Зоолошка градина - Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
T

Tetro

Гостин
Пребарав и не најдов официјална тема за ЗОО. Ако таква постои, нека спои модераторот.

Нов жител во ЗОО Скопје: персиски леопард

Зоолошката градина во Скопје има нови жители, овојпат персиски леопарди кои се донесени од Шведска. За прв пат, посетителите ќе можат да ги видат викендот кој ни предстои. Персискиот или уште познат како ирански леопард потекнува од Азија и се смета за ендемичен вид, поради неговата реткост.
Викендов сите во ЗОО!! : )
persian_leopard.jpg
 
Пред 5-6 месеци ја посетив Зоолошкава и бев многу пријатно изненаден.Само напред.
 
Одлично, ако е добро времево викендов ќе ја посетам после подолго време :)
 
Би сакал да видам како ја реновирале...неам отидено сигурно едно 7-8 години :)
 
Ќе се изненадиш пријатно:)

Супер ја имаат средено, но уште многу многу има работа, многу животни за првпат ќе се донесат во Скопје, многу живеалишта допрва ќе се градат, но прекрасно изгледа :)
 
Ја па не сум некој поддржувач на идејата за зоолошки градини. Мислам дека нивното постоење е апсолутно непотребно и неоправдано и единствено може да се објасни и поврзе со нашата егоистична и деструктивна природа. Значи од мене едно големо НЕ за зоолошките градини! НО, кога веќе имаме една, должни сме да создадеме и одржиме потребни услови (не знам колку е ова реално можно, ама ајде). Во последните две години, од мачилиште, нашата ЗОО прерасна во затвор со малку поподносливи услови за живот. Тоа е за пофалба.

И зошто бе, нема еден кафез со лујџе, на пример? А не дека не можеме да издвоиме еден пар, онака за изложба...:)
 
Пребарав и не најдов официјална тема за ЗОО. Ако таква постои, нека спои модераторот.

Нов жител во ЗОО Скопје: персиски леопард

Зоолошката градина во Скопје има нови жители, овојпат персиски леопарди кои се донесени од Шведска. За прв пат, посетителите ќе можат да ги видат викендот кој ни предстои. Персискиот или уште познат како ирански леопард потекнува од Азија и се смета за ендемичен вид, поради неговата реткост.
Викендов сите во ЗОО!! : )
persian_leopard.jpg

Искрено сериозно размислувам да ја посетам зоолошката Викендов, ајде ќе се договориме заедно да го посетиме персискиот леопард.
Кога сме кај зоолошките, во зоолошката во Битола ги има најлошите услови за живот што можете да ги замислите, останаа уште 10тина животни ( дел од нив домашни животни ) Живеат во мизерни услови ( нештко како во идризово само со животни). Доколку државата и општината не се способни да ја направат нормално место за живот на животните подобро нека ја турнат и оние животни кои останаа нека ги префрлат во Скопската зоолошка, кога станува збор за животни не смееме да гледам локал партиотки или партиски, реалноста е таа,
Не сме способни во една држава да имаме 2 зоолошки.
 
Ја па не сум некој поддржувач на идејата за зоолошки градини. Мислам дека нивното постоење е апсолутно непотребно и неоправдано и единствено може да се објасни и поврзе со нашата егоистична и деструктивна природа. Значи од мене едно големо НЕ за зоолошките градини! НО, кога веќе имаме една, должни сме да создадеме и одржиме потребни услови (не знам колку е ова реално можно, ама ајде). Во последните две години, од мачилиште, нашата ЗОО прерасна во затвор со малку поподносливи услови за живот. Тоа е за пофалба.

И зошто бе, нема еден кафез со лујџе, на пример? А не дека не можеме да издвоиме еден пар, онака за изложба...:)

За луѓе не е потребен посебен кафез. Мирослав Масин сосема добро се снајде во кафезот со мајмуните. Си “уживаже“ мислам еден месец таму. :)
Ако си кандидат можеш да го имитраш, ќе дојдеме да те гледаме. :)

Се сложувам со тебе дека зоолошките постојат за задоволување на човекови потреби а не за да се “спасат“ некои од животните.
Кога веќе ја имаме треба да се обезбедат што поприроди услови за престој на животните и добро е што последниве неколку години се подобрува изгледот и содржината на ЗОО-Скопје.
Децата често ги носам во зоолошката и убаво си поминуваат. Живеалиштата се се подобро средени и поголемиот дел од животните изгледаат релативно среќни.
Сериозен проблем претставуваат несовесните посетители. На ништо не личи да го маваш со камења кенгурот за да скока:uvo: или пак да ги вознемируваш (им се дереа) лавовите и тигрите за да ги предизвиаш да рикаат. Животните во зоолошката се за да можат да се видат и запознаат од блиску, а не се таму да не “забавуваат“ изведувајки егзибиции. Тие што го сакаат тоа нека одат во циркус, таму животните ги експлоатираат за забава на луѓето.
Иако не подржувам затворање на животни во кафези, сепак е добро да се посетува што повеќе зоолошката за да кога се веќе таму да им се обезбедат што подобри услови за живот.
 
Искрено сериозно размислувам да ја посетам зоолошката Викендов, ајде ќе се договориме заедно да го посетиме персискиот леопард.
Кога сме кај зоолошките, во зоолошката во Битола ги има најлошите услови за живот што можете да ги замислите, останаа уште 10тина животни ( дел од нив домашни животни ) Живеат во мизерни услови ( нештко како во идризово само со животни). Доколку државата и општината не се способни да ја направат нормално место за живот на животните подобро нека ја турнат и оние животни кои останаа нека ги префрлат во Скопската зоолошка, кога станува збор за животни не смееме да гледам локал партиотки или партиски, реалноста е таа,
Не сме способни во една држава да имаме 2 зоолошки.

бев предходниот понеделник убаво си поминав, забавно, и покрај тоа што над мене стоеше знак НЕ ГИ ХРАНЕТЕ ЖИВОТНИТЕ, неможев да одолеам на кроткоста на срните и да каснат по некоја смока од рака....

во врска со постов на брокер, идејата ми беше да реплицирам дека забележав оти на сите кафези,кај што имаше животно што бараат повеќе пари за да се донесат како и нивното одржување, стоеше реклама, а воедно и нејзин донатор...пример нешто налик: Kaфезот и животните се донација од семејството Костовски, или Филип втори, Seavus... не ме интересираат политиките и вложувањата, ама најверојатно голем дел од парите за нови животни се прибрани од реклама.... ете им пример на битолчани.
 
Во една зоолошка не е само животното, таму ртеба да се направи клупи, осветлување, живеалишта, партерно уредување и се останато за да може една зоолошка да заличи на зоолошка. Овде нема ништо. Последно нешто што се има изградено е во 1954, тогаш и се направи зоолошката во првите 10 години беа регистрирани околу 80.000 посети годишно. Сега зоолошката наликува на село, единствени животни се домашните животни, кучиња крави овци колку сакаш, еден лав неколку мајмуни и тоа ти е тоа. И најтрагичното е тоа што цената на билетот за влез е ист како и во Скопје.
 
Последен пат кога бев, ја напуштив со мислата „фала курцу, заврши уште една психолошка тортура. Но сега кога бев минатава недела (иако набрзинка), ме остави во троа попозитивен дух. Иако има уште многу да се работи, се надевам ќе биде успешно нејзиното заживејување.

Бев инаку и во Московската и Белградската, тие се далеку поголеми и поразновидни. Сепак да не петеруваме и да не се мериме со нив, подобро нека биде мала но средена, со неколку врсти отколку градена без план. Се надевам нема да ја направат таа грешка.
 
Еднаш во животот сум бил во зоолошка, и тоа не во Македонија. Сакам и ја викендов да ја посетам.
 
За луѓе не е потребен посебен кафез. Мирослав Масин сосема добро се снајде во кафезот со мајмуните. Си “уживаже“ мислам еден месец таму. :)
Ако си кандидат можеш да го имитраш, ќе дојдеме да те гледаме. :)

Се сложувам со тебе дека зоолошките постојат за задоволување на човекови потреби а не за да се “спасат“ некои од животните.
Кога веќе ја имаме треба да се обезбедат што поприроди услови за престој на животните и добро е што последниве неколку години се подобрува изгледот и содржината на ЗОО-Скопје.
Децата често ги носам во зоолошката и убаво си поминуваат. Живеалиштата се се подобро средени и поголемиот дел од животните изгледаат релативно среќни.
Сериозен проблем претставуваат несовесните посетители. На ништо не личи да го маваш со камења кенгурот за да скока:uvo: или пак да ги вознемируваш (им се дереа) лавовите и тигрите за да ги предизвиаш да рикаат. Животните во зоолошката се за да можат да се видат и запознаат од блиску, а не се таму да не “забавуваат“ изведувајки егзибиции. Тие што го сакаат тоа нека одат во циркус, таму животните ги експлоатираат за забава на луѓето.
Иако не подржувам затворање на животни во кафези, сепак е добро да се посетува што повеќе зоолошката за да кога се веќе таму да им се обезбедат што подобри услови за живот.

Имаш право, нашата градина сега има некое ниво, дури да не веруваш дека е наша:) Овој момент ме потсмири минатата пролет кога бев прв пат после мноооогу години ( а ја одбегнував од лични причини, да не ме дрмне некоја депресија). Искрено се надевам, дека ќе го задржи овој дух некое време.
За луѓе што на креативен начин ги стимулираат животните да скокаат или да рикаат, немам коментар, вакви сцени многу ме вознемируваат, просто да се срами човек од споствениот вид.

Сепак, сега местото е исполнето со различни содржини, ќе види човек среќни луѓе (што е реткост), растрчани деца, здрави и ухранети животни. Има надеж за нас...
 
Еден лав? Имаше два, машко и жената му, кога бев таму последен пат (2005 или 06-та некаде)

Да да уште се двата само женката поради некои причини ретко излегува од кафезот некои депресии ја имат манато :S Сепак не е тоа тоа, и најегзотичните животни да ги имаат нема во што да живеат, катастрофа услови, дури не може да влези ни во тоа здружението на зоолошки затоа што во Европа оваа чудо не го сметаат ни за зоолошка, како и да е ајде ќе исконтактираме викендот ќе ја посетиме кајганџиски зоолошката :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom