Дали на фотографијата и треба фотошоп ?

  • Креатор на темата Креатор на темата victoria
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 март 2008
Мислења
69
Поени од реакции
37
На форумов за фотографија , мо мое лично убедување се прави непотребна поделба на фотографиите на дела со и без фотошоп .

Фотошопот е повеќе од потребен за конечно дотерување на крајниот резултат на фотографирањето , и е само модерна верзија на темната комора кај аналогната фотографија .

Фотошопот може да ги корегира ситните недостатоци на фотографијата директно од апарат , но никако не може да ја направи фотографијата јасна ако е матна , да го корегира фокусот , да ги скрие изгорените делови , да ја подобри композицијата .

Како аргумент на ова мое убедување постирам фотографија пред и после фотошопирањето . Разлика има , во визуелниот ефект на крајниот резултат , но суштинска разлика во однос на квалитетот на записот нема .

Очекувам да ги чујам и вашите аргументи за и против .
 
Attachments

  • bez photoshop.JPG
    bez photoshop.JPG
    137,2 KB · Прегледи: 132
  • so photoshop.jpg
    so photoshop.jpg
    104 KB · Прегледи: 123
Потполно се согласувам со тебе ... .фотошоп треба, ама да не се приметува дека нешто е правено со сликата. Само мали корекции на levels, saturation i sharpness се доволни. Баш би сакал да ни кажеш што е правено на твојот пример?
 
На оваа фотографија го применив моето стандардно work flow , барем што се однесува за фотографии за на нет .

Најнапред правам корекција на боите со threshold техниката , определувајќи ја најцрната и најбелата точка со color sampler tool-от . Потоа применувам curves , каде претходно се дефинирани боите , и со пипетите кажувам дека претходно дефинираната најсветла точка е бела , односно црна . Доколку имам поголема грешка во експозицијата , ефектот на корекција на боите ќе биде повеќе видлив .

Следно е unsharp mask amount 200 radius 1 threshold 0 , по претходно ставена sharpening mask . Се изоштруваат само контурите .

Следно е selective color , си играм со слајдерите , во овој случај додадов црна на сината 100 % , одзедов бела околу 20% за да се истакнат облаците .

По ова додадов контраст за околу 10 , скоро и да не додавам повеќе од ова .

Оваа фотографија нема crop , но во ситуации кога треба да направам , го правам на крај од обработката .

Ова е мојата стандардна обработка на сите мои фотографии .

Дали ефектот ја оправдува употребата на фотошопот ? Јас мислам да . Фотографијата добива свежина и визуелно е повпечатлива .
 
Па навистина ми се допаѓа статијата што си го напишала.
Јас лично многу ретко а скоро и да неможам да не кореиграм барем нешто во фотошоп се разбира до одредена мера оти ако се претера фотографијата станва некако или кич или губи од ефектот и чувството.

Jas најчесто прво одам со кроп и корекција на композицијата мислам околу рамнотешата ако има нешто непотребно во кадар да се сечи да се избриши да се замати повеќе.
Потоа одам со контраст , светлина и бои да средам, и на крај додавам оштрина и блурирам нешто ситници.
 
Па и јас употребувам фотошоп во моите фотографии, ама не претеризам. Само шарпнес, левелс, филтер некогаш ако е потребно, curves и малку блур. Ретко сиве овие функции наеднаш на една слика ги употребувам, сакам да е поприродна фотографијата.
 
јас најчесто на сликите, и тоа на сите слики си користам пикаса и тоа опцијата i'm feeling lucky која нели ја разбиструва сликата итн...а фотошоп скоро никогаш не го користам за фотографии кои се од мене сликани бидејќи ги сакам природно...ептен ако има некоја гребаница на лицето или цигара која не смее да се види ја бришам :helou:
 
Па навистина ми се допаѓа статијата што си го напишала.
Јас лично многу ретко а скоро и да неможам да не кореиграм барем нешто во фотошоп се разбира до одредена мера оти ако се претера фотографијата станва некако или кич или губи од ефектот и чувството.

Jas најчесто прво одам со кроп и корекција на композицијата мислам околу рамнотешата ако има нешто непотребно во кадар да се сечи да се избриши да се замати повеќе.
Потоа одам со контраст , светлина и бои да средам, и на крај додавам оштрина и блурирам нешто ситници.

па и не си баш толку дискретен во твоите дела...
 
па и не си баш толку дискретен во твоите дела...

Зависи во кој дела, не реков дека ставам премалку ставам колку што треба, и зависи до делото што е дали е фотошоп арт нешто или фотографија.
 
Фликс, може мислиш дека не е така, ама сегде ставаш повеќе отколку што треба :)
 
А зошто да нема фотошоп? Фотографијата ќе биде подобра зашто има 0% учество на фотошоп? Не. Фотографија ко фотографија, фатена од фотографи хобисти-аматери мора да има грешки, и тоа премногу.
Сега на темава ќе се најдат луѓе што мануелно местат експозиција/фокус/итн/итн и луѓе што фоткаат на автоматски мод/портрет/пејсаж/итн/итн.
Јас од сите тие „модови„ што ги има апаратот го користам само М(мануелен мод) каде што се подесувам сам, иако апаратот има и модови на кои има и фејс дидекшн и бутур ствари.
Претежно фотошоп корекција избегнувам, или ја „тресам„ сликата од оригиналната, или не ја чепкам ич (едино левелс/крвс...)

Во последно време забегав со HDR фотки т.е. за секоја фотка пробувам да напраам некојси HDR, некако ми се свиѓа ефектот кој што се добива со боите (појаки/послаби)

Ај на кратко за темава. Фотошоп немора на фотографија, ама доколку се примети некоја грешка зашто да се остави фотографијата така?

И да Фликс, најдобро намерно ама премногу фотошоп имаш на фотографиите. Реално гледано
 
Добро де ако не ви се допаѓаат не ги гледајте не се задолжителни, јас си ставам колку што мислам дека е доволно :helou: каде повеќе каде помалку тоа е тоа Инаку имам ставено две три фотки последно можите ското без фотошоп се освен рамка и контраст
 
И ти ко некој охриѓанец....прифати критика, ќе научиш нешто.

Ебаго.
 
Никогаш не си ебел за малку. Или ебеш, или не. Или ставаш PS, или не, нема многу - малку.

П.С. Tочка, bait mee. :) :back:
 
И ти ко некој охриѓанец....прифати критика, ќе научиш нешто.

Ебаго.

Абе прифаќам ама то е неможам се заборавам кога ќе почнам со фотошопот инаку знам и јас помалку употребвам последно време види на фотките во галеријата на девиант :smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom