Добра ГПС навигација за Андроид

  • Креатор на темата Креатор на темата nj9x
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
Купив HTC Sensation пред некое време и сега би сакал да инсталирам некоја добра апликација за навигација којашто не бара активна интернет конекција, а и да ги има мапите за Македонија нема да биде лошо :). Препораки?
 
Можеш да си инсталираш iGO или CoPilot, проблемот кај iGO-то е што резолуцијата нема да одговара за твојот телефон, навигацијата ќе биде само на 3/4 од дисплејот ама пак ќе ја имаш мапата за Македонија а исто така и со инсталација на CoPilot-от ќе ја имаш мапата на Македонија.
 
Locus e доста добра опција и е бесплатна
 
Фала на сите :). Пробав да Гуглам, ама постојано ми излегуваа некои леви апликации :D.
 
Разгуглај малце и ќе најдеш.

Значи ти кога ќе одиш на доктор и ќе му кажеш дека те боли срцето дали очекуваш докторот да ти каже ГУГЛАЈ малце и најди си го лекот :vozbud:
Или дај конретен одговор или воопшто не пиши...
 
штета шо нема гармин за андроид... подобра навигација искрено никаде немам сретнато. скоро сите апликации шо се фо маркетот за навигација бараат интернет а оние кои работат само со gps немаат убави мапи
 
Можеш да си инсталираш iGO или CoPilot, проблемот кај iGO-то е што резолуцијата нема да одговара за твојот телефон, навигацијата ќе биде само на 3/4 од дисплејот ама пак ќе ја имаш мапата за Македонија а исто така и со инсталација на CoPilot-от ќе ја имаш мапата на Македонија.

Има решение за резолуцијата ќе најдеш apk фајл со поголема или помала резолуција за твојот Андроид.

Но проблемот со Igo што е дизајниран за Windows Mobile а верзијата на Андроид е асемблирана за Линукс значи нема официјална верзија од страна на производителот.

Можно е да работи побавно и да касни малце со сликата ,кај и да е ќе искочи верзијата за Линукс Гармин па че имаме можност да користиме оригинален софтвер за Андроид.
 
Гледам дека не разбираш баш од тие работи, HTC Sensation има резолуција од 540 X 960, досега за таа резолуција нема излезено соодветен софтвер од iGO, ако го инсталираш оној што е од HTC Desire HD ќе ја гледаш навигацијата само на 3/4 од дисплејот, колку сакаш измени прави во SYS текстот се ти е џабе.
Овде можеш да прочиташ повеќе за Андроидот, дали има или нема официјална верзија!
 
Едно знам дека ИГО си работи најдобро на своите уреди е сега не видов за Андроид специјална верзија,значи твојот телефон не е компатибилен а јас сум добро информиран.

Јас имам Сони Експирија x8 и кај мене верзијата за Андроид работи бавно по форумите видов дека сеуште нема верзија што работи побрзо кога ќе има информирај ме и линкот да ја симнам и тестирам.Поздрав
 
Како тоа ти работи бавно?
Кај сите работи сосема нормално а само кај тебе бавно?
Провери си го телефонот, GPS приемникот во телефонот а грешката не ја барај во програмата, Андроид е Андроид, без разлика на кој телефон е инсталиран!
 
Мислам дека сум ги пробал и убаво сум ги истестирал сите можни софтвери за навигација што постојат (освен Том Том) па еве го крајниот заклучок.

Гармин НЕ Е НАЈДОБАР. Лоша работа е што ги мешате мапите со софтверот, па ако има добри мапи, тогаш и софтверот... Епа не е така, затоа во иднина тие што немате појма, не тресете зелени. Едни компании прават софтвер за нацигација, други прават мапи. Мапите што ги користат повеќето софтвери за навигација или се од Navteq или се од Tele Atlas, а поретко се среќава и Open Street Maps. За Македонија а богами и за балканов, Navteq е најдетална, нивна е убавата мапа за Македнија, така да на кој софтвер и да ја ставите, мапата и точките од интерес се тие. Се разбира треба да гледате која верзија ја ставате, понова или постара, повеќе или помалце детали и слично. За европскиве земји, што и да одберете нема да згрешите. Кај едните може да има некоја точка од интерес плус, кај други друга, али ништо значајно.
Е сега iGO како софтвер е најлесен, најпрактичен и најбрз за користење. Попаметен е од гарминот кога бараш нешто и сл. Незнам кој спомна горе за прецизнос... Не тресете зелени ќе ве молам кога немате појма:) Официјално си постои за Android и официјално и лично истестирано е прецизен колку што дозволува GPS технологијата за комерцијална употреба. Вчера се вратив од одмор. Без iGO немаше ни да стигнам фала богу. Прекрасен софтвер, 0% утка има кај него ако имаш убави мапи. Да не почнам само да зборам колку поубаво објаснува гласовната навигација кај треба да вртиш за разлика од Гарминот. Не е проблем кога имаш раскрсница лево десно и право, проблемот е кога имаш 7 кривини со во нив одма уште по 2 кривини, и кога ќе дојдеш да се чудиш низ кој пат да пројдеш. Гарминот тука е прилично мутав и тежок за разбирање. Не треба јас да учам за да разберам што сака да ми каже, треба навигацијата на мене да ми служи, од најмутав до најпаметен шофер без да гледа во екранот да може да се снајде и ова е многу битно. Навигација не се тестира на паркинг во скопје или да искочите на партизанска и да видите како функционира.
Гарминот ептен се фураше до пред неколку години од причина што скоро сите користеа Симбианци (немаше iOS или Android) и беше единствен софтвер што имаше квалитетни мапи за македонија за него и не бараше интернет. Арно ама спијат малце хрватите, колку години веќе немаат ништо сменето во интерфејсот? Одкако знам за Гармин од пред 4-5 години, ништо ама буквално ништо немаат променето, истиот интерфејст кој тогаш сме го користеле зашто сме биле приморани, па некако сме се навикнувале, а сега кога имаш да бираш нешто подобро и попаметно, премногу мутав изгледа Гарминот. Незнам само кога ќе се освестат да направат промена кон подобро.

Додека за HTC Sensation, џабе ќе се мачиш да ја смениш резолуцијата, што се не пробав, не прочитав на некој да му успеало. Ќе мора да почекаме да искочи убава верзија за нашиот модел. Јас имам исто Сензешјн и не е толку страшно ако ти е пресечен екранот. Ќе инсталираш верзија со резолуција 800x480, како Галакси С што има и таа користи ја. Отприлика 4 инчи ќе ти е екранот, може уште нешто помалце, али супер се гледа, нема да ти бара интернет, имаш прекрасни мапи и ќе видиш дека кога ќе возиш доволно ќе ти е да слушаш што ќе ти збори, нема да имаш многу потреба да гледаш во екранот.
 
Јас симнав CoPilot, не е битно можам и iGO да симнам она што ме интересира е КАКО да ги инсталирам и како да најдам мапи од Македонија и грција и како да ги инсталирам истите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom