Група Ц (Англија, САД, Алжир, Словенија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Локација
Кајгана
Во групата Ц мечевите ќе се одиграат во периодот помеѓу 12-23 Јуни 2010.
Во групата ќе се натпреваруваат репрезентациите:

-Англија
-САД
-Алжир
-Словенија

Историјата вели дека само екипите на Англија и САД се сретнале на претходните големи натпреварувања. Имено истите играле на Светското првенство во 1950г. и на тој меч САД ја победил Англија со 1:0.
Интересно е што Алжир е првпат на едно светско првенство додека за Словенија тоа ќе биде втор настап.
Двете првопласирани екипи ќе играат со првопласираните од групата Д.

Мечеви:

1.(12 Јуни 2010, 19:30) Англија-САД

2.(13 Јуни 2010, 12:30) Алжир-Словенија

3.(18 Јуни 2010, 15:00) Словенија-САД

4.(18 Јуни 2010, 19:30) Англија-Алжир

5.(23 Јуни 2010, 16:00) Словенија-Англија

6.(23 Јуни 2010, 15:00) САД-Алжир
 
Една од полесните групи каде што Англија е дефинитивно фаворит и доколку изигра на своето ниво тогаш нема да има никаков проблем за првото место во групата
Второто место ќе го освои САД кои што имаат многу добра игра ,добри поединци ,одлични фудбалери кои што пред се настапуваат во Премиер Лигата ,големи борци се и посветени на "сокерот" и со срцето и со душата :) ,единствено може да имаат потешкотии со Словенија ,но мислам дека лесно ќе ги совладаат исто како и тимот на Алжир
 
Англија би требало без проблеми да ги освои 9 бода.
Втора Словенија со 6.:tv:
 
Англија дефинитивно оди понатаму. За второ место ќе биде интересно, но јас мислам дека САД се најголеми фаворити за второто место.
 
Ако брани Фостер за Англија, спремете се за циркуси гледање.
 
Ако брани Фостер за Англија, спремете се за циркуси гледање.
Навистина нема да биде интересно Англија да не прими гол цело првенство, затоа подобро нека брани друг голман, да биде поинтересно.
 
Англија ќе се прошета низ групата,прашање е кој ќе биде вториот патник САД или Словенија!
 
Од оваа група симпатични ми се Словенците, сакам тие да поминат друга селекција која сака нека помине :smir:
 
Фаворитот Англија би требало без проблеми да заврши на првото место, а битката за 2-то место ќе биде интересна помеѓу САД и Словенија.
 
Навистина нема да биде интересно Англија да не прими гол цело првенство, затоа подобро нека брани друг голман, да биде поинтересно.
Не завркавајте се знај кој ке биди прв голман.DAVID JAMES
ENGLAND'S NUMBER 1,ENGLAND'S ENGLAND'S NUMBER 1
COME ON ENGLAND
 
Апсолутен фаворит во ова група е Англија..значи нема дилеми за првото место...а за второто очекувам Словенија да изненади :)
 
Редно време е за Англија да стигне бар до полу-финале после Европсково на кое не се пласираа. Имаат и одличен тренер кој се надевам дека ќе ги уигра јако и нема да има више лигуши од капитени како оној веќе екс-капитенот кој ќе праат разор у репрезентацијата. Многу фали Англија да биде повторно на врвот и мислам дека тоа ќе се случи токму на ова СП.
Втори во оваа група според мене би биле САД кои баш пријатно ме изненадија на Купот на конфедерации минатото лето со тоа што стигнаа во финале и поразија една Шпанија во полу-финалето.
Словенија во која сите глеам верувате, ја немам многу пратено и неможе да зборам, али ипак мислам дека тие со Алжир ќе се борат за третото место.
 
Очекувам Англија без проблеми да си мине во 1/8 финале. Тука нема што да коментирам,навивам за Англија на првенството. За вториот патник мислам дека тоа ќе биде САД.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom