ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Деновиве во Франција се одржува најголемиот гренд слем турнир на земја. Натпреварите стигнаа до најинтересниот дел и тоа познати се двајца полуфиналисти, а тоа се неприкосновениот Рожер Федерер и младата шпанска надеж Рафаел Надал, додека за место во полуфиналето ќе се борат Николај Давиденко (Русија) и Томи Робредо (Шпанија) во третотто четвртфинале и во четвртото полуфинале двајца аргентинци ќе одлучат кој од нив ќе се најде во полуфиналето а дуелот е помеѓу Ѓиљермо Кањас и Марјано Пуерта.
Кај дамите во полуфиналето ќе се сретнат Мери Пирс (Франција) - Елена Ликовчева (Русија) и Надја Петрова (Русија) - Жастин Анен-Арден (Белгија).
Кој ќе биде победник според вас во машка и женска конкуренција?
Мои фаворити се Рафаел Надал кај мажите и Надја Петрова кај дамите
 
Алал да ти е, за темава.

Мои фаворити на почетокот беа Кориа, Гаудио и Фереро кај машките и Дементиева кај женските.

Ама сите ми испаднаа.

Сега се плашам дека кај машките ќе освои Федерер, ич не го сакам него. Сакам од останативе Давиденко да победи.

А кај женските мислам дека Жастин Анин е неприкосновена. Вчера ја гледав со Шарапова, неверојатна е. Мислам дека никој неможе да и парира
 
Според мене Федерер и Анен-Арден ... и 2цата се одлични... ни никогаш не се знае...
 
Мој фаворит е воедно и тој што ќе победи... Федерер

Инаку темава би можела да се вика и Тенис, затоа што после доаѓа Вимболдон, па УС.. ама нема везе. Тука ќе коментираме :D

Љубичич што направи невидов? Не сум во тек..
 
Благодарам за помошта џерард можете и вие да отварате теми за кои мислите дека се интересни и актуелни
 
Anonymus1 напиша:
Благодарам за помошта џерард можете и вие да отварате теми за кои мислите дека се интересни и актуелни

Двосмислен ти е постот. Не знам дали ти е ироничен или добронамерен..

Љубичич дома а? Глеам јас го нема по вестие. Сум го утнал значи на почеток. Не дека сум за него, мислам дека он ќе освои еднаш грем слем, не знам зашто ама така осеќам..

Федерер после Сампрас ми е тенисер кој сакам да го гледам како игра. Не татктизира многу човекот. Две-три топки и напаѓа одма.. играчиште е нема што.
 
На Љубичич не му иде на земја. Има јак удар, ама не доволно брз за на земја. И мене ми се свиѓа како игра.

А Федерер е најдобар без сомнение. Ама му го мразам суратот гаден, затоа не сакам да победи он
 
gerard напиша:

Не сум сватил добро Анонумус1, моја грешка. Сори. Касно скопчав :D
 
Radical Boy напиша:
На Љубичич не му иде на земја. Има јак удар, ама не доволно брз за на земја. И мене ми се свиѓа како игра.

А Федерер е најдобар без сомнение. Ама му го мразам суратот гаден, затоа не сакам да победи он

Еј сурат гаден?! не заебавај фаца е.. :D :D

Не е лепотан ама не е ни гаден не забевај :D

Пример: Гери Невил :D (и брат му)
 
Сакав да кажам, не покажува емоции на терен или многу малку. Јас сакам такви нервозни, агилни, да кршат рекети, да се расправаат со судии, а не мирни и како него со чалми на тиквата :lol:

А кој рече дека Невилите ги сакам :lol:
 
Епа брат швајцарец. Нема за што да се нервира. Ти да си швајцарец ќе бидеш нервозен? :D

Се шалам, те сваќам што сакаш да кажеш, сакаш потемпераментни, ама јас мислам дека таа е една од многуте карактереистики кои го прават најдобар (смиреноста). И тоа како е битна во тенисот нели...
 
секогаш е интересно да се гледа добра партија тенис и како шо кажа радикал интересно е да се види кога се нервираат, расправаат со судии и публика. тоа го прави спортот посебен, тоа го крева адреналинот и кај играчите но и кај публиката :) инаку мислам дека Љубичиќ ќе биде добар на Вимлдон, исто така може да изненади и Карловиќ кој има многу јак сервис. Хрватите направија добра тениска школа
 
Карловиќ мене ич не ми го праи ќеифот. Само сервира и одма на мрежа, ист е како Тим Хенман. Никогаш такви играчи нема да освојат ништо. Се ослонуваат само на свој сервис. Друго ништо не знаат.

Сеа само јадам гомна а навивам за Родик :lol:
 
Radical Boy напиша:
Сеа само јадам гомна а навивам за Родик :lol:
Искрено нов идол ми е младиот Рафаел Надал малиот е стварно добар, а шо се однесува за Тин Хенман само го помпаат и секоја година разочарува, а Родик е добар јак тенисер само му треба малце повеќе концентрација и можеби подобар тренер :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom