Шпанија - Португалија 1/8 финале - 29.06.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата mercenary
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    43
  • Гласањето е завршено на .
M

mercenary

Гостин
ESP.jpg vs. POR.jpg

Екипите на Шпанија,победникот од групата H,ќе се сретне со второпласираниот од групата G,екипата на Португалија,во 1/8 финалето од Светскиот Куп 2010.
Мечот ќе се одигра на 29 Јуни во 20:30 часот на стадионот Green Point,Cape Town.

Ова е 12то учество на Светските првенства за Шпанија а само 4то за Португалија.
Овие две репрезентации одиграле 32 меѓусебни дуели.
Шпанија победила 15 пати,Португалија 5 пати а 12 пати одиграле нерешено.

Во дуелите од групната фаза,Шпанија заврши како прво пласирана со 2 победи над Хондурас и Чиле и еден пораз од Швајцарија.
Португалија заврши како втора,зад Бразил,во групата G.
Имаше 1 победа,над Северна Кореја а 2 пати одиграа 0:0,со БСК и Бразил.

Кај Шпанија,неизвесен за дуелот со Португалија е Чаби Алонсо,нема суспендирани.
Португалците нема да може да сметаат на услугите на Деко, кој е повреден.Нема суспендирани.

Што мислите за овој дуел и кој е вашиот фаворит?
 
Шпанија 10000% иако не навивам за нив.
 
Ме плашат Португалија да не ја затворат играта како Швајцарија и да се вадат на контри , а со еден Роналдо би биле и те како опасни.
Инаку ако Шпанија поведат рано во натпреварот , играта е завршена...
 
Португалија има одличен состав и многу ми се допаѓаат.Имаат комплетен тим и цврсти играчи на секоја позиција,башка сега се во залет а и нивното ривалство е преголемо.Што значи во овој дуел нема фаворити на хартија.Се ќе се види во Вторник,се надевам дека ќе ги тепаме Португалциве.Засега толку....
 
Шпанциве се некако поорганизирани секој си ја знае својата позиција и улога во тимот ,имаат многу силна екипа со извонредни играчи за секој позиција од теренот ,додека Португалците играат доста допадлив офанзивен фудбал ,брзи се ,имаат добри шутери ,добро играат во одбрана така да апсолутно ништо не се знае на овој натпревар иако мала предност им давам на Шпанците за кои мислам дека ќе догураат до финале
 
Шпанија мислам дека е крајно време да направи нешто посериозно на светскиве првенства, едноставно мора да се искористи и да се даде максимумот од оваа дрим-тим генерација. Но мислам дека Португалија ќе се спротистави, имаат доста брзи и квалитетни поединци и имаат капацитет да ја победат Шпанија. Би сакал Португалија да продолжи понатака, ги имаат моите симпатии, воиграни се и имаат доста добра игра, Богот на фудбалот игра за нив :)
 
Добри тимови имаат двете репрезентации....ќе биде интересно......
 
Од она што досега го прикажаа двате репрезентации, мислам дека Португалија има поголеми шанси. Од Шпанија се очекуваше многу, но ништо посебно не покажа до сега на првенството. Не е ова таа Шпанија која сме навикнати да ја гледаме. Многу ме изреволтираа вчера шпанците на натпреварот со Чиле и донекаде мислам дека Шпанија е полесен противник за Португалија, отколку Чиле. Како и да е, ќе биде интересен натпревар и нека победи подобриот.
 
Дури сеа видов дека сум ставил Нерешено во анкетата ..:kesa:
Нерешено - X во регуларно време,било кој да победи во продужениа/пенали ;) (за тие што сакаат да гласаат нерешено)
:turn:
 
Ни едните, ни другите ги сакам, па ќе кажам нека победи подобриот.
 
Нормално си навивам за Шпанија и мислам дека ќе победи после тоа има лесно вкрстување против победникот од Парагвај и Јапонија и така излез до 1/2 понатаму сигурно нема слаб противник и мора максимум да се вади од играчите.
 
Ќе биде тешка и пред се интересна утакмица..не очекувам некој допадлив и атрактивен фудбал туку очекувам на теренот да има беспоштедна борба за секоја топка...шпанија на хартија и во реалност има поквалитетен и покомпактен состав која автоматски ја прави фаворит за овој дуел...португалија нема толку добар тим како во 2006 но нема така лесно да се предадат и ќе се обидат да му ги помрсат сметките на нивниот сосед...ќе видиме се е возможно!
 
Шпанците многу се занесени, мислат дека се семоќни, и туку-така ќе стигнат до победата, а пак со судни маки и групата ја поминаа. Очекувам таа нивна самоувереност да ја искористат Португалците, и да ги спуштат малце на земја. Мој тип, 0 - 1 за Португалија, стрелец кој друг ако не, К.Роналдо.
 
Се разбира за Португлија сум,Шпанија можеби ги имаат најдобрите играчи али знаеме дека секогаш не победуват најдобрите!!Мислам дека кој ке даде прв гол тој ке победи,ако се здиви Роналдо немаат шанси Шпанците
 
Шпанците многу се занесени, мислат дека се семоќни, и туку-така ќе стигнат до победата, а пак со судни маки и групата ја поминаа. Очекувам таа нивна самоувереност да ја искористат Португалците, и да ги спуштат малце на земја. Мој тип, 0 - 1 за Португалија, стрелец кој друг ако не, К.Роналдо.
Не беше симпатизер на Шпанија ?:))
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom