, павличеви масти, влажни марамчиња и сл. значи основни работи, а да не рачунаме дека неколку пати месечно се оди на доктор, сирупчиња (сите сирупи се од 200- 300 денари па нагоре и до 1000 денари), редовни контроли кај ортопед (1000 денари преглед), секој месец се купуваат вакви такви облеки за детето, чевличиња, дубанчиња, колички, играчки, крштевки.... така да мислам дека просечно трошокот за едно бебе е околу 10.000 денари месечно. И јасно е дека како детето ке расти трошокот ке се зголемува. Ке те носи и по неколкупати во дуќанот по сладолед, чоколади, мастики... потоа ке дојде училиштето што значи книги, школарини, хранарини, поскапа облека, поскапи обувки, екскурзии, тачаци, компјутери, џепарлак, телефони.... после ке дојдат матури, излегувања, автомобили, бензини, одмори, факултети, партиципации... и така потребите и трошокот перманентно ке се зголемуваат. Да помислиме и на тоа дека секогаш и не е по 1 дете туку некогаш се и повеке. Каде со 3 000 денари алиментација? Што вредат 3 000 кога тоа е една месечна сметка за парно или струја или кубик дрва... И тука е проблемот што целиот товар останува на самохраниот родотел. И погоре рековме супер за тие што има кој да им помогне како во случајот со твојот пријател чија што бивша сопруга ете има помош од родителите и може би не е во тешка состојба па можи да си дозволи дури и ништо да не работи и за таквите на кој има кој имаат нечија подршка или се самите доволно ербап рековме дека немора да се превзема ништо посебно во смисла на помош....