Пожари низ Македонија – случајност или намерно подметнување?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.276
Поени од реакции
34.643
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
th4_5285.jpg
Секое лето, истата слика: чад, пепел и огнени линии што голтаат шуми, ниви и понекогаш дури и домови. Последниве денови бројот на пожари во Македонија повторно расте, а со тоа и сомнежите кај многумина - дали станува збор за природни појави, човечка негрижа или нешто посериозно?

Во оваа тема ве поканувам да споделувате:

Информации за активни пожари во вашата околина

Слики, видеа или извештаи од терен

Забележани сомнителни активности

Лични искуства или сведоштва


Дали мислите дека пожарите се случајни или намерно подметнати?

Што мислите за работата на институциите и противпожарните служби?

Има ли доволно превентивни мерки? Ајде заедно секој ден да бараме и споделуваме нови информации. Вистината заслужува да излезе на виделина.
 
Последно уредено:
Моментално гори во Волково, последна 22, кај игралиштето на ФК Волково и комплексот Верина. Опожарени се и неколку куќи. Ветрот дува со ненормална брзина и го распалува дополнително. Активиран е кризниот штаб на општина Ѓорче Петров, но од информации од местото - имало само едно противпожарно возило. Се користи земјоделска механизација за да се спречи проширување на огнот, но ветрот ги отежнува напорите. Имаше многу апели за помош, па кој живее во близина, сака да помогне, а не видел, нека се упати кон последна 22. Задолжително облека со долги ракави, заштитни маски (минимум KN95, ама и тие не помагаат), мокри крпи/маици и некаков рачен алат.

Попладнево гореше и од другата страна на Волково, над црквата во Стопански двор, но последни информации се дека тој пожар е изгаснат.
 
Денес пожари, утре саботажа на енергетскиот сисем, задутре цревце од глицерин на автобус.
Во интерес е да се прикаже неспособноста на едната страна за другата да профитира.
Многумина се спремни да газат преку лешеви за да профитираат за лични интереси.
 
Со оглед на тоа дека има 100 пожари у еден ден околу Скопје. Дефинитивно некој пали намерно.
 
Куманово гореше на сите страни денес. Случајно или не, Знам и ВМРО со трибина денес во Куманово.
 
Ја мислам дека се подметнати, ама ако ме праша некој зашто? Не знам.
Мојата логика е дека само од себе ништо не се пали така.
Стакло имам читано може, срча. Ама што барсат срчи некад на непристапни места, у пичке си мајчине?

А знам дека сме болен народ, и мислев прво горат за да зимаат после за огрев.
А сега со годинешниве пожари дознав за тоа што ЈП Шуми или кои и да беа, дрвата од изгорени шуми ги шиткале за поевтино.
Не ми е јасно стварно, што им се дешава во главата, зимаат ли нешто, пироманија ли.
Да земеш да гориш дрва, или отпад ете ѓубришта. Срамота е бе. Ова овде е наше. Не е на некој друг. Сами не си ја чуваме природата.

И оние мрднатине што палат стрништа место да го фрлат ѓубрето.. Јас во октомври бев сведок од Крушево кон Прилеп на патот. Као 20 стрништа гореа, овие седат си дишат, крави си пасат отров. Полиција НИГДЕ. Секако.

Кој го фатат. Треба на тостер рацете да му ги стаат. Ова го дишат дечиња, болни луѓе, стари луѓе.
Јзк.
 
Кога имате во еден ден во Скопје само 100 пожари на различни места јасно е колку е саатот. Сите овие пожари се организиран тероризам а сите траги водат кон партијата на зелените.
 
Не можам да помислам дека постои мозок кој намерно би запалил оган за да предизвика пожар од која и да било цел.

Но веројатно постои, и мислам дека тој што го фатија кај што пали гуми, тој треба да биде пример за сите други следни.

Во два дена пресуда доживотна робија, па бујрум, палете....
 
 
Не сум сигурен дали е намерно или не, ама знам дека ова е последица на неказнивост изминатиов период немаше скоро никаква кривична одговорност за вакви случаи. Баш оној директор на Македонски шуми зборуваше пред некоја недела пред да почнат пожарите дека само неколку луѓе лежеле во затвор за подметнување пожар, а иста била ситуацијата и со сечење на шумите - секогаш сторителите иако повеќе пати фатени поминувале со минорни казни наместо да ги стрпаат во затвор и да бидат пример за други.
 
Ноќеска кај Смилковско уште еден.

Ама ова шематски малце а? Сеа горе се гори над Скопје.
Вчера од сите 4 страни гореше. Шо е фората?
 
Ноќеска кај Смилковско уште еден.

Ама ова шематски малце а? Сеа горе се гори над Скопје.
Вчера од сите 4 страни гореше. Шо е фората?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom