Увоз на половни возила

  • Креатор на темата Креатор на темата alex macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
ako se misli samo na vw 1.6SR 101ks vrti mnogu km bez remont,vw VR6 postarite generacii. Nemaat nesto dobri benziski motori ali zatoa dizelot mu e vrhunski. Mada kolata ne ja praj samo motorot. Motor ko motor, go prajs remont cel i pak ke tera.
Точно но и тој дизел кој е најексплоатираниот по патиштата 1.9 и 2.0 не е на VW туку на Ауди.1.6 тракторот со 54 коња што го ставаа во Голф 1 беше на VW.
 
Здраво, Дали има некој искуство или би знаел која е процедурата кола увезена од Америка оцаринета и регистрирана во Мк. повторно да се врати во Америка. Колата била регистрирана во Америка на име на ист сопственик и е увезена на име на истиот сопственик во Македонија и сега ке се врака во Америка на истото име.
Баш сакав да видам мислење, кога колата ја праќав кога испловила со брод од Америка ми стигна порака на телефон дека моето возило е извезено од Америка и дека согласно со тој датум и датумот кога сум платил регистрација е направена пресметка и ресто парите ми се вратени. Без да барам само ми стигна на смс.
А сега кога да речеме би ја враќал дали ке се пресмета разлика во царински давачки од датум кога е увезена до датум кога е извезена, и за регистрација ако колата е регистрирана во Македонија, дали би ме раскусуриле и тоа без да побарам да ми вратат кусур.????
 
Последно уредено:
Како цариниците одредуваат која е каталошка цена на возилото? Баш тоа ме интересира. Некако нетранспарентна ми е целава работа.
 
Како цариниците одредуваат која е каталошка цена на возилото? Баш тоа ме интересира. Некако нетранспарентна ми е целава работа.

За возила увезени од Германија на пример, со постои каталог, Шваке, каде што си стои цена на секое возило. Со внесување на бројот на шасија на возилото, си излегува комплетната опрема на возилото, и колку била продажната цена на тоа возило, нели поопремено возило, повисока продажна цена. На таа првична продажна цена, се смета колку возилото изгубило на вредност, до денот на царинењето. На тоа ти пресметуваат каталошка вредност, и таа каталошка вредност се користи како појдовна точка за скоро сите давачки потоа.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom