Македонско судство: Нерешени над 10.000 предмети!

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.273
Поени од реакции
34.638
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com

Во архивата на Основниот Суд Скопје 2 се уште стои нерешен предмет од 1983-та. Тужбата не била прецизна - тоа е причината која судиката ја навела како образложение зошто предметот се чува во фиока 25 години. Уште позастрашувачки за судскиот систем е предметот од 1987-ма во истиот суд за кој во изминатите 21 година се одржале вкупно 55 рочишта, но решение за спорот нема.

54A5C0865B713F42947143B4A59AB9EE.jpg

Неажурност, но и корупција може да биде причина за ваквата катастрофална состојба во судството вели министерот за правда. Детално ќе се проверува кој и зошто одолговлекувал да донесе пресуда.
- Може да се постави прашањето зошто некој предмет толку стои во фиоките, што се крие зад тоа, дали предметот смислено се крие и не се решава заради различни причини. Борбата против корупцијата значи и борба против корупцијата судството. Нема да дозволиме и понатака да се созадаваат такви состојби, рече Маневски.

До јуни 2009-та сите заостаната случаи ќе мора да бидат решени. Вкупната бројка е 10574 предмети. Има судии кои од 1990-та до денеска заборавиле да решат и по 200 или 300 случаи. За оние кои и по рокот ќе имаат стари нерешени предмети ќе следуваат парични казни па и разрешување од судскиот совет.
- Барам секој судија да размисли како е да се биде странка и 20 или 30 години да не ти го решат случајот, каква ќе биде неговата слика за судството? - прашува Маневски.

Најголемиот број нерешени случаи доаѓа од Основниот Суд Скопје 2. Веднаш по него е Кумановскиот Суд. Основниот Суд во Битола и Скопскиот Кривичен Суд се вбројуваат меѓу четирите најнеажурни.
 
da ali cek do sega samo 10.000 predmeti a do drugata 20.000:nesvest:
100% ke ima
 
Машала Гинисови рекорди.
А замислете тие земаат најголеми плати.
 
Македонското судство е во многу лоша состојба.
Мнозинството на судии е корумпирано на директен или индиректен начин.
А во земја во која секој на секого му е 3 братучед постојат многу врски.
Судството е исто така една од институциите во кои врските работат и тоа како.
Така да нема да се промени ситуацијава на подобро, барем не во скоро време.
 
Да и замислете дибијаа јубилејни награди за својата работа.Тоа ти е кога имаме лудо опшество, тие што работат добро се казнуваат, а тие што воопшто не работат, а па не лошо се наградуваат.
 
Според мене тие не си ја вршат нивната работа како што треба,а сакаме да влеземе во ЕУ.:toe::jaj:
 
makedonskoto sudstvo e super samo treba podobri luge da go rakovodat:baeh:
 
Ма и нека не ги решаваат.Ако почнат да ги решаваат ќе наебам многу дебело...
 
јбг сами сме си криви порано се користеле вили и бесилку а сеа сме премногу цивилизирани за линч е па трпите
 
Да и замислете дибијаа јубилејни награди за својата работа.Тоа ти е кога имаме лудо опшество, тие што работат добро се казнуваат, а тие што воопшто не работат, а па не лошо се наградуваат.

Како 1во не добиваат јубилејни награди...џабе збориш...
А 100% има причина за нерешавање на предметот....така да кулирај...ако нема причина чичи Грујо ке ги изапси сите :tv::tv::tv:
 
јбг сами сме си криви порано се користеле вили и бесилку а сеа сме премногу цивилизирани за линч е па трпите
Затоа Јустинијан измисли нешто наречено право, Константин го имплифицираше како официјален закон во Византија, за да нема вили и бесилки, но што ќе ни е систем кога може да владее анархија.:nesvest:
 
Затоа Јустинијан измисли нешто наречено право, Константин го имплифицираше како официјален закон во Византија, за да нема вили и бесилки, но што ќе ни е систем кога може да владее анархија.:nesvest:
види лејди ова во што живееме се нарекува ред и општество?
ова е анархија веќе ,а за да се смири анархијата треба сериозно сеење страв помеѓу оние кои ја предизвикуваат.
Ако речеш дека во општество и цивилизација ,тркни до кај мене ,досега неколку пати ми има профрчено куршум..да не спомнувам за судствово какво ни е бидејќи имам искусено на моја кожа што значи да живееш во корумпирано општество(ако може така да се нарече)
 
Никаде не го изразив восхитот кон системот, но сум среќна што како таков постои, затоа што без него би живееле во буквалната форма на анрахија која што ја сметам за ултимативниот чин на глупоста на човекот.
Совршенство во општество кое што е условено од меѓусебните човечки релации и оние на човекот и институцијата секогаш ќе имаат грешки и дупки, но тоа не го прави системот лош, туку ги прави луѓето волни на промени, затоа што ако немаш мотив да направиш нешто подобро, нема ни да го унапредиш она што го имаш.
Резулатот на илјадници години пракса и теорија од страна на човештвото.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom