На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите. Ќе добиваат месечен надоместок од 24.000 денари, а оние што ќе се покажат како најдобри, ќе добијат и вработувања. Повикот до невработените е нова мерка на Владата опфатена со оперативниот план за вработување, која првпат се спроведува кај нас.
1000032204.jpg

„Наместо да дејствуваме несинхронизирано и откога штетите се веќе направени, денес почнуваме со процес на навремена подготовка, превенција и мобилизација на ресурси и луѓе. Мерката предвидува вклучување 400 невработени лица, кои ќе бидат ангажирани за извршување јавни работи, со фокус на создавање противпожарни појаси и други активности за спречување и намалување на ризикот од пожари. Секој ангажиран учесник ќе добива месечна финансиска поддршка од 24.000 денари. Сите оние што ќе покажат особен интерес, посветеност и висока подготвеност, по завршувањето на оваа мерка, ќе бидат трајно ангажирани преку нивно вработување во институциите што се надлежни за оваа работа“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.

Владата смета дека мерката има двоен ефект – еколошки и социјален – оти обезбедува приход и вклучување невработени лица, а во исто време се гради функционален и одржлив систем за заштита од пожари. Предвидено е да бидат опфатени 14 општини, односно сите општини во кои има противпожарни единици, со исклучок на Кочани и Струмица, кои не се пријавиле за мерката.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика сите граѓани, „особено оние што бараат работа со малку поголем предизвик и кои истовремено сакаат да ѝ помогнат на татковината да се справи со пожарите што претстојат“ да се пријават на огласите што ќе бидат распишани од страна на општините. Ангелов рече дека лицата што ќе се пријават во Скопје на огласите на Општина Кисела Вода се очекува бројката да биде меѓу 80 и 100, ќе бидат распоредени во тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување. Предвидено е да поминат кратка обука, а потоа од најдобрите ќе бидат избрани неколкумина за новата специјална единица за заштита и спасување.

„Можеби сумата на прв поглед не е примамлива, но сите оние што ќе се пријават на овој оглас на територијата на целата држава и ќе покажат особен успех во справувањето со пожарите, ќе имаат можност професионално да бидат вработени во некоја од територијалните противпожарни единици во државата. За жал, две општини не се пријавија на овој оглас, општините Кочани и Струмица, и бројките што беа предвидени за овие две општини, најверојатно, ќе бидат распоредени во другите. Оние што ќе се јават на овој оглас треба да бидат психофизички здрави, верувам дека сите тоа го знаат, но дополнително ќе утврдиме на кој начин ќе биде проверена и физичката подготвеност на овие луѓе бидејќи луѓе што имаат хронични болести, срцеви заболувања, луѓе што имаат проблем со шеќерот, не е добро да се пријавуваат на вакви огласи“, рече директорот Ангелов.

Извршната директорка на ЗЕЛС, Дивна Перишиќ, смета дека со овие вработувања малку ќе се доближиме до неопходната бројка на пожарникари, која е над 1.500. Сега, според податоците што ЗЕЛС ги прибира, бројката на вработени пожарникари е меѓу 700 и 800 во целата држава. Со 400 нови вработувања ќе се реши половина од проблемот, а другата половина Перишиќ најави дека ќе се обидат да ја решат со изработка на нов закон за заштита од пожари, во чија изработка ќе учествува и ЗЕЛС.
 
Не верувам дека ќе најдат кандидати за оваа сума. Или нема да бидат многу.
Ризична работа е.
 
Треба да си луд да гасиш пожари во моментов за 24.000 ама не се сомневам дека ќе ги потполнат местава со партиски кадри кои после ќе ги ухлебат додека „најдобрите“ т.е најбудалите нема да им биде продолжен договор и ќе си бараат нова работа
 
Ќе гасат пожари од штаб, со јадење гомна на кајгана, твитер итн...
 
Ќе гасат пожари од штаб, со јадење гомна на кајгана, твитер итн...

Баш така 80% од овие вработените во дирекција за заштита и спасување не работат ништо, буквално измислени работни места
 
24000 се минималец за некој што ќе биде неук и нема да го пуштат на први редови да гаси.
Сумата е во ред со оглед дека лицата што се бараат се без искуство.
 
24000 се минималец за некој што ќе биде неук и нема да го пуштат на први редови да гаси.
Сумата е во ред со оглед дека лицата што се бараат се без искуство.

Без разлика што не е остручен, работата како таква е ризична вдишуваш гасови чад така да лудост е за 24к да губиш здравје

А дури и да те примат после како пожарникар ќе земеш дури 100 евра повеќе :eek:
 
Треба да си луд да гасиш пожари во моментов за 24.000 ама не се сомневам дека ќе ги потполнат местава со партиски кадри кои после ќе ги ухлебат додека „најдобрите“ т.е најбудалите нема да им биде продолжен договор и ќе си бараат нова работа
Така де.

Биди способен и добар претприемач, па отвори своја фирма и дај им на луѓето 1500 евра плата. Почни од себе првин.
 
Тешко 400 невработени што се физички спремни да најдат на моменталниов пазар на труд. Цигани евентуално, ама тие само појак пожар може да ти направат.
 
Без разлика што не е остручен, работата како таква е ризична вдишуваш гасови чад така да лудост е за 24к да губиш здравје

А дури и да те примат после како пожарникар ќе земеш дури 100 евра повеќе :eek:
Dobro de, se podrazbira deka pocetnik nema sam da go ostavat da gasi, ke raboti prvicno kako pomosnik.
 
Ова е еден вид селективен курс за нови пожарникари. Со кратка обука и право на терен, ќе се види кој е спретен и спремен за работава. Штабци, циговци и џаболебари у први 5 минути ќе се повлечат, ќе останат квалитетни луѓе кои ќе бидат дообучени. Добра идеја, да се надеваме дека ќе се исполни квотата од 400 лица.
 
Ne daj boze da volontira nekoj.
Inaku da za vakvi raboti psihofizicki zdrav covek ocekuvano e da volontira, da pomogne kako i za sekoja druga nepogoda, nesrekja ili sto i da e, a ne da ceka da go viknat ili da prasa kolku pari bi mu sleduvalo.
Ali ova vazi kako sto rekov za psihofizicki zdravi ljuge, licata so posebni potrebi ko vas na primer neka si sedat doma oti sto da pravat drugite pobrzo, da pomagaat ili vas da vi go berat gajleto kako so ve dal gospod vaka ko od mocka praeni.
 
Ќе волонтираш во нормална држава која ги почитува своите граѓани и за која се сите исти, вака да гасиш пожари за да бидеш граѓанин од втор ред не фала. Ете им ги учките од Чаир и 30-40% од партиските административци што џабе зимаат пари од буџет
 
Rdjavom kurcu i dlake smetaju :toe:
Za izgovori sekogas ke se najdat. Sega ti e toa problem, utre ke ti bidi nesto drugo.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom