Загрозени, ретки и изумрени животни

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Среда, 07 Март 2012 15:12​

Сподели
83

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Македонското еколошко друштво (МЕС) утре ќе ги истакне податоците од ловењето на уште еден балкански рис-мажјак.

ris1500.jpg

Ова е втор рис кој е уловен на територијата на Македонија за потреби на науката и му е поставен ГПС уред. Од МЕС информираат дека рисот со име Ристе во понеделникот бил фатен со специјална замка поставена на планината Стогово на територијата на ловиштето „Душегубица“ во сопственост на Македонски шуми.
МЕС веќе шест години работи на Програмата за закрепнување на балканскиот рис. Првиот рис на кој исто така му беше поставен ГПС околувратник беше уловен во замка во март 2010 година во Националниот парк „Маврово“ по долината на Радика во близина на Сенце. Двете единки моментно се наоѓаат на слобода.
 
Што се случува со Амурскиот/сибирскиот Тигар? И сите други Тигри на светот?
Можеби денеска има повеќе Тигри како миленици отколку во дивината...
 
Маврово (2) , Стогово (2) , Пелистер (1) :)


Martin-3.jpg
New-Picture2.bmp

Останати за регистрирање според сведоштва на ловџии - на Галичица, Јабланица, Осогово многу веројатно и под знак прашалник Караџица и Плачковица каде најверојатно е истребен.

ЕБОР ја усвои жалбата за „Бошков Мост“ поднесена од Еко-свест


lg.php


Рисови има и на Пелистер
Само повозрасните планинари и ловџии од Битола и околните села досега раскажуваа дека има рис и на Пелистер, но, се остануваше само на раскажување. Се до пред неколку дена. Скриената камера на ренџерската служба на Националниот парк Пелистер регистрира ноќна снимка на рис.
mkd-88129.jpg
„Националниот парк Пелистер, покрај заштитата на растителниот и животинскиот свет во рамките на паркот, се повеќе полага внимание и на мониторингот и научното следење на дел од видовите кои се постојани жители на Пелистер. Покрај мечката, волкот, дивата свиња, лисицата, срните и срндаците, дивата коза и друг покрупен дивеч, сега можеме да се пофалиме и со автентично присуството на Балканскиот рис (Lynx lynx). Нашата желба и настојување во иднина ќе биде да направиме дневна и поубава снимка на рисот. Еден од нашите наредни проекти сигурно е дека ќе биде и целосно истражување на рисот на Пелистер, и да го утврдиме ареалот на неговото движење“, вели Пеце Цветановски, одговорен за односи со јавноста на НП Пелистер.​
mkd-88130.jpg
Тој вели дека пред два месеца била направена уште една снимка на две единки, кои многу наликувале на рис, но фотографијата не била доволно јасна, па заради тоа не ја објавиле таа информација. Исто така, раскажува Цветановски, имале и снимени крици, ноќна љубовна игра на рисот, снимени од еден британски научник кој се занимавал со проучување на крици и гласови на птиците, „но тоа го зедовме како позитивен, но недоволен доказ“.​
Лани во ноември, членовите на Македонското еколошко друштво (МЕД) соопштија дека заловиле и трет рис на планината Стогово, Кичевско, а по поставувањето на околувратник за следење на движењето бил пуштен. МЕД веќе седум години работи на проект за закрепнување на балканскиот рис.​
Рисот Марко, кому прв му беше поставен ГПС-околувратник, беше заловен во замка во март 2010 година, во Националниот парк Маврово.​
Вториот рис со истиот метод беше фатен и ослободен во март 2012 година на територијата на ловиштето „Душегубица“ на Македонски шуми, подружница Лопушник-Кичево.​
mkd-88131.jpg
 
Clouded Leopard е загрозен вид. Прекрасни животни се. Тешко се размножуваат зошто ако не е запознаен мажјакот со женката пред да наполни година, тој ја убива.
42_15d0b12d2c691ef739ea96b779ce5f6e.jpg
 

Па не плаќаат баш многу, 43 евра за 5.5 кг див лосос
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom