Трикала

  • Креатор на темата Креатор на темата The Wild Boy
  • Време на започнување Време на започнување

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
940
Локација
МАКЕДОНИЈА!!!
Планираме со друштвово да одиме на божиќниот пазар во Трикала така за ден - два.
Другарчево има роднина што му вози во една негова туристичка агенција, и има еднодневна тура за во Трикала, ама баш па тој викенд е он на работа.

Препорачајте ми ги сите туристички агенции кои што возат за трикала овие викенди се до Нова Година, па ќе видиме како е со цена (поевтино ќе е подобро), и дали он ќе биде слободен тој период.

Ми кажа мене еден комшија, подобро било да се оди во Паралиа, таму да се спие, па после Трикала, и да се посетат исто Метеори.

Мене оваа тура ми одговара, а како што разбрав од него, таа тура е всушност онаа што и ја прават поголемиот дел од туристичките агенции.

Така да, не е проблем ако треба да се преспие еден ден, а баш напротив и супер ќе биде, 2 дена, ќе се прошетаме саглам во трикала и метеори и ќе си се вратиме.

Пратете ми имиња на агенции, ако знаете и цени, и од кога до кога возат, јас може и утре (или деновиве) ќе одам од сабајле да ги посетам дел од тие туристички агенции тука во Скопје.

Crvo Express ми ги фалат (се рекламираат доста на инстаграм). Али они се па туристичка агенција од Штип. Имаат и од Скопје превоз што носи до Штип, па после тоа со нивен автобус до Трикала и Метеори мислам, сето тоа за 2,200 денари, али пак другарката кажа дека можело и за поевтино да се најде. Пратете ми вие понуди слободно, јас ќе ги разгледам, и ќе си одлучам.
Фала ви однапред на сите :)
 
При интернет ти ке се акаш по агенции?


 
При интернет ти ке се акаш по агенции?


Па не ги знам сите агенции на памет. Би погледнал на интернет, ама мислам и по друго е ако се распрашам на лице место, и онака деновиве сум слободен.
Автоматски споено мислење:

ЈК Травел имаат до сега најевтина понуда. А најдов и на Арботравел (со нив и сум патувал), и они се горе доле за иста цена.

И таа понудата од Liberotravel е исто ок. За 7-8к сосема ок според мене, гледајки дека се шета солун, космос, паралија се спие во хотел со јадење, па метеори, па трикала, па назад во паралија за шетање и назад во МК.

Има ли туристички агенции кои што нудат само дводневна прошетка, само да се преспие / јаде во паралија, па наредниот ден во трикала / метеори и назад МК?

Ако најдете уште нешто, слободно праќајте. А добиените информации јас ќе ги препратам на моето друштво да видат, па ќе одлучиме.
 
Последно уредено:
Препорачајте ми ги сите туристички агенции кои што возат за трикала овие викенди се до Нова Година, па ќе видиме како е со цена (поевтино ќе е подобро), и дали он ќе биде слободен тој период.

Опа chatgpt кајгана верзија 2о.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom