Совети околу мотоцикли

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.244
Поени од реакции
12.432
Возев околу 90 км/ч, и наеднаш слушнав чуден звук, како да се искршија метални делови под моторот. Застанав, моторот работеше, ама излезен од брзина. Го изгаснав, станав и гледам дека ланецот ми излегол. Се јавив кај механичарот, ми рече дека не е ништо страшно ни чудно, само да го качам на камион и да го донесам кај него, за да го отвори ланецот и да го стави назад.

Бидејќи бев 20 км далеку на автопат, седнав, тегни влечи и една финта (научена на стар бе-ем-икс точак) го ставив долниот дел на звездата до половина, го држев нагоре и пуштив нанапред целиот мотор и синџирот се врати како што беше. Се вратив назад без никакви проблеми и утре го посетувам механичарот.

Некој да ми даде совет зошто ми се случи ова, преширок синџир треба да го кратам или?
 
Најверојатно е дека ланецот е истегнат доколку се работи за постар мотор.Препорачливо е на одредено време да се менуваат звездите и ланецот кај секој поголем мотор,токму ради ваквите случки.
 
возев томовче арно ама последно заборавив да му ставам масло, да направам мешавина со бензинот, и одеднаш изгасна, и се укочи ногалката за палење... ќеда е зарибан... е сеа од прилика колку би коштало поправка? ај некој со слично искуство...
 
Возев на подалечна релација од градот со еден другар со 50 ц скутер и на сред пат се скина каишот моторот пали ама даваш гас не оде колку пари коште еден каиш?
 
Еве јас што би ти рекол. И мене така ми се дешаваше неколку пати, дури и ланецот се имаше кинето. Според мене ланецот може да падне само доколку е многу лабав. Пишува во проспект колку треба да се затегни (на мојот пишуваше од 10-12мм да има од нагоре надолу). Значи не е ништо страшно, само провери го колку е затегнат. Ако го возиш пак така можно е повторно да испадне.

А ѕвездата и ланецот се потрошен матерјал. Ако е ланецот истегнат треба да се замени, во спротивно почнува и оштетување на ѕвездата.
 
Ајде и за тебе.... Вака. Колку е возена машината без масло? Ако не е многу, може ке биди во некаква возна состојба (ке оди помалку) само со отварање и подмачкување на деловите и пак затварање со старите (некако не е препорачливо). Ако е оштетен цилиндатрот (што е многу вероватно) ке ти треба нов клип, и бушење на цилиндарот. Се на се би те коштало некои 1500-2000 денари максимум. Ова второто ти го препорачувам бидејки добиваш нова машинерија. Значи еднаш треба да го растуриш, да го проценат колку е оштетен, каков клип да ставиш. (сметај ако е премногу оштетен ке треба или хилзна или нов цилиндар што е додатен трошок). Па сега понатаму е твое... Ако нешто заборавив... прашувај!
 
знам дека не ја погодив темава, ама сепак сигурно има некој со искуство како моево..
возев томофче, ама заборавив да му ставам масло во бензинот, и одеднаш изгасна и после не можев да го запалам со таа ногалката бидејќи се укочи... е сеа знам дека е зарибан, но ме интересира колку од прилика ќе кошта да се поправи? дајте некој совет за поефтини делови.. фала однапред..
-Ако имаш к`смет, ќе поминеш „само“ со менување клип, цилиндар и карики. Распрашај се на авто-пазар колку ќе кошта или во некоја од продавниците што држат делови за Томос. Не би требало да фати пшовеќе од 100-тина евра за делови според моја проценка.
 
Пак за ланецов...

Бидејќи е целиот премногу измастен, гнасен и што друго не, како би било добро да го исчистам па да го подмачкам пак?
 
Потребен ми е совет и на мене. Ако кумплугот е пропаднат, фали глицерин или има влезено воздух? Чаре?
 
Чекај, не те разбирам. Кумплугот кога го притискаш едноставно не се враќа назад ниту оди накај тебе, така?
 
Не верувам дека има нешто врска со глицеринот или воздух. Рачката од кумплугот е поврзана со ламелата со сајла, провери ја нејзе.

А кога тргнуваш, има разлика?
 
Па мислам дека нема сајла, хидраулика е, али да не лупетам, нека каже некој поискусен.
Не успеав да го запалам, акомулаторот му беше празен пошто не е запален цела година. Го зедов акумулаторот вечерва да го наполнам.
 
Потребен ми е совет и на мене. Ако кумплугот е пропаднат, фали глицерин или има влезено воздух? Чаре?
Вака... Глицерин дали фали се гледа на едно како џамче на резервоарчето. Има и обележано min ниво под кое не смее да падне течноста.
Провери дали фали глицерин т.е. дали резервоарчето е комплетно празно. Ако има малку глицерин нема примено водух. Само дотури глицерин и терај.
Ако резервоарчето е суво барут... Наполни го со глицерин и гледај дали ке излезат “меурчиња“ т.е. навлегува глицеринот по цевките и го истиснува воздухот. Барај ја цевката или цревото од горе каде влегува во машината. Таму некаде треба да има штраф кој е пробушен во внатрешноста т.е. служи за да се пушта воздухот (ако е понов моторот најчесто е покриен со гумичка за да не му влегува ѓубре во каналите). Само отвори го и чекај да протече глицерин. Кога ке протече стегни го и толку. Не е некој комплициран процес.
А не си кажал што машинче имаш? А гледам и дека не си сигурен дали кунплугот е хидрауличен?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom