Мозок сум

  • Креатор на темата Креатор на темата ateist
  • Време на започнување Време на започнување
Прашањето од милион долари е кој кого контролира, и дали постои такво нешто или е илузија.
Реков, за сѐ има пракса за да се подобри контролата... мозокот е мрзлив и прави илузии и го бара патот со најмал отпор - исто како водата. Дај му на мозокот преку крвта алкохол или дроги и ќе видиш од што е направен... урнебес :)
Ти си фан на зен приказни и сигурно знаеш многу сказни за водата кои се поврзуваат со мислата и умот кај човекот ...
 
In this way and that I tried to save the old pail
Since the bamboo strip was weakening and about to break
Until at last the bottom fell out.
No more water in the pail!
No more moon in the water!
Оваа ја знам, имаше уште една ама не ми текнува. Водата сме ние а месечината е умот у приказнава, и водата не може да го контролира умот, може само да го рефлектира.
 
Be water my friend...
Автоматски споено мислење:

„Не се срами ако те треснат од земја, срами се ако не станеш“

„За да успееш, храброста е поважна од талентот“

„Ако не знаеш кај да одиш, погледни од каде доаѓаш“

„За да се справиш со сегашноста и изградиш иднина, минатото е најдобро оружје“

„Знај дека успехот на заедницата е поважен од успехот на единката“

„Нема потреба да викаш, ако си во право“

„Не е доволно да не правиш зло, треба да правиш добро“

„Колку си посигурен во себе, толку си по несовршен“

„Однесувај се еднакво, и кога имаш и кога немаш“

„Биди мудар, но не го покажувај тоа“
 
Последно уредено:
Ништо не е одвоено во универзумот едно од друго...

Бидејќи на ова ниво сѐ мора да помине низ разумот, мора да се вежба умот, бидејќи тој е само алатка!

„Дарана е една од осумте гранки на раџа јога.

За да може да се насочите кон праксите за контрола на мислата, мора претходно да сте ги совладале техниките како асана – положба, да имате добра пракса во пранајама – дишење. Зошто е ова важно?

Целта на асана е да заборавите буквално кажано на телото. Јогата е пракса која ви дава мир. Затоа започнуваме од најматеријалното – телото. Мораме да се ослободиме од материјалното досадувањето на петте сетила за да може да почнеме со праксите за постигнување на било какво простветлување.
Пранајама не е врзана само со дишењето како механичко дејствување, ами е врзано и со енергијата која ја има човекот, јогините ја нарекуваат прана.
Добро е да се урамнотежи оваа енергија за да може да се премине на пракси кои ќе ви помогнат да ја засилите моќта на контролирање на мислата.

Најдобра пракса со која секој започнува е да се седне во својата положба, да се смири телото, да се урамнотежи здивот – енергијата и да се визуелизира за почеток некој едноставен предмет.
....

Може да создавате ваши пракси кои ќе вклучуваат други сетила. Пример задржете го умот на мислата каков е вкусот на чоколадото и не дозволувајте друга мисла да го прекине овој процес, или пак задржете ја мислата на шумот на водопадот, или пак капки вода врз метал.

Небитни се сетилата, битно е вежбање на умот да држи една мисла која вие сте ја одбрале онолку колку што вие сакате, без напор, без интерференции од други мисли, без интерференции однадвор.“

- Dharana, Контрола на мислата
 
сѐ мора да помине низ разумот, мора да се вежба умот, бидејќи тој е само алатка!

Што да прават тие што се родиле без ум, што да вежбаат!?? Факт е дека светот врие од неразумни, болни во умот луѓе.
Доста бе Хепта со тие твои ритуали, правила и закони ....доста.....на никој не му се од помош, на никој животот нема да му го олесниш со твоите совети.

Убави мислења има овде....како досега не сум ја видела оваа тема " Мозок сум" :eek:
 
Што да прават тие што се родиле без ум, што да вежбаат!??
Доста бе Хепта со тие твои рутуали, правила и закони ....доста.....на никој не му се од помош, на никој животот нема да му го олесниш со твоите совети.

Убави мислења има овде....како досега не сум ја видела оваа тема " Мозок сум" :eek:
Како мислиш без ум родени? Не те разбрав...

Ете ти имаш ум па пак велиш „доста ми е од ритуалите Хепта, од вежби“ не му помагаат на мојот ум...
Тебе не ти се од помош нештата и тоа непробани и неиспитани, а тоа не значи дека на секој друг не му се од помош туѓите идеи и размисли за нештата...
Да беше како што зборуваш, јас одамна ќе си заминев од форумов.

А и Dharana не е моја пракса, на оние од истокот е... јас само ја прераскажувам за да ви биде забавно и малку ослободено од технички термини!

П.С. Не си ја видела бидејќи си летечи насекаде :) А многу теми, прелетувајќи не се забележува добро :)
 
Како мислиш без ум родени? Не те разбрав...

Тебе не ти се од помош, а тоа не значи дека на секој друг не му се од помош туѓите идеи и размисли за нештата....

П.С. Не си ја видела бидејќи си летечи насекаде :) А многу теми, прелетувајќи не се забележува добро :)
Оди посети некоја психијатриска установа па ке ме разбереш.
 
Оди посети некоја психијатриска установа па ке ме разбереш.
Ах зборуваш за луѓе кои имаа „заболен“ ум...

Тие луѓе постојат во други „палати“, нивниот ум е изграден на друг начин... можеби се отаде лудоста и имаат мудрост која не може да се каже на разбирлив јазик и умот им „збудалува“ бидејќи логиката е непријател на вистините над разумот и човекот... не знам искрено...
Се ми е поврзано со карма јога и самата индивидуа.

Затоа во сите стари и нови учења се бара човекот да е способен да ја разбере реалноста, да има способност да се истражува и себе си и универзумот до каде се протега неговото свесно постоење...

Секој има своја карма, свои искушенија кои го туркаат низ вечноста...

За секој ум на Земјата, постои пракса. Треба да се открие!
Зарем тоа не го прават психијатрите и психолозите? Бараат пракса за умот, преку идеи... преку слики и зборови?
 
Се додека постои човештвото, функционирањето на мозокот и неговата поврзаност со емоциите, душата, срцето ке останат мистерија.....сите тие учења, медитации, јоги, идр.се само залажување на краток рок.....Психијатрите даваат само хемија со која го успиваат, умртвуваат мозокот, ама лечење и разбирање..јок :neetaka:
Наркомани, коцкари, алкохоличари, педофили, манијаци, убијци... чекаат некој да им го рсзбере умот и да им најдат решение..а дотогаш и тие што имаат разум, ум, ке го изгубат поради нив.
 
...сите тие учења, медитации, јоги, идр.се само залажување на краток рок.....

Во ред, ја имаш твојата вистина за, како што велиш, мистериите на умот... нека ти биде како што велиш. :love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom