Е нормално во Скопје, најголеми трошоци но и можности се во Скопје сакале признале сакале не. А иначе се согласувам со Добриот, ако во ситуација на мањак работна рака си работлив и ти фаќа кликерот, ако работиш за испод 45000 сам си крив (ова пак за СК). Т.е. газдата има и е спремен да ги даде, ама не си се пазарил и не ти ги дал.
Он топик: Овој данок ако дојде и те како нема да е за добро на народот, пак ќе си ги преиначат парите за да цицаат и да си ги плаќаат партиските дронови. Ете ги дигнаа кесите од 2 на 15 денари демек фонд за екологија, ја лично не видов ништо да направат со тие пари, исто би било и со потенцијален данок за сингл. Сакам да кажам и 20 данока за подобрување на пензискиот систем да има, пак ќе се објаснува како нема за пензии, затоа што прво, не им е приоритет соодветно да го менаџираат, второ, се ќе го крадат за нивни цели.