HACKER-хрватско списание за компјутери

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
по мене до сега најдобро пешатено издание за компјутери и компјутерска технологија особено за рецензии за игри
дали ви е позната судбината на ова списание ?
едно време се продаваше и кај нас :helou:
 
Да се сеќавам дека едно време го носеа али броевите беа назад по неколку месеци а беше многу скапо па не ми беше ќеф да го купувам.
Иначе искрено мислам дека ЕНТЕР може вода да му носи.
 
ne samo enter i svet kompjutera
postovite za igri im bea najfenomenalni iskreno probav nekolku pati niz makedonijava da go najdam ama go nema :tapp:
 
Bug според мене е најдобро компјутерско списание на нашите простори. Има одлични обработки на секакви теми, текстови од уредниците... нешто во стилот на колумни, рецензии и сл. Вреди за парите.
 
Го има низ трафиките во струмица?Во радовиш го немам сретнано (или не сум разгледала добро)
Јас го купувам Клик (македонско).Ентер е срање,гледам на 50 денара го намалиле од шо им „оде добро продажбата“.
 
Може понекад да налетеш во некоја трафика... Види кај таа кај Хоризонт (Партизан) што е, таму го имам гледано. Инаку на нет го читам јас.
 
Hacker навремето го диструбуираа кај нас мене татко ми дома ми го носеше...а за Bug се согласувам дека е најдобро на балканов...
 
Стара е темава али да не отварам нова за едно прашање.

Дали Bug, Vidi, Mreža хрватскиве списанија сеуште се продаваат кај нас ? Овде во Тетово освен српското Svet Kompjutera кое не е редовно немам видено друго списание за IT по трафикиве. Bug и Vidi иако поскапи сепак се едни од најдобрите од екс ју државите.

Знам дека во државава моментално интересот за печатени списанија е опаднат премногу но јас сепак сакам да читам а деновиве сакам да се потсетам на времето кога купував Ентер, Svet kompjutera и други вакви списанија.
 
Здраво,

Горенаведените хрватски ИТ магазини ги носеа во Тетово до пред 2-3 години.
Ги имаше во трафиките спроти салоните на T-Mobile и VIP (кај "Социјално").

Во Скопје, магазините можеш да ги купиш во трафиката на приземје во Skopje City Mall, и во трафиката во ГТЦ (влезот од кај плоштад).
За жал, во последниве 1-2 години знаат да доцнат дури и по еден месец.

Ако во наредниов период наидеш на место каде што може да се купат тазе броеви од магазиниве (СК или ТЕ) - пиши инфо тука.

Поздрав! [emoji6]
 
Знам за трафиката кај Vip и Т- Mobile во Тетово jaс таму еднаш одамна пред 2-3 години купив ептен стари броеви на Vidi. Bug, Мreža. За жал таа трафика ја рушија затоа што редеа бекатонке и жардињерa безвезе. Глупо ми е да идам во Скопје заради едно списание а и немам кола не возам.

Што се однесува до било какво списание од екс ју државиве кај нас ги има некој и туку наеднаш суша не ги носат па после пак ќе им текне да ги донесат нешто во трафикиве тоа најверојатно затоа што за жал нема во државава голема маса на луѓе читатели. Порано не знам што се не купував од списанија, сега ретко али ете знам по некогаш да купам нешто. Сакам списанија за компјутери и било каква технологија, наука и географија, списанија за мажи, за музика, фотографија но не сум тип кој сака да се претплатува за нив од причина што убаво ми е додека шетам да застанам во трафика и да пронајдам некое добро списание.
 
Сакам да прашам . Шо се деси со списанието Ентер ? Порано и јас помлад го земав,ама со време изгубив интерес,ми беа интересни цедињата со програми/игри. Имате инфо зошто прекинаа и кога последен пат имаше последно издание и година ? Офтопик прашање е но убави спомени беа .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom