Љубовта - огледало на фактите или на фикцијата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
С

Сатори

Гостин
:wub: :love2: :love3: :angel1: :devil3:​
Зарем никој не се прашува што е всушност љубовта?
Дали навистина е само уште една хемиска реакција плус или е нешто повеќе , нешто поврзано со духовното , со душата , со персоната или е само уште една илузија???
Јас знам дека го најдов мојот одговор , дека таа е сепак најсилното чувство што може да протече низ вените на едно младо суштество , дека тоа е едиствена сила што не движи , љубовта кон родителите , момчето/девојката , кон работата , кон животот или пак кон едноставните ситници што не прават среќни?
Затоа сум заинтересирана како вие ја доживувате љубовта на персонално ниво?Што е таа за вас?​
 
Најголемата движечка сила.Цел систем на емоции кои даваат неограничена енергија. Се појавува секаде, во секој лик, предмет, ситница, момент, движење...со неограничени можности и секогаш е тука кога најмалку ја очекуваш:) :wink: .
 
Љубовта е.....хм......in the air, ваљда...
 
Lady Satori напиша:
:wub: :love2: :love3: :angel1: :devil3:​

Зарем никој не се прашува што е всушност љубовта?
Дали навистина е само уште една хемиска реакција плус или е нешто повеќе , нешто поврзано со духовното , со душата , со персоната или е само уште една илузија???
Јас знам дека го најдов мојот одговор , дека таа е сепак најсилното чувство што може да протече низ вените на едно младо суштество , дека тоа е едиствена сила што не движи , љубовта кон родителите , момчето/девојката , кон работата , кон животот или пак кон едноставните ситници што не прават среќни?
Затоа сум заинтересирана како вие ја доживувате љубовта на персонално ниво?Што е таа за вас?

Бравооо..Ние старите и изнемоштени лица немаме вени.:star:
 
Jakov напиша:
A nemate ni svoj forum. :nerv:

Во право си.:icon_lol: Но кога зрело ќе размислам,што ќе ни е форум кога немаме вени???:nesvest:

Се надевам дека малото шегување нема да го налути оној што ја отворил темата,која е добра впрочем,но сепак,треба да го корегира она за што се шегуваме. Не тече љубовта во вените само на младите.Таман работа.Така многу бргу ќе ја снемаше, како чувство,како доживување,затоа што, се тече и се се менува.
Љубовта е творечка сила на сите генерации,затоа што секој човек има душа.Нели?:star:
 
Па незнам, на оваа тема може да се дискутира, и пак да не се дојде до одговор. Јас можам да ја дефинирам љубовта како несвесно чувство кое побудува емоции во нас. Кај мене таа е поврзана со персоната, и нема никаква поврзаност со илузии и духовни нешта. Едноставно кажано, се доживува без да се опишува... во моментот јас го доживувам тоа.
 
љубов е она што срцето го чувствува а усните не можат да го кажат.
така да љубовта е сила која може за миг да направи друг човек од нас и ни самите да не можеме да се препознаеме.:wub:
 
Lady Satori напиша:
:wub: :love2: :love3: :angel1: :devil3:​

Зарем никој не се прашува што е всушност љубовта?
Дали навистина е само уште една хемиска реакција плус или е нешто повеќе , нешто поврзано со духовното , со душата , со персоната или е само уште една илузија???
Јас знам дека го најдов мојот одговор , дека таа е сепак најсилното чувство што може да протече низ вените на едно младо суштество , дека тоа е едиствена сила што не движи , љубовта кон родителите , момчето/девојката , кон работата , кон животот или пак кон едноставните ситници што не прават среќни?
Затоа сум заинтересирана како вие ја доживувате љубовта на персонално ниво?Што е таа за вас?
Големо извинување , за сите што помисија дека љубовта тече само низ вените на младите:icon_excl , поправка во вените на секое суштество!
 
Сите луѓе, без исклучок и со самото свое раѓање, пројавуваат желба да сакаат и да бидат сакани. Љубовта е она нешто за кое сите ние постојано размислуваме, за кое поетите секогаш одново пишуваат, за кое пејачите секогаш пеат. Сите ние сакаме љубов која комплетно ќе не исполни и која ќе трае засекогаш. Ниеден од нас никогаш не посакал да најде љубов која ќе трае само неколку месеци или неколку години, а тешко и дека тоа може да се нарече љубов затоа што никој не сонува за љубов која само делумно ќе го исполни. Љубовта е како водата, изгледа толку нежна и кршлива, но сепак нејзината уништувачка моќ е толку немилосрдна. Таа е непостојана и нема цврсти граници, но сепак, човек може во неа да се удави. Но сепак, како и водата, љубовта е суштинската супстанција која го одржува нашиот живот. Без неа истиот би немал смисла. Без љубов, како и без вода, ние не би можеле да живееме ниту една секунда. Вреди да се обидеме да ја откриеме суштината на љубовта, да откриеме што е тоа љубов. Дали треба само да излеземе надвор и да ја побараме, или пак да чекаме таа самата да дојде и да се појави пред нас? Како и да е .. љубовта е онаа сила која не движи напред.:wink:
 
Љубов...Што е тоа ЉУБОВ?

Е добро многу пати сум се запрашал што е тоа љубов? Али мислам дека го најдов одговорот
Љубов е кога сакаш некој/а и се трудиш да му/и биде најдобро, да го/ја исполниш со среќа, кажуваш работи кој никогаш на никој не си ги кажал, правиш работи за кој си се заколнал/а дека нема да ги направиш, за на крај да добиеш среден прст и да патиш и да ПИЕШ ДА ЈЕ ЗАБОРАВИШ со помош на депресивни песни кои те терааат на самоубиство
 
точкест напиша:

Точкест мило, зошто вака со темни мисли бе? Да добиеш среден прст, да патиш, да слушаш песни што те тераат на самоубиство... Правиш љубовта да звучи како одвратна страшна работа. :) Не завршува секогаш така... Тажно и депресивно. Еден од двајцата на крај секако ќе остане повреден, ама тоа не значи дека секогаш ти ќе бидеш тој што ќе остане со прстот во уста... Некогаш ќе испадне добро, некогаш нема... Ти може до сега си имал само такви искуства, па мислиш дека љубовта е најзаебана работа на цел свет, а уствари е најубавото чувство што може светот да ти го сврти за 360 степени, да направи да се чувствуваш како крал, да те воздигне...

Што знам, нема дефиниција за љубов. Се вљубуваш, сакаш, уживаш, забораваш, преболуваш и така се отпочеток. Колку што е убаво, толку е и болно. :)
 
Секој си дава своја дефиниција за љубовта,секој различно ја доживува...кај некој носи среќа кај некој депресија!
Уствари шо беше тоа љубов:raz:
 
Искрен да бидам јас љубовта си ја замислувам како едно големо тенџере или казан за правење чорба, во кој нонстоп се крчка нешто.
Ми текнува како мал тука во моето маало, циганите на некој нивни празник редовно среде улица правеа од тие нивните чорби кој сите со задоволство ги сркаа. Секогаш кога јас ќе поминев покрај казанот ми замирисуваше убаво и јас сакав да се нурнам во казанот, но кога ќе ми текнеше дека чорбата е направена од цигани ми се одмилуваше животот.

Така да нешто слично е и со љубовта, премногу добро но од погрешни луѓе направено.

Него јас од секогаш сум сакал чорба од кокошка, ммм.
 
За мене љубовта е нешто е неописливо и не може да му се објасни на човек кој никогаш не ја почувствувал.
Љубовта за мене претставува основен двигател и едноставно не можам да се замислам без љубов. Покрај тоа сум непоправлив романтичар и премнугу верувам во права, вистинска и искрена љубов. Колку и да се сака да се поттисне или да се скрие тоа чувство мислам се познава, по погледот, а очите секогаш издаваат, зашто тие сепак се огледало на душата.
Сепак обично кога ќе се заљубиме ги ставаме и розовите наочари и ги гледаме само позитивните работи, ама наскоро сфаќаме дека не е се баш така еднобојно. Меѓутоа сметам дека ако некоја личност ја прифаќаме таква каква што е, со се маните и предностите и ги сакаме сите делови од карактерот било добри, било лоши - тогаш сметам дека станува збор за вистинска љубов. Не секогаш оди по планот како што ние сме замислиле - па тука има солзи, плачење. Но и тогаш љубовта е убава...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom