Шах

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене треба да јаде бан, и да му се забрани да игра на фиде евенти засекогаш! Ама кој сум јас? И дали има докази? За жал на презумпции не можеме ништо...
Јал дечкито банови на chess.com ама после се навртел накај Магнус и Хикару и ги тужел за $100 милиони. Може затоа FIDE не смее да го банира, ќе ги тужи и нив за клевета.
Не следам шах но откако почна аферата со Ханс, сѐ стана доста интересно. На Јутуб излегоа видеа од специјалисти по применета статистика кои анализираа совпаѓање на потезите на Ханс на сите мечеви одиграни онлајн и лице в лице со потезите кои вештачката интелигенција би ги повлекла и нашле тесно совпаѓање во 200 мечеви. 19-годишниот Ханс на меч со 12-годишник од Индија, му заборавив име, е најден со потези кои тесно следат потези кои вештачката интелигенција би ги повлекла. Значи морал да вара против… дете?! Е кај ќе ти иде душата Ханс…
Накаде иде вештачката интелигенција во шахот пак е приказна за себе, АлфаЗеро има ЕЛО од 3000 ако не се лажам, недостижно за човечки шахист.
Врвните шахисти имале свои Јутуб канали и стримови, коментирале партии и си се дружеле што беше забавно да се гледа, гикчиња си играат шах и си се дружат. Хикару предничи во тој поглед, забавно е да се гледаат неговите коментари, стримовите траат со саати, изгледа како отворен човек и позитивна личност. За разлика од Ханс… мрак… игра партија шах со една од сестрите Ботез за да ја одведе на дејт. Еј загрозена личност ‍♂️ и толку од него до јавноста. “Моите потези зборуваат сами за себе “ и џом да го нема, неќе ни сопствените партии да ги коментира.
 
Затоа и реков дека да беше до мене, ќе јадеше бан, така да сигурно би било "клевета" било каков бан од фиде моментално. Инаку фино што си се заинтересирал за шах, што повеќе играчи и следачи тоа подобро за играта. AlphaZero е многу појак од 3000 ело, а дали тоа е недостижен рејтинг за човек останува да видиме со оглед на тоа што секоја декада се поместуваат границите, па и Магнус беше доста блиску до 2900ело. Ханс и самиот е исклучително јак играч без никаква помош од компјутер, меѓутоа според мене не заслужува да биде таму каде што е моментално. И последна поента на која што сакам да прокоментирам е за децата во шахот,односно дека ова е еден од ретките спортови каде ако си дете не ти се попушта против повозрасен. Кога веќе се вратив да коментирам на форумов, а и на играта по подолго време, да не има заинтересирани за кајгана шах турнир в2? :)
 
Една многу интересна психолошка партија се разбира со моја победа.
 
Од нигде никаде и бот Danny со 2500 рејтинг падна, уште Danya 2650 ми остана од бесплатните за комплетна колекција. И баш на анализава гледам b4 great move на 27ми потег, ми текна на една легендарна изјава на Agadmator "b4 is winning move in almost every position" :D 2 топа > кралица

 
Јака партија од страна на Динг и типично ноншалантно од страна на Јан.
 

Не сум знаел за ова :) Иначе ќе навивав за него.
Бев за Непо и лани и годинава, имаше поише шанси за победа воопшто, а Динг од постојано во дефанзива, неколкуте шанси што ги имаше ги искористи.

Иначе финалето годинава требаше да биде Руско, Карјакин поради подршката на Путин и војната во Украина го суспендираа куртоните од ФИДЕ.. сегде политика се умешува више у пм.
Динг искористи во последен момент пласман во финале, го порази Хикару, Магнус Карлсен доброволно се повлече, Карјакин го суспендираа. И на крај си освои, прв кинез у историја светски шампион у шах (y)
 
Вкупниот број на сите можни шаховски комбинации е: 18446744073709551615...

Извор: Шаховска енциклопедија.
 
RIP починал пред некој ден, сега видов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom