Делбена постапка по развод !

  • Креатор на темата Креатор на темата Томи Ли
  • Време на започнување Време на започнување
Дали наследен имот, кој бил наследен откога е стапено во брак се дели?
 
Не. Ниту еден наследен имот не се дели, небитно е кога е наследен, дали дури сте во брак или не сте во брак.
 
Луѓе, не иде таа работа без адвокат. Навидум работите изгледаат едноставно и неспорно, но има многу работи и финеси кои дефинитивно треба да ги среди адвокат. И тоа што навидум е неспорно и договорено, ако не се среди како што треба во иднина ке продуцира проблеми кои многу потешко и поскапо ке чинат.
Еве баш деновиве работам на таков проблем кој ,,не бил проблем,,. Човекот сака да продаде викендица, се наоѓа купувач, цената договорена, уште формално да се склучи договорот и да се солемнизира кај нотарот... АМА, човеков разведен пред повеке години, имотните прашања ,,решени,,, што е негово е негово а што било на бившата сопруга и дал, навидум никаков проблем. Предметна викендица е од таткото на човеков само што истата е легализирана и упишана во катастарот на име на човеков- синот ,,во време кога истиот бил во брак,,. Во имотниот лист стои ,,решение за легализација бр.хххх од датум ххххх на органот тој и тој... И сега проблем, во изводот од родените му стои дека бил во брак од тој и тој датум до тој и тој датум, а датумот на решението за легализација е измеѓу, односно за време на траењето на бракот. Работава излегува дека е имот стекнат во брак, а при разводот бидејќи не било спорно дека тоа му е имот од татко му, бившата жена не барала дел и воопшто викендицата не била дел од имотот кој се делел како стекнат во брак. Но СЕГА е ГОЛЕМ проблем. Сега нотарот бара да и бившата жена се потпише односно да даде изјава дека е согласна со продажбата. Заебот е поголем што човеков од разводот (кој и не бил така скандинавски) нема никаков контакт со бившата жена, немаат заеднички деца, со имотот расчистиле.. и не се во никаков контакт. Жената е повторно мажена и тоа во странство, има сопруг, има деца, нејзин живот. Е сега, за да се среди работата човекот ке треба добро да го одврзи кесето а во меѓувреме е неизвесно дали купувачот ке остане купувач или ке се повлече....
Затоа не штедете на адвокати, средете си ги работите како што треба.
 
Заради легализацијата излегува дека е имот стекнат во брак така?
 
Да, легализацијата е извршена за време на бракот и тогаш е уписот во катастарот, иако викендицата е изградена многу претходно од татко му. Проблем е.
 
Луѓе, не иде таа работа без адвокат. Навидум работите изгледаат едноставно и неспорно, но има многу работи и финеси кои дефинитивно треба да ги среди адвокат. И тоа што навидум е неспорно и договорено, ако не се среди како што треба во иднина ке продуцира проблеми кои многу потешко и поскапо ке чинат.
Еве баш деновиве работам на таков проблем кој ,,не бил проблем,,. Човекот сака да продаде викендица, се наоѓа купувач, цената договорена, уште формално да се склучи договорот и да се солемнизира кај нотарот... АМА, човеков разведен пред повеке години, имотните прашања ,,решени,,, што е негово е негово а што било на бившата сопруга и дал, навидум никаков проблем. Предметна викендица е од таткото на човеков само што истата е легализирана и упишана во катастарот на име на човеков- синот ,,во време кога истиот бил во брак,,. Во имотниот лист стои ,,решение за легализација бр.хххх од датум ххххх на органот тој и тој... И сега проблем, во изводот од родените му стои дека бил во брак од тој и тој датум до тој и тој датум, а датумот на решението за легализација е измеѓу, односно за време на траењето на бракот. Работава излегува дека е имот стекнат во брак, а при разводот бидејќи не било спорно дека тоа му е имот од татко му, бившата жена не барала дел и воопшто викендицата не била дел од имотот кој се делел како стекнат во брак. Но СЕГА е ГОЛЕМ проблем. Сега нотарот бара да и бившата жена се потпише односно да даде изјава дека е согласна со продажбата. Заебот е поголем што човеков од разводот (кој и не бил така скандинавски) нема никаков контакт со бившата жена, немаат заеднички деца, со имотот расчистиле.. и не се во никаков контакт. Жената е повторно мажена и тоа во странство, има сопруг, има деца, нејзин живот. Е сега, за да се среди работата човекот ке треба добро да го одврзи кесето а во меѓувреме е неизвесно дали купувачот ке остане купувач или ке се повлече....
Затоа не штедете на адвокати, средете си ги работите како што треба.

Тужба за утврдување право на сопственост, нагласете во тужбата дека тужената е во странство и да се назначи привремен старател, и за 2-3 месеца ќе се реши, освен ако не се погоди некој терсен колега како привремен старател па да ја ,,глави" работата, али ако имате цврсти докази верувам дека брзо ќе се заврши.
 
Па не сум баш сигурен за основот... се мислам и за тужба да се утврди дека тоа не е имот стекнат во брак... но секако ке биде тужба. Нешто се обидувам да стапам во контакт со личноста, па може ке ја завршиме и само со една согласност заверена таму на нотар или во амбасадата... здравје, ке се среди. Па ако нема такви работи од што ке заработиме :D
 
Време и начин кога е стекнат имотот
Главниот фактор при одлучување на кого ќе му припадне имотот е всушност статусот на имотот. Имено, брачните другари можат да бидат сопственици на заеднички и посебен имот. За посебен имот на брачниот другар се смета имотот кој е стекнат пред склучувањето на бракот, како и имотот кој е стекнат за време на бракот врз основа на наследство, легат и подарок.
Доколку брачниот другар го стекнал имотот по овие основи, другиот брачен другар нема право на сопственост на ваквиот имот.
Товарот на докажување лежи на страната на оној брачен другар кој пред судот истакнува вакво тврдење, па од овие причини истиот мора да презентира докази за да го докажете тврдењето без разумно сомневање.
Брачниот другар кој нема право на сопственост на посебниот имот, може да добие финансиска компензација ако судот утврди дека истиот имал финансиски или личен придонес за неговото подобрување (пр. реновирање, доградби, наградби), плаќања на хипотека, плаќање на даноци и сл.
Ако имотот не е стекнат пред склучувањето на бракот, односно не е стекнат за време на бракот врз основа на наследство, легат или подарок, станува збор за заеднички имот кој му припаѓа во сопственост и на двајцата брачни другари. Без оглед што имотот е запишан во имотниот лист само на име на едниот брачен другар, се претпоставува дека уписот е извршен на име на двајцата брачни другари.

Придонесот на брачниот другар во заедничкиот имот
При утврдувањето на деловите на брачните другари во заедничкиот имот, судот тргнува од фактот дека заедничкиот имот на брачните другари се дели на еднакви делови. Меѓутоа, оваа претпоставка може да се побива од страна на брачниот другар кој смета дека му припаѓа поголем дел од заедничкиот имот.
Ако брачниот другар докаже дека неговиот придонес во заедничкиот имот очигледно и значително е поголем од придонесот на другиот брачен другар, тогаш судот може да му определи поголем дел од заедничкиот имот.
Доколку при делбата на заедничкот имот се утврди дека на еден од брачните другари му припаѓа значително помал дел судот може на барање на еден од брачните другари да определи тој дел да му се надомести во пари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom