cestit praznik na site koi go slavat i site vernici na pravoslavieto
inace na denesen den vo 00;00h site brodovi vo celiot svet kade i da se naogaat zapiraaat i pocnuvaat da svirat znae li nekoj nesto poveke za ova me interesira zosto
Свети Никола Чудотворецот (Архиепископ Мирликијски)
Роден е во градот Патра (245 година) во Мала Азија (покраина Ликија). Неговите родители Теофан и Нона, биле богати, но не моеле да имаат деца, па го измолиле Бога да им даде дете. Така, им се родил Никола, кој името го добил по чичко си (Николај – Епископ Патарски), кој бил бискуп во Мира. Неговите родители умираат и тој рано останува сирак.
Неговите чудотворни моќи можеле да се видат од неговото раѓање, зошто сам можел да стои, кога го крштавале.
Неговиот чичко го насочил во верскиот живот и тој станува свештеник, кој бил неуморен во ширење на верата и добротворството. Целиот имот, кој го наследил од родителите им го поделил на сиромасите. За тоа не сакал ниту да се знае и воопшто, тој своите доброчинства ги правел тајно.
Кога бил на умирање неговиот чичко, на Никола му понудиле да стане бискуп, на местото на својот чичко, но овој одбил и побегнал во Палестина, за таму да живее осаменички живот. Кога се вратил во Мира, баш тогаш умрел бискупот, кој бил на местото од својот чичко, па овој пат не можел да одбие и станал епископ на Мира.
Воден од божјиот грал, многу рано почнал да ја шири идеологијата на верата, правдата и милосрдието. Дури и кога римјаните дошле во Ликија – под Диоклецијан и Максимилијан, тој не престанувал со тоа и дури бил и затворен. Тој се избавува од затворот, кога Царот Константин ги помилувал сите христијани.
Во тоа време царицата Елена го пронашла светиот крст на Христовото страдање, па Никола решил да ги обиколи светите места. На тоа патување се случиле многу чуда (кога пловеле, тој ја смирил бурата за да не го потопи бродот, со молитва на Бога; Кога лаѓарот, иако примил пари за да го однесе во Ликија, сакал да си појде во друго место по трговија, Св. Никола дигнал бура, која бродот го однесла точно во Ликија, иако морнарите пробувале да одат во спротивен правец)
Присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја (325 година) , каде го удрил еретикот Арија, заради што бил и одстранет од соборот, но со чуден настан, кога на високо свештени лица им се јавил гласот на Христос и на Марија, тој бил вратен на Саборот и му бил вратен чинот.
Тој се смета за заштитник на децата, девојките, сиромашните, фармацеутите, пекарите, рибарите, затворениците, на учените луѓе, трговците, морнарите, патниците. Порано, во сите христијански бродови ја имало неговата икона.
Тој е патрон на Сицилија и на многу градови ширум светот.
Дури и кога пловат, бродовите на Свети Никола застануваат, се усидруваат и чекаат да помине тој ден во одмор.
Како и Исус, тој имал моќ да го смири разбеснетото море. Со благослов на децата им помагал да не им нашкодат рибините коски – запнати во грлото.
Умрел во 343 година, во петок на 19 декември и погребен е во соборната црква во Мира. На неговиот гроб христијаните ги носеле болните. Кога Ликија е освоена од Турците, неговите мошти се пренесени во Бари во Италија во 1096 година. Св. Никола – летен (22.05) – ден кога се пренесени моштите на Св. Никола - "Преслава"