Летна Параолимпијада - Париз 2024

  • Креатор на темата Креатор на темата Steff58
  • Време на започнување Време на започнување

Steff58

Човекојадец
Член од
22 мај 2024
Мислења
166
Поени од реакции
125
Летните параолимписки игри 2024 во Париз 2024 се 17-ти Летни параолимписки игри и претстоен меѓународен мултиспортски параспортски настан управуван од Меѓународниот Параолимписки комитет, кој ќе се одржи во Париз, Франција, од 28 август до 8 септември 2024 година. Овие игри го означуваат првиот пат Париз да биде домаќин на Параолимпијадата во својата историја и вторпат Франција да биде домаќин на Параолимписките игри после Зимските параолимписки игри 1992 година.
Официјалниот календар:
SCHEDULE-PARA-EN.png

Македонија има само еден претставник односно претставничката Оливера Наковска-Бикова во стрелаштво која на игрите во Лондон 2012 освои злато.
49-годишната параолимпијка од Битола ќе настапува без лева рака.

Македонија за сега има едно сребро, освоено 2004 во Атина од Ванчо Каранфилов и злато во Лондон 2012 од годинашната претставничка.

Од соседите, Босна и Херцеговина изненадува со 14 спортисти кој е многу подобар пласман од олимписките пред некоја недела, Бугарија има 3, Хрватска 22, Грција 37, Косово само 1, Црна Гора 4, Србија 23 и Словенија 14.

Кои од параспортовите ги следите и дали очекувате подобра церемонија утре вечер?
 
Прегледај го приврзокот 427684

Македонија има злато уште во Барселона 1992 кај Бранимир Јовановски со ваздушен пиштол, мислам дека тој имал неколку злата 92,96,00 ама не сум сигурен, за Барселона параолимписки знам дека победил.
 
Бранимир Јовановски 1992 се натпреварува и освојува злато под независно знаме, тогаш Македонија се уште немала параолимписки комитет, а 1996 и 2000 немаме земено злато.
 
Жално што никој не коментира за ова (не тука, туку општо, како да не се случува)

Денеска Бикова заврши на 8 место во дисциплината П2-Воздушен пиштол-жени 10м (во квалификациската рунда беше 6 место)

Следен настап: 02.09.2024 и квалификациите на дисциплината П3- Спорт пиштол 25м.

Воедно...видовте дека рандом французин што работи на игриве ни бил знамоносец пошто то е, нема луѓе?
Комедии бе...
Не дека ме чуди, ама срамота е
Автоматски споено мислење:

Награден е Бранимир претпоставувам од земјава за златото иако технички е освоено како 'независен' натпреварувач?
 
Нвистина жално, никој од медиумиве не ни спомнаа за игрите. А и ние гледачиве нема каде да гледаме, никоја тв не ги дава, а на јутуб пишува дека не е достапно за нашата земја.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom