Најдобар пат од средна Македонија до Софија? Паркинг близу аеродромот?

  • Креатор на темата Креатор на темата paraglajder
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.843
Поени од реакции
1.636
Ќе тргнувам од Кавадарци.

Планирам да летам од Софискиот аеродром, па треба некаде колата да ја паркирам десетина дена.
Доколку некој може да сподели искуство:

1. ПАТ: Дали е најдобар патот за возење преку граничен премин Делчево, Ново Село (долу кај Струмица) или Крива Паланка?

2. ПАРКИНГ: Слушнав за Ibis Sofia Airport Hotel и гледам дека е на 2км од аеродромот. Има превоз од Ибис до аеродромот?
Ако некој знае за други опции во врска со паркинг, споделете ве молам.

Благодарам однапред!
Автоматски споено мислење:

За паркинг го најдов овој сајт, па ваљда да се водам по тоа?
 
Последно уредено:
Сега бргу бев од Велес преку Делчево , океј е патот околу 4 саата скоро со пауза.

За паркинг https://sofia-airport.eu/en/at-the-airport/parking/ во Терминал 2 , 5 дена 45 евра мислам беше. Одма под терминалот , и имаш лифтови право до шалтерите. Онлине платив и автоматски ја препозна регистрацијата за влез и излез. Немаше никакви проблеми со колата. Поздрав
 
Преку Делчево ти е најкратко и најлогично. Патот е тесен и кривулест само на потегот Кочани - граница - Благоевград, се друго е или автопат или експресниот пат Велес - Штип - Кочани. Струмица ти е ептен јужно, многу вртење доаѓа, а за да стигнеш преку Деве Баир треба да поминуваш низ исто крив и тесен пат, со нешто повеќе села и градови кои не можеш да ги заобиколиш, и плус подалеку ти е за одење од Кавадарци.
 
Се согласувам за Делчево. Ако идеш преку Струмица ќе чекаш редици на Кресна, а преку Деве Баир е копаница. Идеш преку Делчево, вртиш кај Благоевград и идеш на аутопут. А да, има и паркинг на аеродромот, нема потреба по хотели.
 
Од кој терминал леташ? Го имам користено овој паркинг неколку пати, супер е:

До терминал 1, пешки за 5 минути си, до терминал 2 не можеш пешки, но имаат транспорт (5 лева во 1 правец).
 
Од кој терминал леташ? Го имам користено овој паркинг неколку пати, супер е:

До терминал 1, пешки за 5 минути си, до терминал 2 не можеш пешки, но имаат транспорт (5 лева во 1 правец).

Резервирав веќе на Park & Fly. Убава цена (105 лева за 11 дена) и бесплатен превоз (1.4 км) до Терминал 1. На враќање им звониш и бесплатно те зимат од аеродромот.

Поделени мислења има за Струмица и Делчево така да изгледа не е голема разлика. Така да штом имам ризик од чекање на граница од Струмица ќе го фаќам Делчево и тоа е тоа...

Ви благодарам на сите на одговорите!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom