Kако не сум ја видел темава порано да му се сневиди! Кик бокс е спорт кој сеуште жалам што неможев да продолжам да го тренирам.
Незнам колку сте запознаени со македонските кик боксери, од активните би ги издвоил Александре Стајковски и Мичо Ребрановиќ! Комплетни и како спортисти и како личности. Штета што на интернет неможе да се најде слика од нив во борба! И двајцата имаат бројни европски титули. Еве еден текст поврзан со нивните успеси:
Милан Ребреновиќ и Александре Стајковски со освоените петти места беа нашите најуспешни претставници на 14. Светско првенство во кик-бокс, што се одржа на Јалта. Ребреновиќ по загубената борба за сребрениот медал од Мароканецот Таоли се најде на 5. место во дисциплината таи кик-бокс до 91 килограм, додека Стајковски беше поразен во борбата за бронзениот медал од Украинецот Лаевски во дисциплината ЛОУ кик до 71 килограм. Успешен настап имаше и Расим Алити, кој го освои 7. место во дисциплината лоу кик до 51 килограм.
На СП учествуваа 1.738 натпреварувачи од 58 земји.
(текст од Вест, објавен на 10.03.2003)