ЕВН ги повлекува инвестициите во висина од над милијарда евра

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ЕВН ги повлекува инвестициите



Игнорирањето на ЕВН од страна на Владата и спорот со ЕЛЕМ, ја чинеа Македонија да загуби инвестиции во висина од над милијарда евра. По влошените односи со Владата, ЕВН парите за проектите како што се гасификацијата на Скопје, на Куманово и за изградбата на ТЕЦ Неготино ги пренасочил кон Германија, Хрватска и Албанија. Згора на тоа, бидејќи не е изградена новата термоцентрала во Неготино чиј капацитет требаше да биде 800 мегавати, Македонија ја пропушшти можноста од увозник да се претвори во извозник на електрична енергија, велат од австриски ЕВН.


„Со оваа термоцентрала Македонија од увозник би станала извозник на електричната енергија, имавме планови за изградба на ветерници со капацитети од 160 мегавати и гасификација на неколку градови во Македонија. Сево ова би го реализирале во случај на подобрување на односите со Владата“изјави Питер Лаер – заменик претседател на управниот одбор на ЕВН ЕГ Австрија .

Околу проблемот со ЕЛЕМ и со Владата, заменик претседателот на управниот одбор на австриската компанија, Лаер изјави дека ЕВН во текот на своето 87 годишно постоење надживеала многу кризи, војни и Влади кои веќе не постојат.

„ЕВН постои веќе 87 години. Сме претрпеле кризи, војни и многу Влади. Многу нешта веќе не постојат, но ЕВН се уште постои. Мислам дека ова со Македонија е минлив период, а ако се најде решение многу брзо ќе се случи напредок“.

Лаер откри кои услови ги поставувала Владата за да бидат решени недоразбирањата.

„Предлогот на Владата беше исполнување на сите нивни барања“.

Раководството на ЕВН најави дека тужбата против Македонија поднесена пред арбитражата во Вашингтон ќе биде повлече само ако се постигне договор за решавање на проблемите и ако биде потпишан од двете страни.
Невзат Мамути
http://alsat-m.tv/mk/ekonomija/14339.html
 
hmmmmm..zarem tie investicii ne se staveni vo dogovorot kao obvrzna merka?
 
Долната граница е одредена само со договорот, овие се фалат дека планирале десеткратно повеќе демек да инвестираат, ама од инает сега ги трошат парите по други места. Долната граница е веќе постигната.
 
Дај боже да си отидат, па да си биде електростопанство пак државно.
 
Мижи Асан да ти баам.Инвестиции.Јас немам видено инвестиции кај нас.Не само од ЕВН туку од сите што досега влегле во Македонија.На пр.кој се инвестициите во телефонијата.Сигурно предавателите.:pos2:И кој се инвестициите од ЕВН?Новите броила?:pos2:Кој се инвестициите во млекопроизводството?Свед милк?По се изгледа досега сме трчале по орлојте мадина.
 
Која патка.:)

Па ако навистина имале намера да инвестираат толку во тие работи, тие самите се најголеми губитници, не државата.:toe:
Па уште и:...-ние нема да инвестираме и да ја направиме Македонија извозник...а всушност тие самите би ги земале парите од извезената струја.:)
Парадокс.

А и очајна јавна уцена.:toe:
 
Ќе си помислиш капитализмот нуди нешто ново тоа бетер лајно од комунизмот.

На барање на 10ина фирми во индустриска зона Пинтија со добиена енергетска дозвола за можност за приклучок, фирмите беа принудени да инвестираат во 3км кабел и трафостаница во вредност од 300 000 евра.
Пред некој месец дојде известување од ЕВН дека ќе ја преземат трафостаницата во владеење без обештета.

Со овакви текстови, да ти ибам и новинарство и се.

Славјански поради навреди кон славјанството нема да инвестира 1 милијарда евра поколонети од славјанска Русија за РМ.
Исто е бе.
 
Која патка.:)

Па ако навистина имале намера да инвестираат толку во тие работи, тие самите се најголеми губитници, не државата.:toe:
Па уште и:...-ние нема да инвестираме и да ја направиме Македонија извозник...а всушност тие самите би ги земале парите од извезената струја.:)
Парадокс.

А и очајна јавна уцена.:toe:

Точно така,никогаш не ни мислеле да инвестираат,но сега извлекоа добар изговор
 
Џабе зборите... Направите мала анализа како кон нив се однесува Регулаторна комисија за енергетика... Се сечат на сите страни... Хорор филм е да работиш со нив, многу се ситничари ама и дека се вплеткани во политички интереси и тоа е точно...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom