Пониква

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Пониква е туристички центар и викенд населба во источна Македонија, 20 km северно од Кочани на Осоговските Планини. Се наоѓа на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација. Зацртан како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија.

snow.jpg
Пониква во зима е малку посетуван и не многу популарен крај во североисточна Македонија. На мнозина првата помисла кога ќе го чујат ова име е детско одморалиште во Пониква, и можеби затоа се прекинуваат сите понатамошни размислувања за каков било престој во овој дел на земјава. Но овој зимски рај покрај одморалиштето има и други капацитети за сместување и нуди многу можности за зимска релаксација и за скијање - за семејства и за големи друштва.

ponikva3.jpg
33F0FEB88D5EA44789F2454BE3E783E8.jpg


До Пониква се стигнува по асфалтен пат, кој во зима се чисти редовно, па не треба да се грижите дека ќе останете некаде ако тргнете со свој автомобил.

Осоговските Планини се еден од пределите на нашите простори што може да се пофалат со епитетот вистински еколошки и чист крај. Чистиот воздух, и во лето и во зима дејствува како еликсир за белите дробови. Предностите на Осоговијата ги сознале уште припадниците на армијата на кралството на Србите, Хрватите и Словенците, кои таму изградиле санаториуми за рехабилитација на српските војници ранети во Балканските војни и во Првата светска војна. Дел од тие објекти се уште постои, раштркани по благите падини на Осоговските Планини, а некои се урнале.

Зимските денови во Осоговијата секоја година се сврзани со дебели слоеви снег. Велат дека на планините што просечно се повисоки од 1.500 м снегот се задржува по речиси шест месеци во годината, а честопати повеќе месеци се задржува снежна покривка од барем триесетина сантиметри.

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за зголемената посетеност на подзаборавената Пониква. Покрај веќе изградените спортски терени, во план е изградба на патеки за биатлон и нордиско трчање.
Љубителите на планинарењето треба да знаат дека околината изобилува со пешачки патеки, а на само 16 километри се наоѓа и планинскиот врв „Царев Врв“, до кој може да се стигне со теренско возило или пешки.
Како посебна туристичка атракција за љубителите на ловот, во непосредна близина на Пониква се наоѓа и резерват за дивеч. Комерцијалното ловиште - резерват, покрај сместување, на посетителите им нуди можност за лов на елени, срни, елени-лопатари, муфлони, диви свињи.
Во туристичкиот центар Пониква се наоѓа и ново изградената црква Св. Василиј.
svvsilijponikva.jpg


Информации околу некои од сместувачките капацитети:
Мотел ресторан Изгрев
Мотел ресторан Осоговски бисер
Вила Осоговска куќа
Мотел ресторан Мице
Дали некој од вас во брзо време бил на Пониква? Какви се вашите впечатоци? Каде сте биле сместени?
 
Имам одено и лани и полани и како мал.......За патот е ок последните неколку години секогаш е чист и у најголемите снегови...ама се друго ми е катастрофа......од 3 стази за скијање само една е како што треба а мислам дека едната и не функционира .....имаат некој 2-3-4 ресторани од кој што едниот е само блиску за другите треба да се отепаш одејки и да,патото до нив е мизерија има снег преку глава.......одмаралиштето беше ок ама сега нешто како шо знам мвр го зема и кога и да идам само полицијата е горе и шо знам има потенцијал ал нешто му не да.
 
Само да дополнам:

Месноста Пониква на Осоговските Планини, помеѓу Кочани и Пробиштип, станува нова туристичка дестинација во источниот дел на Македонија. Во предел со шуми, ливади, потоци, богат со разновидни плодови и животни, на надморска височина од 1.600 метри веќе се изградени над 200 куќички за одмор, ресторани, одморалишта. Близината на Штип - 50 километри, на Кочани - 18 километри, на Виница - 28 километри, на Пробиштип, Кратово е главна причина што се наполни со гости овој преубав локалитет.
Линк

Дел од убавините на Пониква

Инаку на самиот влез на туристичкиот центар Пониква се наоѓа мал спортски аеродром кој некогаш се користел за воени цели. По одминување на аеродромот, се доаѓа до асфалтиран паркинг-простор кој бесплатно им стои на располагање на сите туристи.
Околу паркинг-просторот, се наоѓаат неколку угостителски објекти и два активни ски-лифта, каде што љубителите на скијањето можат да уживаат во благодетите на снегот.
На само 400 метри од паркинг-просторот се наоѓа и ново изградената црква Св. Василиј.
Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за бујна вегетација, па посетителите ќе можат да уживаат во недопрените убавини на Осоговските Планини. Љубителите на природата овде ќе можат да уживаат во берење разновидни чаеви или, пак, печурки.
За љубителите на планинарењето треба да кажеме дека околината изобилува со пешачки патеки, а на само 16 километри се наоѓа и планинскиот врв „Царев Врв“, до кој може да се стигне со теренско возило или пешки.
Како посебна туристичка атракција за љубителите на ловот, во непосредна близина се наоѓа и резерват за дивеч. Комерцијаното ловиште-резерват им нуди на посетителите можност за лов на елени, елени-лопатари, муфлони, диви свињи и др.
Урбаниот простор опфаќа 2 ски-лифта, викенд-куќи (единечни и двојни), автокампови, бунгалови, објекти за дневно снабдување, повеќенаменски простори, терени за спорт и рекреација, хотели, одморалишта, угостителски објетки, сервис и услуги за скијачка опрема. На Пониква, покрај викенд-населбата, неколкуте мотели, се наога и одморалиште.
Но, бидејќи сликата вреди 1000 зборови, погледнете ги фоторафиите во нашата галерија. Или, за поубаво да се запознаете со Осоговските Планини посетете го туристичкиот центар Пониква.

Среќна сум што нашата преубава Македонија има толку многу убави места кои можат да се посетат во секое време :smir:
 
Имам одено и лани и полани и како мал.......За патот е ок последните неколку години секогаш е чист и у најголемите снегови...ама се друго ми е катастрофа......од 3 стази за скијање само една е како што треба а мислам дека едната и не функционира .....имаат некој 2-3-4 ресторани од кој што едниот е само блиску за другите треба да се отепаш одејки и да,патото до нив е мизерија има снег преку глава.......одмаралиштето беше ок ама сега нешто како шо знам мвр го зема и кога и да идам само полицијата е горе и шо знам има потенцијал ал нешто му не да.
Една стаза не работи,другите две се сасвим ок.А за рестораните шо викаш зависи од каде одиш.
 
Освен кај Мице цените за ноќевање во зимскиот период кај другите капацитети не беа дадени, дали некој има повеќе информации?
 
Имам идено порано на екскурзија и го памтам како оооооооогромно пространство со снег и ништо друго речиси. Пусто ептен! И патот не беше најдобар.
Можеби би идела повеќе на пролет да шеташ во зеленило, фини се вака мотелчињава посебно Осоговската куќа.
Ама би идела кога би барала мир и тишина.
Друго ништо нема таму! Баш ништо! Ќе збудалиш од самотија и досада ако останеш повеќе дена :)
А убав крај е, може со тек на време да се развие. Сега засега само Р има од развиеност.
 
Откако се реновираше, моите родители беа 2 пати со сестра ми и се презадоволни :) :) :)
 
скоро на секоја година 2 ..
беше тапа порано ..сеа, се подопрај! :)
 
Да прашам дали во Пониква има поголем хотел, на пример над 50 легла со ресторан итн итн...? Не малите мотели или детското одмаралиште туку хотел. Потребно ми е за проект. Фала.
 
2 пати во основно на екскурзии.Толку.Ама би одел пак, само некако не е искомерцијализирано.Не во смисла како Маврово, ама многу луѓе не се ни свесни за Пониква.Малку реклама не е лошо.И некој спомна погоре, несредено е и пусто, можат и да поработат на то.Можда газдите на објектиет се плашат од нови иинвестиции поради денационализацијата, па да останат со прстот в уста.
 
2 пати во основно на екскурзии.Толку.Ама би одел пак, само некако не е искомерцијализирано.Не во смисла како Маврово, ама многу луѓе не се ни свесни за Пониква.Малку реклама не е лошо.И некој спомна погоре, несредено е и пусто, можат и да поработат на то.Можда газдите на објектиет се плашат од нови иинвестиции поради денационализацијата, па да останат со прстот в уста.
Далеку е од пусто.Има многу нови викендици во последно време.Летото, на една локација се градеа 5-6 викендици одеднаш.
Полно е со скопјани за викендите. :)
 
Минатиот викенд бев на Пониква. Прво додека стигнав таму, мислам дека автомобилот ме пцуеше цел ден. По патот нема дупки луѓе, тоа се кратери мајке ми,може да свиете бандаж и којзнае уште што се може да ви се случи ако одлучите да одите. Снегот колку толку беше исчистен од асфалтот ама не до крај секако, лентата за возење ти е скратена за 30%. Кога стигнавме таму никој не го контролира сообраќајот, од страна паркирани возила во должина од 1 км, и ако сакаш да возиш до крај наидуваш на автомобил кој ти доаѓа од спротивната насока и некој мора назад, и кој сега ќе вози рикверц 500 м, ти или тој, настана хаос невиден. Отидовме таму што отидовме, во МВР одмаралиштето некои цени се 100% покачени во однос на ланската година (ракија лани 30 денари, сега 60 денари), додека во Осоговски Бисер, мислам дека така се викаше, ракијата е сеуште 30 денари (доста ефтино и цело мени), греење на дрва во големи камини, добра храна итн. И зборот ми е ќе прават таму инвестиција вредна милиони, вештачки снег, сноуборд патеки , европски купови ке се одржувале а патот дотаму, слично на козја патека. И последно, додека се вратив дома, мислам дека автомобилот ме пцуеше цела ноќ.
 
Каде спиеше и колку плаќаше? А да... само доручек или?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom