Ѓаволски ѕид - Македонскиот "кинески" ѕид

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Локација
Дома
Веб-сајт
www.trn.blog.mk
Малку познатитот македонски раритет "Ѓаволскиот ѕид” се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Свети Николе, на јужната страна на ниската планина Богословец и покрај самиот десен брег на реката Брегалница. Од магистралниот пат Велес - Штип е оддалечен околу седум километри на југ и до него водат, наЈпрвин макадамски, а потоа излокан земјен пат и од намерникот бараат и добро теренско возило и добра физичка кондиција зашто и најупорните ќе мораат да изодат пеш околу еден километар. Восхитувачката глетка што ќе се отвори пред намерникот ќе биде доволна награда за неговата упорност. Неговата отмена слабо потемнета бела боја, грдандиозниот изглед, неговото мистично молчење без никаква резерва го одземаат здивот на секој намерник, без исклучок. Сино-зелените води на овде немирната Брегалница во неговото подножје, гордото молчење на врвот “Свети Јован” на планианта Богословец, далечните сиви планини само ја дополнуват оваа прекрасна и мистична глетка.

- Ѓаволскитот Ѕид,- ќе запише во своите спомени, пред отприлика сто години, д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг,- е чудо какво не постои во светот, но, ние, Македионците, како и секогаш, не знаеме да ја цениме таа убавина и оригиналност.

Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восихитено изјави:
- Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо!


Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец”, и вдолж дес-ниот брег на Брегалница а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни - на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесе-ните камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.



П о т е к л о

Околу потеклото на овој во секој поглед монумент постојат разни гледишта. Дел од науката тврди дека станува за природна појава, односно дека ѕидот настанал со ерозија на околното земјиште. Според нив како “автор” на овој Ѕид е неуморниот неимар - природата, која овде, како ретко каде создала ремек дело. Наспроти ова тврдење има научници кои тврдат дека станува збор за градба, а не за природен феномен. Кон ова тврдење тие го наведуваат фактот дека такви камења како на градбата не постојат во неј-зината околина, потоа неверојатната вештина во градењето и постоењето на тенок врзивен материјал со црвена боја. Истовремено ваквата претпоставка наметнува дилеми околу тоа како се изведувало градењето бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапен терен. До него, велат тие, тешко се стиг-нува пеш и донесувањето на огромните камења кои тежат и по четири тона барало и соодветна техника и соодветно умеење на градителите. Всушност, велат бранителите на овааа теза, тоа е еден од елементите што овој Ѕид го прават мистичен.



П р е д а н и е.
НЛО приказни


Наспроти науката кај народот од овој регион постои верување дека градбата е дело на надеземни сили, односно на ѓаволот, па затоа и му дале име - Ѓаволски ѕид.
- Таков Ѕид може да изгради само нечовечко суштество,- на повеќе пати ни изјавуваше стогодишниот и веќе покоен дедо Стројман од светиниколското село Амзабегово.- Да ја прегради Брегалница на тоа место и да изгради толкав ѕид може само Ѓаволот. Може некој да ми се смее од вас младите, ама така е. Човек тоа не може никогаш да го направи.
Според легендата ѓаволот се обложил со Бог дека за една ноќ ќе изгради Ѕид и ќе ја пренасочи Брегалница преку ридот кон Овче Поле и ќе го поплави. Истата ноќ ѓаволот почна да го гради Ѕидот и тоа го правел со таква брзина што немало сомнение дека ќе ја оствари својата цел. Бог, откако видел дека заканата станува реалност и сакајќи да го спречи во намерата, пред време разбудил еден петел кој пропеал, па ѓаволот не успеал до крај да ја остари својата идеја.
- Ако не го разбудел Господ петелот,- дополнуваше дедо Стројман, денес ќе го немаше Овче Поле, ќе го немаше Азмабегово, овде ќе беше езеро.
 
Врз темелите на таа приказна се наметнало името Ѓаволски ѕид, кој истовремно ја изразувал немоќта на човекот да ја објасни велелепноста на градбата, да ја означи нејзината мистериозност и да предизивкува стравопочит. Сите тие три елементи кај месното население се присутни и денес.
Исто така, кај народот, во малку подревна форма, постои верување дека овој ѕид е дело на вонземјани и како факт се наведуваат приказни според кои во последните пет децении наводно над овој ѕид биле забележани педесетина НЛО. Пред три години, во повеќе наврати во наши слободни разговори извесен Дедо Иљо од селото Богословец тврдеше дека уште кога бил дете збележувал со неговите другари необични летала што мошне често го надлетувале Ѕидот што предизвикувало страв кај месното население..
- Необичните "ароплани” ги гледаа скоро сите од селото и кришум се крстеја. Не смееја да кажат на никого оти се плашеа да не ги прогласат за луди.
Приказни со НЛО - основа се особено присутни и последниве четири - пет години. Голем број на риболовци и ловци од овој регион се спремни да се заколнат дека мошне често видувале необични летала како го надлетувале Ѕидот, па дури и се спуштале до него.
- Пред три години, - тврди долгододишниот риболовец Злате,- цела ноќ над Ѕидот надлетуваа летала кои не испуштаа никакви звуци и фрлаа необична сина, но продорна светлина. Цела ноќ, од другата страна на Брегалница од страв завиваа волци и кучиња. Утрото додјоа некои непознати луѓе о Штип, најдоа некој необичен метал, го зедоа и си заминаа без збор.
Тоа особено често било во летните месеци, особено Август, најчесто ноќе, иако ги имало и дење. За ваквите необични и чести појави во 2000 година неколку пати се пишуваше и зборуваше и во повеќе медиуми во Македонија и странство.



О п а с н о с т

Кај трагачите на злато постои приказна според која ова е ѕид од римскиот период, односно дека тој крие еден тунел со неверојатно големо богатство. Тој тунел е вцртан и на одредени топографски карти што на наивните трагачи по богатство им ги продаваат вешти измамници од околните земји. Тој тунел, според нив, е главната причина што последните години диви копачи на богатство сî повеќе го посетуваат овој ѕид и го оштетуваат. Последниве две години предмет на вакво опсервирање и активности Ѕидот бил и на одредени НАТО војници кои со хелихоптери често се спуштале крај самиот Ѕид. Во август минатата година медиумтие пишуваа дека еден ваков НАТО- хеликоптер кренал огромна плоча од подножјето на Ѕидот и наводно очевидци тврделе дека при тоа е однесено големо богатвство. Исто така, на повеќе пати се забележани и диви копачи од соседните земји, така што тие стануваат најголемата опасност за состојбата на овој редок феономен.
- Ако не се спречат дивите копачи кои скоро секоја ноќ “вршлаат” околу Ѕидот барајќи измислено злато, наскоро, сосема наскоро тој ќе се сруши од теме,- предупредуваат група вљубеници во овој феномен што го краси дивиот простор зад Богословец.- Во тој контекст Ѕидот треба да биде ставен под заштита како национално богатство, да биде наша гордост.

И, за сето тоа време Ѕидот спокојно им одолева на забот на времето, на опасностите што му ги носи човекот и зрачи со сета своја велелепна убавина, грандиозност и мистериозност што го одземаат здивот и предизвикуваат вистинска стравопочит
gavolskizid01awebnk7.jpg

6jovevn.jpg

6x7fvj8.jpg

72aqoia.jpg
 
Па што има тука толку мистериозно?
Камени наредени еден врз друг, ништо посебно.
 
Па што има тука толку мистериозно?
Камени наредени еден врз друг, ништо посебно.
Како успеал некој да нареди толкави камења вдолж 500 метри? Кога? Зошто?
 
Па што има тука толку мистериозно?
Камени наредени еден врз друг, ништо посебно.
Кликни на првата слика и види го соодносот на човекот кој е застанат и камењата за да добиеш реална претстава колкави се камењата. Кој може да ги крене и нареди така, во тоа време, без кран? А и да ги упасира така, со неправилни форми.

Не е баш пичкин дим.
 
Тоа е доволно голема мистерија и доволно големо чудо за да биде забележано од нас, но не и од луге кои можат да го заштитат на некој начин. Но тоа е тоа што да правиме кога сме глупи и не се грижиме за своите природни богатства...
 
Не бев импесиониран додека не ги видов сликите... . би сакал да го посетам тоа место .
 
Па што има тука толку мистериозно?
Камени наредени еден врз друг, ништо посебно.
Се дур сме со ваков индиферентен и игнорантски став за нештата од Македонија кои вредат(на било каков начин) и кои се посебни, нема да стигнеме далеку. И тогаш ќе се појави некој странски експерт кој ќе ја препознае вредноста и уникатноста, а ние при очи ќе останеме слепи за истата.

Ова е навистина раритет. Се надевам дека ќе се превземат соодветни мерки за негова заштита и конзервација, како и тоа дека ќе му се посвети доволно внимание од страна на експертите, за да дознаеме што повеќе околу овој, т.н ѓаволски ѕид.
А пред се посакувам да не биде жртва на диви копачи и неписмени луѓе кои ќе се дрзнат да го оштетат, како што беше случај со многу вредни археолошки пронаоѓалишта.
 
Uf mameto...Gi imam gledano (skoro) site gradbi po Evropa,ama vakvo nesto,na vakvo mesto nema nikade na drugo mesto. A toa za zlatoto...imam slusano deka Makedonija spie na zlato krieno po planinite od raznite vojski sto so mileniumi krstarele niz nea...
 
Dobro e stvarno, ova e sramota ako se ostai taka da propaga mestoto! Daj nekoi potochni koordinati kako se stiga do tamu! Stvarno e zversko.
 
браво за темата
импозантно место макар шо е тешко пристапно али у секој случај од еден другар разбрав дека ќе прават пат дотаму и ќе воведуват струја
ќе се развива туризам :)
btw мојата баба од мајкина страна е по потекло од богословец
јас никогаш не сум бил таму а камоли на ѓаволскиот ѕид
 
Има некој што отишол таму скоро? Гоце? Да не има снег? :)
Би отишол, само не знам кога. Прекрасно нешто.
 
Не е сега за идење, иако кој сака, може да отиде. Најубаво, јас ќе одам во Мај. А исто ќе покренам и иницијатива за промоција и афирмирање како потенцијална туристичка дестинација. Овчеполци можат да живеат од тоа меѓу другото...
 
Интересно е навистина, само жалосно што не ги цениме и развиваме туристички таквите места. Би можело многу да се направи околу тоа.

Американциве и некоја стара дрвена куќа ќе ја дотераат, ќе ја „нашминкаат“ и ќе речат еве тука живеел Бред Пит и ете ти посетеност, па туризам, па пари. :pos:

Ова само како пример за да доловам колку не знаеме да го почитуваме и позитивно да го искористиме тоа што го имаме. :(
 
Па малку е и чудно.. Сооднос, совпаѓање, време на градење, големина, должина. Ако се размисли малку подобро има нешто нејасно. Ама од друга страна: Пирамидите во Египет се 416541654165 пати поголеми од она на сликине, па за нив има записи дека луѓе ги граделе. Значи кога е можно луѓе да изградат онолкави чуда во Египет, ништо чудно и овој ѕид да е изграден од луѓе. Само проблемот е што немаме податоци од кого е изграден и со која цел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom