Puzzles

  • Креатор на темата Креатор на темата Ibrakadabra
  • Време на започнување Време на започнување

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.730
Поени од реакции
949
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.bestweb.com.mk
Прави ли некој слагалици тука??? Ајде пофалете се кој што има направено, кога, колку време, колку парчиња...

Јас имам направено 5 слагалици од по 1000 парчиња.

1. Лондон (мостот)
2. Париз (кулата)
3. Пустина, Сахара ќе да е...
4. Виена (собранието)
5. Стара карта на светот (Golden Edition)

3 од нив се на Ravensburger, 1 e Piatnik и 1 е непозната....

Лондон, Париз и Виена се од оние слагалици што светат во темно, можеби и затоа се купени... А Golden Edition-от е ко металик.

Памтам првата, Лондон, си ја купив у 8мо оделение, и се маткав со неа месец дена, али по малце правев, и памтам ми ја урамуваа 3-4 месеци... Не знам зошто, дали ја растурија, не знам што се деси, ама најискрено толку време стоеше кај нив : ))

Сега (по многу години LOL) уште редам, со девојка ми заедно (боље е многу у друштво) и ги наредивме останативе 4ри.

Забегав јас со објаснувањава... па ајде да чујам дали има пациенти ко мене :P
 
сум се мучел долго време да ја направам :uvo:
 
Гооооолем обожавател на редење слагалки(уште од мал). Но ко мал редев од по 100 парчиња, па потоа поголема слагалка со сестра ми од 500 парчиња наредивме, за потоа да купиме 2 од по 1000(едната беше со мачиња, другата беше со делфини). Онаа со мачињата ја наредивме, а онаа со делфините едвај ја почнавме и уште тогаш изгубивме многу делови :(
Maда тоа беше уште крајот на 7мо одделение, до почетокот на осмо.(сеа сум прва) Од тогаш немам баш редено слагалки. Интересна занимација, ако имаш време. Сеа кога сум у интернат кај би редел таму, ама понатака у животот којзнае...можда пак ќе се вратам на занимацијава :toe:
 
Интересно е, како помала редев вакви ама мали детски сликички, ништо посебно. Потоа имаше еден братучед една со мост, не се сеќавам точно од кој град беше, имаше многу делови и се собиравме повеќе деца и ја редевме кај него дома. Ни фалеа неколку делчиња на крај и не успеавме да ја комплетираме, сме ги изгубиле при редењето. Во секој случај многу занимливо и забавно.
 
Слагалици правев на времето, многу знаеа да ме смират. Често моите братучетки добиваа од Америка по некоја слагалица и ми ја даваа јас да се замарам. Многу ги сакав оние со многу парчиња.
 
Слагалици правев на времето, многу знаеа да ме смират. Често моите баручетки добиваа од Америка по некоја слагалица и ми ја даваа јас да се замарам. Многу ги сакав оние со многу парчиња.
Исто:) како помал ги правев парче и ептен се радував...сега ми донесоа за роденден една од 1000 парчиња со БИг Бен али дефинитивно сватив дека сум станал ептен живчан и неможам ни да помислам да ја склопувам. Како мал се радував башка по цели денови слободен и местиш по цееееееел ден:) сега почнавме со сестра ми 60 ги споив и почнав да се нервирам:pos: и станав
 
Склопувам сложувалки од одамна, имав на времето комплет од 3 сложувалки: Верверичка (500), 3 волчјаци (750) и Тропски остров (1500), не ми текнува од кој производител беа затоа што беа купени многу одамна од татко ми кога бил на шетање низ Германија.

Пред да одам во војска купив замок со чамец во каналчето пред замокот, ама се случија некои работи и заминав во војска пред да ја отвориме кутијата. Кога се вратив
на викенд, сите 1000 парчиња беа сложени :(

Сега за роденден колешките и колегите од фирма ми купија New York Hotels од Ravensburger (2000 парчиња).
Ја почнав денес, ама главата ме боли и баталив, продолжувам утре.
Инаку во склопувањето сложувалки кај мене дома се вклучува целото семејство.
 
Хахха, како помал сложував слагалици од Снежана и седумте џуџиња =lol
 
:pos2: Како помал многу сакав слагалки. Најчесто имав од цртаните филмови тогаш: Том & Џери, Снежана, Црвенкапа и многу други.
 
BUMP!

Кај можам да најдам флуросцентни пазли? :)

Зборам за тие со +1000 парчиња.
 
И јас сложувам сложувалки и после си ги урамувам. Ама шо појке гледам по youtube глеам дека луѓе ги сложувет и ги растураат и се прашвам како е нормално. И друго, кај купувате Скопје има негде поголем избор ?
 
Сложувам една од 2000 од Ravensburger и ми фалат три пазли. Дали можам негде некако да ги порачам само нив ?
 
Официјален увозник за Равензбургер за Македонија е Гоблин. Се наоѓаат во ТЦ Буњаковец на кат. Така да би требало во нивниот дуќан да има најголем избор, или пак да ти кажат кај ги имаат оставено најинтересните сложувалки :)

Прачување само три пуцлиња... што знам...
 
Сложувам една од 2000 од Ravensburger и ми фалат три пазли. Дали можам негде некако да ги порачам само нив ?
Остај ги нека ти фалат :)
Убаво е :)

Наредив една, пома немам што марка е, на неа има куќа, многу цвеќиња од ист вид и многу небо. Мислам дека додека ја редев се самоизмачував. 1000 пузли.
Ама убаво е, корисно за тепање време :)

Патем, пошто и јас додека ја редев (ја редев на парчето дрво на кое што сликарите го лепат платното додека сликаат, ah the hell, како се викаше?), ми се растури 3-4 пати, па ми фаќаше прашина од што ја ставав под кревет и после не можев да ја избришам убаво итн...
После ми текна дека е добра идеја да ги лепам пузлите чим им го најдам местото :)
Just an idea :)
 
Сложувам една од 2000 од Ravensburger и ми фалат три пазли. Дали можам негде некако да ги порачам само нив ?
Ravensburger имаа порано програма, според која можеш да им се јавиш и да им кажеш од која сложувалка кое парче ти фали и ќе ти го пратат.
Но не верувам дека сеуште тоа го имаат. Мислам дека престанаа со таа пракса одкога почнаа со различни пазли од една иста слика да произведуваат. На пример имат една серија на слика со еден распоред и облик на сложувалките, па потоа друга серија на истата слика, со поинакви по форма пазли.

Остај ги нека ти фалат :)
Убаво е :)

Наредив една, пома немам што марка е, на неа има куќа, многу цвеќиња од ист вид и многу небо. Мислам дека додека ја редев се самоизмачував. 1000 пузли.
Ама убаво е, корисно за тепање време :)

Патем, пошто и јас додека ја редев (ја редев на парчето дрво на кое што сликарите го лепат платното додека сликаат, ah the hell, како се викаше?), ми се растури 3-4 пати, па ми фаќаше прашина од што ја ставав под кревет и после не можев да ја избришам убаво итн...
После ми текна дека е добра идеја да ги лепам пузлите чим им го најдам местото :)
Just an idea :)
Има лепак Ravensburger, кој чини 390 денари (доволен е за околу 4 сложувалки со по 1000 парчиња).
Ја редиш сложувалката на хамер, хартија или било која слична подлога. потоа го нанесуваш одозгора (еднаш-два пати) и го оставаш едно два+ саат, да се осуши. Лепакот навлегува помеѓу спојките на парчињата од направената сложувалка и ја прави компактна, а воедно ја прицврстува на подлогата. После таква кохезивно стокмена ја носиш на урамцвање, без страв дека ќе ти се растури.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom