Factum AI (Македонски Chat GPT правен асистент)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.442
Поени од реакции
8.644
Возраст
34
1729357321568.jpeg
Не рекламирам, ниту е мое ова, ниту го познавам некој кој го има направено ова. Единствено сакам да пофалам еден интересен проект.

Factum AI (македонски ChatGPT) е правен асистент кој го прави законот едноставен и разбирлив за сите, обезбедувајќи висококвалитетни консултации за сите ваши правни прашања.

За повеќе опции користење на чатот се плаќа избор на неколку пакети.

Дневен ултра
599 ден/месечно
Про
1499 ден/месечно
Ултра
2999 ден/месечно

Засега колку што видов нема апликација, се отвара во веб прелистувач.
 
Attachments

  • 1729357237786.jpeg
    1729357237786.jpeg
    1,9 KB · Прегледи: 6
Последно уредено:
Оној што го бара тој совет. Ако прочиташ на интернет дека е здраво да се јаде азбест, кој ќе ти е крив? АИ е алатка ко Гугл, секогаш треба да се проверуваат одговорите и советите, халуцинации се нормална појава.

Инаку јака идејава, хостираш ChatGPT инстанца, прикачуваш закони ПДФ, вордови и остало и наплаќаш 50 евра месечно кога ChatGPT е или бесплатен или 20 долари месечно за премиум верзија. Следно ШколоGPT, прикачи му сите учебници во електронска форма и наплаќај 50 евра.
 
Колку што гледам има и опција да закажеш состанок со креаторот на овој проект.

Димитар Чуковски е креаторот.
 
Оној што го бара тој совет. Ако прочиташ на интернет дека е здраво да се јаде азбест, кој ќе ти е крив? АИ е алатка ко Гугл, секогаш треба да се проверуваат одговорите и советите, халуцинации се нормална појава.

Инаку јака идејава, хостираш ChatGPT инстанца, прикачуваш закони ПДФ, вордови и остало и наплаќаш 50 евра месечно кога ChatGPT е или бесплатен или 20 долари месечно за премиум верзија. Следно ШколоGPT, прикачи му сите учебници во електронска форма и наплаќај 50 евра.
Да, ама тој на интернет не ти наплаќа и правен совет е друго, друго е јадење азбест, баби и жаби муабет. Баш дека не е веродостојно, затоа и пишав за одговорноста.
 
SaaS е ин, поготово сега АИ откако искочи. Си праат разно разни идеи. А и багатела е.
 
Една од најголемите пречки на AI, liability. Кој правно одговара за грешките на AI. Производителот или предприемачот.

Јас бев еден од проекторите на примена на AI за мануелно регистрирање на пациенти во медицинска лабораторија со комплицирани AOE на прием. Ме заеба кризава, компанијата го откажа проектот, одеше добро на почеток, ама излезе многу зависен од ClientMaster и ICD10/11.

Исто така имав искуство парцијално со AI за мониторинг на IT инфраструктура, проек што беше пред 5-6 години и уште не беше AI доволно усовршено. После 3 години излеговме од спогодбениот договор со AI фирмата. Според комерцијалната примена на апликацијата и AI, не ги задоволи нашите потреби и имаше неуспеси во повеќе од 5 итни случаеви.
 
Последно уредено:
Кој ќе одговара за грешен правен совет?
Се регистрирав има можност некаде 5 совети бесплатно да ти ги дадат но секогаш на крајот го има следново: Секој од овие чекори бара внимателно разгледување на правните и финансиските последици, па затоа се препорачува да се консултирате со правен советник или даночен експерт за да се осигурате дека ќе ги преземете најдобрите можни мерки за вашата ситуација. Мислам со ова се оградуваат инаку и секој адвокат ако ти го изгуби случајот на суд зар тој ке понесе некаква одговорност ?
 
Адвокат може да одговара ако испушти рок за одредено дејствие пред суд (пример рок за жалба, рок за поднесување на противтужба ако странката барала такво нешто, ако не се јави на рочиште итн.) и ако нема објективна причина за тоа, на пример ако адвокатот доживее сообраќајна незгода и не се јави на рочиште, или се разболи и лежи во болница и заради тоа не поднесе жалба итн., тогаш не одговара т.е. не сноси вина, и тоа се решава со барање до судот за враќање во поранешна состојба на постапката пред испуштање на рокот и судот ги прифаќа тие барања ако навистина се оправдани.
Адвокат не одговара за изгубен предмет односно за тоа како ќе одлучи судијата, но пак судијата одговара ако пристрасно судел или нестручно судел, со други зборови граѓаните треба да знаат дека судиите не се ,,бели мечки" и ако се види дека судијата е пристрасен слободно се пушта пријава до судски совет но може независно да се тужи судијата во граѓанска постапка за надомест на штета, иако делува sci-fi, ако се оди до крај до Стразбур се добива, проблемот е што во Македонија правдата е бавна но на крај се доаѓа до правда, прашање е колку се граѓаните спремни да одат до крај во правната битка за правда? :)
 
Да тоа е sci-fi во нашето судство јас на зборам за адвокатот поради оправдани причини не поднел жалба доказ или сл. зборам дека секогаш се обидуваат да ги зголемат бројот на судења за да земат поголема награда и сл. исто така доколку згреши во однос на поднесена тужба со погрешен член од законот и секогаш се вадат ама ке го оспориме на повиок суд .
 
За колку судења ќе има зависи исклучиво од судијата, тука ниту тужителот ниту тужениот не можат да влијаат.
За ,,погрешни" членови од закон не може да одговара затоа што законски адвокатот е независен во тоа како ќе го постави случајот (одбраната), понекогаш треба да се презентира различна фактичка состојба за да се успее, таман работа адвокатот да каже мојот клиент навистина го изврши делото (кражбата или штетата) секогаш странката е ,,невина" и затоа сè што е дозволено се прави за да се успее во предметот. :)
 
Не се согласувам со тебе дека зависи од судијата , незнам дали ја знаеш прикаската за синот на адвокатот каде синот му вели татко јас сум поуспешен адвокат од тебе предметот го решив со едно судење на тоа таткото му враќа е синко мој јас со тој предмет тебе те изучив има и чесни адвокати но тие се бројат на прсти а секој адвокат те гледа како банккомат од кој само ќе вади пари
 
Се согласувам со тебе дека има колеги заради кои народот ни нема доверба, особено колеги кои се нафаќаат за предмети, за правна материја која не ја работат, само за да земат пари од странки, и верувај ми се гади од таквите колеги.
 
Довербата во судството од едноцифрена бројка во процент, доволно кажува дека оваа апликација е безкорисна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom