a pos
da sme zdravi i zivi ke si porasnat kako i sto dolikuva za naseto opsestvo
Се надевам дека нема да биде како ликовите од едно познато дело на Виктор Иго.
Жално на кого сѐ Господ дава деца.
Не сум против оваа иницијатива, напротив, не мора да биде оформено во законска одлука, туку заедничка грижа за детето треба да биде нешто нормално и очекувано. Ама истите тие родители да бидат надгледувани и при забележано запоставување да се одземе старателство од родителот којшто запоставува. Овдека има голема свесност за тоа. Разведени родители учествуваат буквално во секој момент. Голем дел де.
Камо таа среќа голем дел од татковциве да се побудени од вистинска желба за грижа за детето, а не како финта аман аман да не ја плаќаат големата алиментација со којашто денес не можеш ни двапати во Кам да влезеш. Ама, откако се преселив, увидов колку негрижливи родители имаме во Мк. Тука многу гледам разведени родители коишто за детето заедно учествуваат ако има лекарски преглед, приредба, каква било состојба којашто го засега детето, скоро секогаш двата родители се присутни. И тоа не сите се цивилизирано разведени, но тема на разговор е детето, одма се менува ситуација. Кај нас колку родители некои од нив сѐ уште во брак има што не знаат кој му е класен на детето, која крвна група е и слично. И она познатото, жената се пораѓа мажот влегува у постпартум депресија не се врти дома, колку такви случаи има. Колку неразведени па, изгурале родителски стаж со
мајка ти прашај ја она ги знае тие работи. Такви нека плаќаат барем, греота на небиднинава. Дете ти е тоа, дете. Санкир мајката ботокс ќе направи со таа алиментација, убави детски патики ако се најдат шуќур. И мислам дека крајно време е државата малку повеќе поддршка на самохраните родители, било тоа да е мајка или татко, оти од да не пркне козата на комшијата менталитет, ќе се изедеме.
Еден у Мк имаше шо работел непријавен а во социјално тражел да не дава алиментација дека невработен... колку па такви ги има, да му отидеш со инспекција таму и доживотно да му одземеш старателство. Којзнае колку такви има. И обесправени татковци познавам. Мајката буквално си живее живот а децата ги користи за манипулација само а он ги чува. Не е работа мајка или татко, ама кај нас општествено закоравени моменти имаме и поради тоа одредени обврски како непишано правило се очекувани да бидат на товар на мајката. Значи на ангажираните родители да се даде старателство. Наместо онаа од уста вадам на дете да дадам, бива од уста на детето вадам на кафана/кладилница да дадам. Тоа не бива.