Со 0 реклама и јасен бојкот кој го имаат луѓето кон управата. И поголема беше бројката, сигурно едно 5000 гледачи имаше.
Да беше утакмицата во време на Комити кога го водеа клубот, барем едно дупло повеќе луѓе ќе имаше. Ќе беше фешти цела недела.
Нашата трибина и вака беше топ пополнета, доста фаци од мои генерации што се иселени имаше на трибината.
Би пишувал на долго и широко, ама секако нема потреба.
Едно ќе остане запаметено, единствена група (поточна оваа генерација која е активна во групата во последни 10+ години) која не прифати наместен куп, додека во минатото многу групи со гордост славеле местени титули во куповите (меѓу кои и една сосема друга генерација Комити во 2007 година). Веќе по којзнае кој пат одиме контра управи, а клубот е во добра финансиска состојба, затоа што јавно искажуваме незадоволство за работи кои практично се случуваат во сите клубови.
За разлика од нас, пола групи ги нема нигде, кога ќе влезе финансиска инјекција, одма се најјаки на цел свет, се враќаат на трибина итн.