Како да направиш подводни фотографии?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
kondom_aparat.jpg

Доколку сакате да снимите подводни фотографии, а специјалните куќишта ви се скапи, направете исто што и американските маринци - навлечете му кондом на фотоапаратот и нурнете :)

Се што ви треба за да ги заштитите вашите електронски уреди од водата се два кондоми и водоотпорно лепило. Пожелно е кондомите да бидат без лубрикант, бидејќи сигурно не би сакале да го чистите од фотоапаратот.

Доколку планирате да зумирате, за објективот да може да се издаде околу него ставете парче од ролна тоалетна хартија, а потоа целиот фотоапарат ставете го во кондомот. Врзете чвор и залепете го со водоотпорен лепак. Повторете ја постапката и со вториот кондом.

Истото можете да го направите и со мобилен телефон. Доколку се одлучите да ја пробате методава, пишете ни ги резултатите.

Еј, да, за евентуалните оштетувања кои можат да произлезат - не одговараме :)


Погледнете го видеото.
 
абе се е ок ама срамота е вака да те видат на плажа
 
Не верувам дека нешто посебно видливи ќе искочат фотографиите, после натнати два куртона на камерата...ама ај :) нека проба некој, па нека каже.
 
Абе ќе излезе фотографија ама со значително намален квалитет, плус ако кондензира ќе има доста блур :)
 
хаха а дека два кондоми полесно се кина :D

при триењето на двата полесно можи да дојди до оштетување т.е кинење на кондомите xD:D
 
kondom_aparat.jpg

Доколку сакате да снимите подводни фотографии, а специјалните куќишта ви се скапи, направете исто што и американските маринци - навлечете му кондом на фотоапаратот и нурнете :)

.

А дали женските фотографи можат да се напијат антибејби пилула и да нурнат со апарато?
 
Имам апарат од 800 евра и да експериментирам со кондом под вода не би ризикувал
 
Имам апарат од 800 евра и да експериментирам со кондом под вода не би ризикувал
Битно имаш апарат од 800 евра...

ЧЕКАЈ, 800 ЕВРА И ПАК НЕ МОЖЕ ДА СЛИКА ПОД ВОДА? :shok:

Туторијалот е за апарати-идиотчиња, не е за профи апарати.
 
тешко овие шо имаат профи ама без функција за под вода.:pos2:
 
Пред 2 години на плажа едни девојки пробаја да сликет под вода така шо апаратот го стаја во тегла.:lud: Искрено баш ме интересираше шо фотографии излегоја, за жал немав можност да ги видам.:jaj:
 
сега гледам прават и фотоапарати кој се и подводни и за на субво што би се рекло:D
 
сега гледам прават и фотоапарати кој се и подводни и за на субво што би се рекло:D

A и исто така ако имаш инкубатор при рака и тоа врши работа, херметички е затворен, + има две гумени дупки во форма на ракавица за да бутнеш раце и да ракуваш со апаратот фино поштено :)
 
A и исто така ако имаш инкубатор при рака и тоа врши работа, херметички е затворен, + има две гумени дупки во форма на ракавица за да бутнеш раце и да ракуваш со апаратот фино поштено :)
и преку тие гумени дупки ќе ти се наполни апаратот со вода:tapp:

ова е најдобро решение
PVC-Zip-Lock-Bag-PZB10090401-.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom