Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.222
- Поени од реакции
- 26.336
Вака на прва темава може звучи чудно, се дур не седнеш со друштво и случајно се отвори овој муабет па се испостави дека сите знаете барем по некој. Јас лично знам четворица што со години користат капки за нос, секако без дијагноза или препорака од доктор, туку на своја рака. Сите тие тврдат дека не можат да дишат ако не стават од капките неколку пати на ден, што значи дека се буквално зависни од нив. Две марки особено се истакнуваат "Оперил" и "Бенил" како најчесто користени.
Дали вие знаете такви случаеви? Посебно ме интересира мислењето на медицинските лица членови на форумот за овој феномен и појаснување зошто е така и дали има начин да им се помогне на тие лица. Далеку е од сериозен проблем како зависност од хероин на пример, ама па зошто да се влечат луѓе со капки за нос со години.