...како така да нема тема за гратчето Делчево, ајде да почнеме со Матурантите од Делчево со нивното матурантското дефиле низ градот дотерани во свечана облека!
Д Е Л Ч Е В О - град, преименуван во чест на македонскиот народен херој Гоце Делчев!
„... за прв пат како населба денешното гратче Делчево се споменувало под името Царево Село во една повелба на цар Душан од 1347-1350 година кога му подарил земјиште и ниви од Пијанец на Лесновскиот манастир.
... со доаѓањето на Отоманска империја на овие простори (турско) време денешното гратче Делчево се викало Султанија (по турски), од порано византиско време како Василево (βασιλιά) по грчки или на македонски - Царево Село.
...во 17-ти век населбата лежела на десната страна на Брегалница под ридот Острец на денешно место Селиште блиску до патот што води за Бугарија, во тоа отоманско време престојувал султанот Мехмед IV кој извршил масовно потурчување на тамошното население преместувајќи ја населбата на левата страна на Брегалница каде ја изградил џамија во 17ти век .
... Царево Село било веќе муслиманско село со стотина куќи околу џамијата со минаре.
... до 19-ти век денешното гратче Делчево била турска колонија, село населено со извесен број на чистокрвни турци и голем дел на потурчено население, наречено „Помаци“, кои не го знаеле турскиот јазик, а само неколку фамилии биле македонски.
...во 19-ти век започнала да се развива чаршијата и да расте населбата, а воедно и да се зголемува бројот на македонско население, во 1863 година во Делчево имало 75, а во 1873 година 109 македонски куќи, а во 1856 година била завршена изградбата на црквата околу која главно било населено македонското население кое бегало од турските зулуми во околните села, но поголемо иселување на македонското население настанало, поради (отомански) турскиот притисок, во ослободена Бугарија во 1878 година и во тоа време имало и поголемо населување на турско население од Бугарија, па дури и од Босна и Херцеговина.
... придојденото турско население, биле наречени “Маџири” кои се населиле во Маџирско маало, денешен III-ти реон на градот Делчево.
... во 1914 година имало 1.701 жител, во 1931 година 3.746 жители, еден дел од турското население доброволно се иселиле во Турција, а во 1935 година започнале да се градат првите куќи на десната страна од Брегалница.
... првите цивилни лекари во Царево село биле руски емигранти, кои побегнале од таму по Октомвриската револуција, во 1920 година цивилен лекар во Царево село бил д-р Полканов, од Берово доаѓал и д-р Шантаров, во 1940 година тука работел и босански д-р Чалиќ познат по хуманоста, зашто знаел да јавне на коњ и да отиде дури до Саса ако треба да пружи здравствена помош, а на најсиромашните им давал и лекови без пари.
oсумнаесетти април 1933-та година….Драмче, Царево село, Пијанец, Македонија, нападната била полициската станица во ова Пијанечко село, на едната страна припадници на српската жандармерија, а на другата челниците од последната Пијанечка чета на комити која делувала на овој терен - војводата Дончо Христов, роден во село Драгобраште (денешна Општина Кочани), нападот на полициската станица бил директно испровоциран од страна на разбојнички акции и репресалии превземани од тогашните српски власти врз македонското селско население во регионот на Пијанец-Малеш, подолг период наназад и директен одговор на ВМРО за заштита на сопствениот народ.
... по ликвидацијата на деветмина српски жандарми четата била опколена од страна на засилени српски жандармиски сили од околните места и во нерамна борба погинуваат последните вооружани горостаси на тогашната Внатрешно-македонска револуционерна организација во регионот на Пијанец, дел од убиените комити, биле поставувани на видни места од страна на српските окупаторски власти, за народот да ги гледа мртвите тела на комитите и да се плаши од можните реперкусии за било каков нареден вооружен отпор.
... нерамноправната битка завршила кобно за Дончо Христов, Јангел Симеонов (роден 1892 во тогашното Царево село-денес Делчево), Митко Паликрушов (роден во Виница), Стојан Георгиев (роден 1898 година во село Драгобраште-Кочанско) и Васил Николов (роден 1895 година во село Кучичино-денешна Бугарија), но истовремено оваа битка била кобна и за уште 20-тина српски жандарми и 40-тина повредени од страна на српската власт, за да на крај завршат на собориштето кај манастирот Св. Богородица Балаклија каде се одвивал надалеку познатиот собор посветен на празникот Источен (црн) петок Балаклија, како воен трофеј и успех на тогашната српска власт во сузбивањето на македонското револуционерно движење.
... од тука телата биле земени од страна на свештени лица и погребани во дворот на централната црква на тогашното Царево село, каде денеска стои спомен плоча на која се испишани имињата на загинатите комити под осумнаесеткракото сонце исклесано во камен над жуборливата фонтана изградена во знак на нивно сеќавање и почит.
... во 1935 година започнале да се градат првите куќи на десната страна од Брегалница, а населението го лечеле воени лекари кои го лечеле и населението како д-р Петалов и д-р Царевиќ, па и д-р Тренчев Коста од Серес, а за прв лекар од Царево село кој работел тука бил Никола Петров – Никица.
...во Царево село прв отворил аптека Анте Свалина, по потекло од Задар кој бил прво воен аптекар во Штип, по 1941 година аптеката ја превзел д-р Тренчев, а во неа работел Васил Ѓоргов од Велес.
... стоматологијата (забоздравствената заштита) била на многу ниско ниво, заби ваделе Чимевите и некои турци и тоа клештите со кои ги ваделе забите ги нагорувале во оган и така им правеле дезинфекција, а од 30-те години во летниот период доаѓале на пракса дентисти, кои вршеле и поправка на заби, но вистинска здавствена заштита на забите започнала по ослободувањето, кога со сопствени кадри.
...а по Втората Светска Војна, на 23 април 1950 година, Президиумот на Народното собрание на НР Македонија ја донела одлуката да Царево Село се преименува во Делчево, во чест на Гоце Делчев.“
...денес Делчево,гратче со своја историја, јас не ја знаев, сега ја научив!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.