Дали би донирале јајце клетки или сперма?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ineka
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би донирале јајце клетка или сперма за 5000$???

  • Да

    Гласови: 166 68,3%
  • Не

    Гласови: 77 31,7%

  • Вкупно гласачи
    243
Реално да збориме 5000 долари е многу за наш стандард, за оваа наша земја, можеби функционира тоа во Америка, ама сите знаеме дека е друга ситуација во Америка, друга кај нас.
Реалната сума кај нас би била околу 1000 евра, што според мене е доста прифатлива и нормална цифра.
 
Не би донирала јајце клетка бидејќи тоа не е решение. Прво, не сакам да има мои деца некаде, а јас да не сум свесна кои се, па замислете пример моја ќерка и некој си мој син што не го знам се земат? и тие не знаат за тоа, и децата им бидат деформирани? Второ, ако некој умира да има дете, има толку гладни и незгрижени деца на светов, па зошто да не се разубави живтот на некое детенце без родители? Поентата ми е, што ќе прави дете што и онака не е негово, кога веќе има на кого да даде семејство и родителска љубов и грижа.
 
Тоа е една од највредните работи кои можеш да ги поклониш некому. Би донирал на пар кој знам дека ке му пружи на тоа дете љубов и добар живот. Една од најтажните работи во животот е да сакаш а да неможеш да имаш деца.

Воопшто не би ми пречело да знам дека некаде има мое дете, напротив би се гордеел со фактот дека сум помогнал некому да стане родител. Не би се чувствувал како татко на тоа дете, затоа што мајка/татко не е само во ДНК поврзаноста.
 
Иако е малце спуки се согласувам ама би донирал сперма зошто да не им помагаш на разни брачни парови кои немаат деца а и ти ќе земеш некоја пара а тоа што _ZlObNiCa рече генетски болести има голема низа испитувања не може туку така јас да си пријавам и одма да донирам без никакви процедури
 
Јок, може ќе и ја дадат на некоја глупача. Не сакам мои копии некои други да ги чуваат. :icon_lol:
 
ЈОК БРЕ!!!

Sent from my SM-G318H using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom